Прва сезона беше океј, ама оваа вторава немам зборови.. толку лошо глумат и колку само се гледа дека се е извештачено. Не знам некако ич не ми се свиѓа оваа сезона. Инаку за убиецот читав теории дека е оној шерифот-полицаецот кој го води случајот, па и ја мислам така слични очи имаат со убиецот :/
Што се случи со последнава епизода?! Спојлер: Шерил МАЊАК?! СЕРИОЗНО?! Како тоа не е чистачот? Или ептен очигледно е, дај да смениме? Работите ако не се сакаат да се очигледни тогаш нека ги скријат, ама нека не прават вакви дури и глупи да речам, пресврти. Можеби Шерил оди во два правци, и да, е малку налудничава, и да, даваше вајбс дека има инцест со брат ѝ иако тоа беше негирано, но нејзините чувства можеби д а беа поинакви, ама ова е премногу. Сериозно? Не ми се допаѓа правецот на кој се движи серијава. Од една страна сфаќам Шерил да се приврзи за некој кој ќе ја спаси, ќе ѝ понуди помош и пријателство (Џејсон, Арчи, Вероника и Џоси), така беше и со Арчи, ама ова е веќе над сите граници. Џоси буквално се плаши за својот живот. Спојлер: Џаг Глуп е. Многу е глуп. Преглуп е. Колку што е убав толку е глуп. Гулис се долу, татко му е в затвор и кажа да не верува на адвокатката. И место да крени телефон кај Келер и да праша за татко му, он оди и прави како што таа сака. Е арно му се прави сега што ѝ е под рака и ќе има контрола со него како што таа сака. Се разочарав. Спојлер: КЕЛЕР Афера имал тој. Ха. И кој друг ќе биди? Исто важи како мањакот на Џоси. Ако продолжи серијава вака ќе стани нова Pretty Little Liars и тоа не е добар правец. Не велам дека очигледно е убаво, ама е ужасно се очигледно да се изнегира и да се стави нешто што би требало да се најди под микроскоп. Нешто да е очигледно и да се негира зошто е очигледно и на крај да испадни тоа е најслатко. Јас до крај ќе се надевам дека Келер е Блек Худ зошто има се што треба, па дури и моралнос--- упс, го изгуби и тоа епизодава. Повлекувам. Прв пат имав епизода цела да навивам за Бети. Само она ме разбираше цела епизода.
Дали ја гледавте новата епизода?Мислите дека тој беше the black hood? Или пак the black hood го има натерано да го направи тоа? Или сега едноставно Betty ќе биде the black hood заради последната сцена?
Јас мислам дека го убија грешниот чоек. А ако го убија точниот чоек тогаш Бети ќе побудали во другата половина од сезоната. @S_997 епизоди претходно тој ја натера неа да ја облечи црната маска, ѝ ја имаше оставено во една куќа. Можи да ја има од тогаш. Ама, се ова што се случи можи да значи дека понатаму можи да скршни од патот.
И јас мислам дека го убија погрешниот човек. Не е можно у една сезона толку брзо и лесно да го најдат убиецот. Можно да е шерифот Келер или па некој друг.
Добро кога ќе искочи нова епизода?Јас сум до 9тата од 2ра сезона.Ако е искочена негде 10тата пратете линк.
Не знам зошто ја гледам се уште серијава, вторава сезона е толку лоша, трагикомично е. Спојлер Крајот на минатата епизода коа му дојде на Арчи мајка и на Вероника и му рече дека она се наместила, дека нивни е ФБИ агентот не можеееев да се совземам од смеење. Каква глупост
Уште кога дојде агентот јас мислев дека е чоек на Хајрам, ама не... дур дојди маж ѝ, женава арна беше и тој дојде и ќе речиш ај можи тој не чини зошто изгледа како нов чоек да ја пиши ... Ама нее та е та лошата за цело време.
Во глобала ок ми е серијава, ама не им чини тоа што многу нови настани трупаат. Секоја епизода се случува нешто ново, а не се разјаснува убаво тоа претходното. Имам чувство дека на крај, во 1 епизода ќе откријат се, колку да се рече дека се разрешени мистерииве, и безврска ќе испадне, каша попара. Ми се допаѓа малку мистерија да има, и постојано нешто интересно да се случува, да се задржи внимание; ама не вака само да се натрупуваат неповрзани работи.. Ај можеби следниве епизоди ќе бидат поразјаснувачки
Спојлер Ако некој ја има догледано втора сезона ако може да ми појасни што е фората со двајца Black Hoods што имаше?Дали Tall guy е оригиналниот BH или таткото на Бети? Никако не ми одеше споредбата на очите што ги памтеше Арчи со очите на Хал. Плус кога BH пак го нападна таткото на Арчи му се гледаше во очите дека тој е истиот од Попс, а Хал беше дома.
Спојлер Тал Бој беше платен да пука тогаш на дебатата, и зошто блек худ беше веќе на нишан искористи црна маска. Вистинскиот блек худ е Хал. Дур и Хал рече дека не пукаше на дебатата, а се друго призна.
Ја не знам зошто, ама заглавив на средина од прва сезона и толку... Три пати давам шанса, никако да продолжам. Некако не ми се свиѓа Дали е поинтересна понатаму, да давам шанса или се е исто како во првите 15 епизоди?
Јас пак заглавив на средина на втора сезона и не можам да се натерам да продолжам темата на серија е предобра ама во првата сезона и половина на втора колку што гледав, глумеа навистина катастрофс глумците. Не знам ко fake изгледаше навистина и не ми го доловуваа моментот што требаше да се прикаже, површински беше. Не знам можеби се поправени после, ама тоа е мое мислење за глумците до таму кај што гледав
Серијата не е WOW, watchable е ама не е нешто шо те остава да сакаш уште. Барем во мој случај. Прва сезона, према мене, е далеку поинтересна од втора. Према мене втора е доста отупена, можеа подобро. Ама па од друга страна, серијата не е ни лоша ама му треба огромна доработка.