Шокиран бев кога ја прочитав веста за неговата смрт, исклучително млад 46 години Огромна загуба за неговото семејство, за Холивуд, за сите љубители на добриот филм и најважното добрата, квалитетна глума која ја демонстрираше неизмерно, постојано, континуирано на филмското платно, воодушевуваше со својот талент кој го поседуваше во огромна количина, со перформанси кои ќе останат трајно врежани во аналите на кинематографијата, во меморијата на гледачите - поклониците на добриот филм. Зошто заврши, згасна животот на еден од најголемите таленти - глумци во филмската индустрија? им ја скрати можноста на сите да те гледаат во улоги каде ќе доаѓаше се повеќе и повеќе до израз твојот талент, исклучителни актерски перформанси и безброј номинации за оскар и добиени оскари. Го сметав за еден од најголемите, најдобрите актери моментално во филмската индустрија, тоа го потврди со неговите неповторливи, феноменални перформанси, со улогите во филмовите Capote (2005) за кој и го освои оскарот за најдобар актер, потоа номинациите за оскар за споредна машка улога во филмовите Charlie Wilson's War (2007), Doubt (200 - за овој филм заслужено требаше да го добие оскарот за извонредната - бриљантна улога играјќи покрај исклучителната Мерил Стрип на која и парираше подеднакво квалитетно во изведбата дури и за нијанса беше подобар од неа, The Master (2012) - ова му беше последна номинација за оскар во филм на маестралниот Пол Томас Андерсон играјќи покрај феноменалната Ејми Адамс со која заедно играа и во филмот Сомнеж на Џон Патрик Шенли. Холивуд загуби голем човек, актер пред кој предстоеше блескава кариера за кој сум сигурен, убеден дека ќе беше исполнета со огромен број номинации и оскари кои ги заслужи овој исклучителен талент, маестро на својот занает - Филип Сејмор Хофман. Нека му е лесна земја Почивај во мир