Mehr (по ново) колекцијата ми е мене најубава, појака е, можда повеќе е зимска ама јас само таа ја купувам. Пошто ретко ја наоѓам во наша околина каде што патуваме земам други, ама ако имам избор прв ми е на список мехр
Си добив подарок вчера. Амстердам колекција. Мала травел верзија, ама за подарок не се бира ниту смеам да се жалам. Убаво мириса, очајно мала трајност ама луксузно чувство.
Денес бев конечно до продавницата на rituals и искрено од виолетовите прснав спреј за тело и коса.На прво убаво мириса а потоа некако тешко повеќе како зимски парфем се прснав кај 18, сега е 22 сеуште ми трае и мириса на рака, некако како многу ноти да се сменија на парфемов не дека не ме бендиса ама нз не е мој типа од hammam најдов само масло за тело во кафеава амбалажа беше и ок мирисаше на чисто ама не траеше многу дали еден сат.. е овој подолу на сликата многу ме бендиса Штета што од дома бев испрскана со парфем и намачкана со миризливо масло и многу мириси ми дојдоја.