Јас не знам зошто уште гледам, ама гледам. Третава сезона врв на глупоќа. Мислам дека само ради Jughead се залажувам да гледам, ама се фаќам колку ме нервира серијава и колку ролам со очите на сцените.
Јас сум при крај на 2 сезона . Многу чудна серија,ама не можам да престанам да ја гледам. Многу неповрзани работи ...
И јас нз зошто ја гледам третата сезона е за никаде дури новата епизода од 3та сезона не можев ни да ја догледам од што ми беше заникаде, ја оставив до пола
Заборавив да искоментирам дека Jughead е А поентава на серијата некој ја знае? Или секоја сезона ќе се открива некоја мистерија ?
Ја гледам ама некако ми е многу неповрзно и онака ко да се налупа само за епизоди да се прават. И некако многу нереална ми стана за разлика од првата сезона па ајде и втората...
Јас ја почнав вчера, денес веќе ја завршив прва сезона. Многу сакам вакви драми со средношколци, иако е малку шпанска серија за мој вкус, ама за ладење мозок па и не е така лоша. Гледам ја обновиле за 4-та сезона и немам поим што толку ја тупат, мислам дека во две сезони би била идеална, за повеќе ми нема смисла. Малку се језивки близнациве Шерил и Џејсон, ептен се твинцест материјал. Ама многу е убава, girl crush ми е, иако глумата и' е средно-жалосна, како некоја реинкарнација на Mean Girls пред 15 години. До душа, целата глума е средно-жалосна, не само Шерил и нејзините 'one line quotes', Бети со нејзините sad puppy eyes и црвените очи, секогаш како да е пред плачење, Арчибалд и неговата смотаност... Најнеомилен лик ми е Вероника, не можам да ја смислам. А баш ми се допаѓа како малку од малку го преобразија ликот на Алис, мајката на Бети и Поли. Бар засега, за понатаму којзнае што ќе се случи. Вака кога ќе размислам, поим немам зошто толку се заиграв со серијава, ужасно заразна, а реално нема некоја којзнае каква приказна. Ми се допаѓа мистериозноста иако многу се предвидливи настаните, ама па како за таква серија, не ми смета воопшто. Исто многу ми се интересни Шерил и Џејсон, поим немам зошто. Интересни мали пресврти, кој очигледен, кој не толку, убава актерска екипа (под убава, мислам на убава за око, не дека глумата е којзнае каква, ама не е лоша) и тоа. Шерил ми е симпатија.
I can relate. Толку е без поента серијата, што не знам кој враг ми е та запнав упорно да ја догледам. Ја почнав трета сезона и се осеќам многу...евентуално.
Серијава ќе прекинам да ја гледам ко ќе нема поќе Едгар. Бети, фала шо го натера да се слечи. Амин. *длабоко поклонување*
искрено за гаргојл кинг очекував некој скроз неочекувам а испадна некој шо во цела трета епизода јасно покажуваше и ме разочара.. дефинитивно со еверневер драмите беа да бест и ако ме полуди мајка и на бети.. крајот беше срцепарајучи.. некоја идеа, спојлерче шо се дешава со омилениот лик??
Кој омилен лик? иначе заборавам да ја гледам... Гаргојл кинг ја претера работата... Очекувам зомбиња кај и да е...
Не верувам дека ќе го убијат ликот, сепак е fan favorite и еден од главните. Flash forward сцената била инспирација од филмот „Знам што направи минатото лето“ и следната сезона ќе обработува мистерија/криминал во кој главната четворка е вмешана. Затоа запалија се.
@theowndemon ја гледаш ли новата сезона? Поточно, дали воопшто постои некој кој сè уште ја следи серијава? Јас не можам да ја откачам, ќе ја гледам до крај. Четвртава сезона повеќе ми се допаѓа од третата, па да видиме кај ќе тераат, ама језива ми е Шерил многу.
Се разбира дека ја гледам! Ни една комедија толку не ме има бендисано. Трета и четврта сезона ги доживувам како сами пародија да си прат. Толку е лоша серијата шо е смешна и ја уживам. Инаку не замервај на Шерил, та е заглавена во хорор subplot. Не сум сигурна ни дека е во ист град веќе.