Ги користам речиси сите продукти, најубав е body cream дефинитивно. Маслото за коса го купив откако го пробав како тестер на лице место и можам да кажам дека е преубаво како за прв впечаток. Спрејот за под пазуви е супер исто така,остава бели траги на црна облека. Додека пак гелот за туширање има специфичен мирис кој се задржува во комбинација со кремата за тело подолго трае.
@Katie90 Од каде ги купуваш производите на Rituals? Освен ако не е во странство зошто во МК ги утепав барајќи
Искуства со некој од регенераторите на ритуалс? Не сум користела до сега па дали ќе ми ја оправат косата премногу ми е сува а што не ставам и дали трае мирисот?
Баш мислев да отворам тема за Ритуалс, ама пребарав прво гледам имало. Прв пат во 2021 год добив подарок rituals of sakura пена и гел за туширање. Убави ми беа, но не се заангажирав да си купам пак. Лани од виафарм порачав сет 950 ден. Кога стигна, помало кутивче немав видено. Кремче за раце колку палецот и спрејче за тело/коса како малото прсте. На слика изгледаа поголеми . Rituals of karma беа. Сега си ветив дека од следна плата се частам крема за тело и уште еден спреј. Предложете убаво кое мириса ? Мислам дека нема да најдам тестери.
Леле и мене ме интересира за Rituals многу ама гледам слабо се пишува во темава..Јас влегов во една продавница пред скоро и се мирисаше прекрасно,имаше тестери..цените дури и поефтини во споредба со Lush ете на пример така ми се видоаСо план сум да земам некој производ ама и јас неможам да се одлучам кој некако се мирисаше прекрасно
https://fragrance.mk/p/rituals-the-...dHbdNAdEEJxNRHYMV3tbRXJWHP4nahGIVTeAfa-RGfZSD Јас го имав овој од странство купен, преубав е, и оставаше таков некој специфичен мирис после бањање преубаво мирисаше. Исто голем плус ми е што ептен пени додека се бањаш. Едит: јас сеа гледам дека бараш крема за тело, јас ти пратив гел за туширање Не е на одмет може ќе се решиш и за гел.
Каде имаше тестери ? Низ Скопје се живо пребарав.. Шатци немаа, Космо како пред затварање ми изгледаше. Онлајн има во некои аптеки. Виафарм ама слаб избор. Сеа оти се тоа куцам, ми излезе некоја аптека онлајн Елена Фарм таму има повеќе избор, ама сакам и тестер да пробам прво.. искрено, сакам се ... но толку пари за гел за туширање ми е бесмислено. А кремот ќе мириса и ќе ми ја омекне кожата.
Ама јас не сум во Мк..инаку цела продавница најдов на ритуалс и многу ме привлече, влегов внатре незнаев што побрзо да мириснам се мирисаше преубаво немам збор
Јас ништо не сум купила до сега. Овие дена баш ќе одам до продавницата и ќе споделам што ќе ме бендиса,особено сакам спреј за тело
Не се нешто трајни. Ама мириса прекрасно овој Карма што го имам. Свеж е. Ама не цитрусен. Види те молам виолетовата амбалажа заборавив како се вика и сините Hammam дали се интензивни.