Спојлер Претпоставката точна ми испадна. Пошокантно ќе беше ако испаднеше Шерил ама и вака е ептен зезнато. Мислам до кој степен треба да си пореметен да си го убиеш детето ладнокрвно и тоа зашто не сакал да се замеша во семејниот бизнис, што сепак не излезе дека се работи само за сируп туку дрога. Како најшокантно цела епизода ми излезе откритието дека детето е плод на инцест и дека фамилија Купер е уствари фамилија Бласам, па уште кога рече трети братучеди биле, нема врска. Мислам дека Шерил знаеше дека нејзините родители имаат замешано прсти во убиството, не знам како можат да се толку ладнокрвни. Епизодава стварно беше напната, а како што гледав од промото, наредната ќе биде уште поинтересна. Мислам дека конечно ќе го видиме татко и на Вероника.
Shit. Спојлер Шерил ми остана верна од самиот почеток, не претпоставив дека би пробала да си го одземи животот се до почетокот на оваа епизода кога зборуваше со Вероника и кога му го даде беџот на Џаг. Палењето на куќата и како мајка ѝ лудваше за неа? Прекрасно. Колку олеснета изгледаше. Џаг како дел од змивчињата - мислам дека Бети никогаш нема да се помири со тоа. Ама ми се допаѓа нивната лојалност целосно. Убивањето на едниот од најсимпатичните ликови на крајот на серијата? Не требаше. Мислам можеше да заврши поинаку и да продолжи втора сезона, а не вака. Cliffhanger ... am I right?
“It was the ultimate Cliff-hanger" Спојлер Омилен дел од епизодава ми беше кога Шерил ја запали куќата и нејзиниот израз на лицето, priceless. Океј беше, мислам открија некои работи како тоа дека Поли и Бети имаат и постар брат кој најверојатно ќе се појави во 2 сезона, како што прочитав. Само не ми е јасно зашто Алис ја тераше Поли да ги даде близнаците на посвојување, кога сама кажа колку се кае за нејзината одлука и низ се тоа што поминала. Зарем сака и ќерка и да се кае до крај на животот? Некогаш родителиве ми се навистина несфатени. Бети ама им одржа лекција на сите со говорот, браво. И ептен некако се разнежив кога Џагхед и рече дека ја сака Само сега со овие southside serpents ќе има сигурно драма меѓу нив. И не ми се свиѓаше начинот на кој Арчи ја гледаше Бети, зашто мора во секоја серија да прават драми со љубовни триаголници. Плус се гледа дека Вероника стварно го сака, а со оглед на тоа каков manslut е Арчи ќе заврши со којзнае уште колку. Мислам дека Фред нема да умре, ама дефинитивно не беше само random пукање. Ништо чудно Хермајони и Хајрам да се вмешани во тоа. Иако ќе биде too predictable ама ќе видиме. И 2 сезона ќе има најверојатно 22 епизоди, па се надевам од октомври ќе почне.
Спојлер Арчи ги помина сите, и сега кога Бети е среќна, ќе трча по неа. Само се надевам дека Бети нема да испадне глупава и да го напушти Џагхед (99% ќе раскинат во новата сезона, но би требало поради тоа што тој ќе стане serpent) поради него. 2 сезона е закажана за 11 октомври, а еден од актерите има објавено слика заедно со Лук (Фред). Тоа значи или ќе преживее, или ќе умре, ама им е потребен за сцени при носење во болницата.
Денес ја почнав не со којзнае какви очекувања, како по лајт серија после феминистичкава дистопија што ја гледав, дека сепак и тинејџерска меѓу другото. Ама доста застапена е мистеријата и брзо се одвива дејството, и доста ме навлече, 3 епизоди изгледав Вероника ми е омилен лик и (барем засега ) ми изгледа искрено позитивно променета, а од тој rich bitch attitude баш дрскоста и енергичноста ја задржала за да се бори тука за вистински цели. Џагхед ми е исто многу симпатичен, интелигентен и саркастичен малце чуден тип Околу убиството Бети ми е некако најсомнителна, ама осеќам многу непредвидливи заплети ќе има
Извини вака, не е огромен споилер, ама не е Бети Иако би било интересно таа да беше, јас искрено не се воодушевив и изненадив кога дознав кој е.
Е стварно озбилно ми влезе под кожа серијава еј Доста клишеа и предвидливи моменти има, можеби и не толку блескава глума ама некако ликовите ми се многу добро обработени. Спојлер И јас го сменив мислењето за Бети, малце крипи и сурова ми изгледаше во моментите кога Шерил дојде кај неа дома и кога со Вероника се одмаздуваа на Чак, многу полна со гнев кон Џејсон ради сестра ѝ ми изгледаше, ама со тоа што толку истражува за убиството понатаму се гледа дека не е убиецот. Многу ми се слатки со Џагхед, он ми е врв, баш ко Холден Колфилд како што рече Вероника Арчи физички ми е бомбонче ама женкар ипол бре која ли уште ќе сврти до крај За Поли малце очекувано со бременоста беше. За родителиве на Џејсон и Шерил и на Бети и Поли (посебно Алис) немам зборови, страшно одвратни личности. Само Хермиона, а потоа и Фред после првите епизоди кога почна да го разбира Арчи, се претставени како добри родители, а и како пар ми се супер. Иначе не знам за убиецот ама ги читав теорииве поназад и би била малце разочарана ако стварно отидат во supernatural правец Еј и да, многу ми се допаѓа музиката во серијата, и каверите што ги прават Pussycats и Арчи а и изборот на песните у позадина. Песнава од 5та епизода на крајот што ја пуштија, се заљубив во неа
Спојлер Каков крај на сезоната Кога веќе го открија убиецот, си мислев ќе ги средат работите само и во новата сезона скроз нови настани, ама не. Се надевам ќе го спасат Фред, најдобар лик ми е од возрасните Шерил цела сезона ми беше многу лигава, антипатична и негативен лик ради тоа како се однесуваше со другите во школото, ама последниве епизоди кога почнаа да се откриваат мрачните тајни на нејзините почнав да ја разбирам. Eптен ми беше жал кога се обиде да се самоубие, а многу јака сцена кога ја запали куќата. What a creepy family Не ми беше многу изненадувачки тоа што таткото испадна убиецот, а она со инцестот малце ко шпанска сапуница заплет го направија Бети со Џагхед и Арчи со Вероника ми се баш погодени парови ама во следната сезона којзнае што ќе се случува и колку ќе останат заедно
Никој не почна да ја гледа? Првите две епизоди имаа некако пребрз тек на настаните. Мајка и на Шерил премногу брзо се оправи бе? Од кома жената, следната епизода веќе беше дома, па и гости пречекуваше. Исто и со таткото на Арчи, океј не очекувам цела сезона да беа во болница, ама ова беше пребрзо. А и таткото на Вероника е толку лицемерен, уште на почеток неможам да го сварам ликот. Мене ми изгледа како да нејќе да помогне на ќерка си, туку да биде главен на се. Па и незнам зошто мајка и кажа дека таа го напишала писмото? За да се зближат? Глупости! Океј, на крај пак ке се дознае се. А и тоа со Шерил за судењето за да го ослободат таткото на Џагхед, никако не ми паѓаше на памет дека баш таа лесно ќе биде наговорена на се. Сега нов убиец ке има? И во секоја сезона нови убиства, т.е. убиства на споредните ликови, што не е преголемо OMG во серијата. Сите ја фалат серијата, само мене не ми остава добар впечаток од првата сезона па се до сега?
Мене до сега баш ми се свиѓа, плус тоа што не ги одолговлекуваат работите и брзо се одвива дејството. И ова со убиствава ми е баш интересно, јас и така си обожавам мистерии. Ич не очекував дека некој ќе ја убие Гранди, јас скроз ја заборавив и баш ми дојде како шок. Воопшто немам идеја кој би можел да биде човекот со маската, некако многу ми се рандом убиствава. Прво татко му на Арчи, па Гранди па сега Мус и оваа девојкава. Единствено нешто што ми паѓа на памет е дека е поврзано со оваа дрогава нова што ја дила Реџи. Татко и на Вероника ми има некој godfather vibe, се гледа дека е тежок манипулатор, во право беше Алис, Бети со надеж дека ќе помогне, ги направи работите полоши.
Омилен! Спојлер Иначе и мене ми се допаѓа како врви досега втората сезона. Нови мистерии овојпат со сериски убиец, нова банда наспроти Serpents. Oсеќам дека драмата сега ќе се префрли во семејството на Вероника со враќањето на татко ѝ (кој ми е многу антипатичен, подмолен и извештачен лик), а и мајка ѝ ми е некако сомнителна и помалку симпатична откако он се врати. Од друга страна пак Алис која ми беше иритантна во првата сезона, сега ми е доста разумна и океј Џагхед со Бети и Арчи со Вероника ми се супер парови
Мене серијава 5 минути ми е глупа, 2 добра, 6 глупа, 3 добра и така ... Има многу глупави моменти кои би ги плукала, ама мачно ми е дури да мрачам и ќе кажам дека само конечно фатив страна. Јас сум за Кевин, сите други се глупи. Следен пат ќе кажам се што ми се допаѓа и што не ми се допаѓа од серијава.
Вчера ја завршив првата сезона. Серијава на моменти ептен ме потсетуваше на Gossip Girl, B(Би) V(Ви), надимациве од таму се. Плус приказната со родителиве на Арчи и Вероника, ептен позната. Најдобра глума од сите мислам дека има Џагхед, баш добро го доловува секој детаљ. Шерил и Џејсон ми оставија исто така ептен голем впечаток. Мислам дека се најпогодени брат и сестра од сите серии што ги имам досега гледано. И двајцата имаат нешто специфично во нив. Почетокот на серијава ептен ме привлече, потоа средината беше тапа, на крај она врело, врело и кога треба да пукне, доаѓа сосема млако. Да ја гледав серијава кога излезе, реално немало со нетрпение да ја чекам втората сезона. Причината за која татково го уби Џејсон ми беше сосема meh. Очекував повеќе. Но, сè на сè не беше лоша. Има некои ситници кои ја прават целата серија интересна за гледање. Им завидувам за школскиот живот кој го имаат. Бар еден процент да ми беше интересно во школо, ко што им е на нив. Втората сезона ќе ја почнам кога ќе излезе цела, вака една епизода на недела дена не можам.
Читам многу теории дека Alice стои позади The Black Hood, и дека the black hood е татко и на Betty. Исто така викаат дека можно е да е serpent-от тој со брадата и со косата. Што мислите вие, кој може да биде?
Родителите на Бети и претходнта сезона беа "осомничени" Јас иначе сите ги гледм во очите, за секој случај. Од таму, мислам дека не се нејзините родители. Не би се обиделе да се заканат со животот на Поли. Не е очигледно Фред, ама не можи да бидат ни родителите на Вероника поради причината на Блек Худ. Моите очи се на Келер, ама секогаш имал добри намери, па ... Кој знај, можеби и предобри. Така да, кој и да е ќе се кажи на крајо.
Луѓе не читам погоре што сте пишале да го изгледам па да ви се приклучам во коментарите.Се читаме од коа ќе изгледам
Јас пак прееска прочитав споредба со Pretty little liars (заради новиов убиец во вторава сезона), ама ја немам гледано и ич не сум запознаена со таа серија Иначе и мене серијава ми е guilty pleasure, со најпозната приказна и најмногу клишеа од сите што ги гледам моментално, ама сепак ми е интересна со мистериозниот крими дел од приказната