Искрено серијава ја имам изгледано цела ( иако не е цела 4та излезена) и на моменти ми е препредосадна. Многу е развлечено дејствово некако, поготово 3та сезона тапа. Прва е најинтересна по мое мислење. Четвртава сезона има две епизоди добри и после 5-6 досадни ептен.
Riverdale, значи глумците...да не можеш да се изнагледаш кој/а од кој/а поубав/а. Инаку самата серија само прва сезона ми беше интересна, после само се полошо и полошо...колку се cringe не е можно посебно Veronica 90% од времето не знам што зборува. Следно Cheryl со нејзините пресмешни фрази...после Archie изгубен во време и место...и да не ги набројувам сите се cringe. Ама си ја гледам редовно... некако сакам да видам што ќе приррдат следно. Инаку fun fact Cole Sprouse (Jughead) е бил во Македонија пред неколку години. Студирал археологија и биле тука на некое истражување.
Тоа и ми беше зборот, ако си згоден веднаш си глумец иако не знаеш да смениш две фацијални експресии... интересно ова за Кол, не знаев
Да, така е. Не знам Cole знам дека е докажан актер и Lili, Madalame (нз дали така беше) ги има во други филмови. Дали оти е Riverdale bs па и они кренале рака па не се замараат бидејки имаат договор 6год потпишано...не знам стварно
Ниеден од нив нема забележителна улога пред ривердејл освен Кол, кој како дете играше во the suite life of zack and cody и friends... никој од нив не знае да глуми и затоа мрежата нема многу квалитетни серии и имаат најнизок ранк на гледаност во споредба со конкурентите како abc, cbs и сл.. за тин шоуа бираат непознати глумци кои стануваат познати благодарение на убавината а не на талентот.. погледнете ја на пример hiw to get away with murder предобри перформанси даваат актерите
Јас пратам Riverdale, еднаш чим почнам нешто гледам да го довршам ама мака ми е секоја наредна епизода а ПОГОТОВО musical епизодата сеа шо искочи (не знам дали има нова после таа). Таа беше првата епизода која ја иам изгасено после 10-15 мин. Ама после некој ден се решив да ја догледам, ЕДВАЈ. И искрено немам појма што се случува во оваа сезона, не знам која е поентата.
Топ избор на глумци, мислам дека поради Jughead( ) ќе успеам некако да ја догледам 3та сезона, предосадна е. Тој и Бети ми се срцки, за разлика од Викторија која ми е одвратна. Првата сезона ми беше интересна и навака некако сѐ исто и предвидливо, ама ја пуштам, ќе ја догледам. Мора нешто да ми фали за да гледам тралалајка поради актор, it is what it is
О, Боже. Пуштив 4 и не можам да си поверувам на очите. Дали е почудна ситуација тоа со полубратот Чарлс што се појавува на Jug и Бети, тоа што требаше да е умрен ама магично не е или тоа што живеат сите како семејство во куќата? А, колку е морбиден "Џејсон" . Пола серија ја изгледав чепкајќи на тел ама ѝ се запнав.
Привата и втората сезона беа добри, а после од третата беше многу кринџ за гледање со сите нелогичности. Требаше да си заврши до втора сезона, ама кој ќе се полажа по пари и гледаност ги упропастуваат серииве.
Јас ко што читав сезонава не успеаа да ја доснимаат ради Корона, па мораа двете претпоследни епизоди да ги спојат во една како финале. Затоа немаше никаква смисла некако. Иначе серијата почна интересно, ама после сите глупости со фармата (што до ден денес не сфатив што им беше целта и како заврши така) некако ми се смачи. Јас си ја гледам, зошто не можам да прекинам серија дур не ја догледам, ама стварно се полоша и полоша е. Тажно.. толку ја сакав.
Јас ја изгледав во една недела Толку ме завлече првата сезона шо морав да ја изгледам понатака, 3тата сезона дефинитивно најдосадна со играта али пројде некако 4цата главни актери срцки кој од кој поубав. На 21 Јануари 5та сезона.
Дали некој ја гледа најновата сезона? Јас ја почнав првата епизода и уште во првите 15 мин почна да ми се повраќа од кринџ. Вреди понатака да се гледа или?
Конечно сум up-to-date со серијава, цела година бев заглавена на 4-та сезона, ама ај ја протуркав некако. Не знам зошто едноставно не ја баталам серијава кога и онака не ми е интересна. Ама многу ме смее, па ајде. Новава сезона - очај. Спојлер Бети во ФБИ , Џагхед познат автор, Арчи ништо чудно да почнат да го плеткаат со PTSD за да ни биде забавно, а Вероника очајна домаќинка во обид да стане she-wolf. Бабава на Шерил уште врти душа, а Шерил сирота, криминалец. Уште мислите дека има надеж за серијава? Логикава во серијата замина во неповрат уште од првата сезона, ама таа барем беше интересна за гледање, имаше смисла. Ова веќе...шарада. Ама јас уште побетер, се утепав од плачење на некои сцени. Не знам бре што ми се деси, еве денес ми е смешно, ама вчера не ми беше баш. Спојлер Моментот кога завршија средно и се собраа заедно со родители, фамилии...ме дрмна таков некој наплив на емоции, си реков леле што убаво, да си го видиш детето дека завршува со безгрижниот период и заминува на факс, да порасне и да искуси нови работи од животот. Бог да чува значи, некоја системска грешка ли ми беше , ама еве многу убаво ми беше тоа. Другово ми нема смисла, same old. Не гледам ни поента во „мистеријата“ што сакаат да ја заживеат, ама па не ја ни сфаќам сериозно серијава и си ја пуштам така да ми врти во позадина додека готвам, средувам нешто или си листам книга/списание. За така, топ ми е.