Ја гледа некој новата сезона? Ми се свиѓа ентузијазмот на целата екипа која стои зад серијава. Толку ништо да нема смисол веќе, а они си се во некој can't stop won't stop фазон. Последна ли ќе биде оваа сезона? Би сакала да кажам дека ќе ми фалат глупостиве кога ќе заврши серијава. Ама не можам, зашто ич ништо нема да ми фали, само еве не знам зошто уште ја следам.
5та сезона заврши? Јас ја пратев до 10та епизода, после имаше нешо ко пауза и не знам кога ги стаиле новите епизоди. Не сфаќам зашто ја гледам(в), ништо не сфаќам и кринџам на секои 2 секунди. Исто така не знам дали отсекогаш било вака, ама една сцена трае едвај 3 мин и постојано се прави транзиција низ сцени, ко компилација од скечови да гледам.
Ја ја гледам ама не ја гледам ЗНачи подосадна серија од оваја одамна немам гледано. Ми остана сеа уште последнава сезона да ја изгледам ама дефинитвно мачење ми е А да и Dynasty ја ставам во исти кош со оваа
И кај мене оди така серијава, позадинска галама да збори нешто додека работам или читам. Така ја изгледав претходната сезона, а најновава баш ја загледав и и' посветив внимание. Богами, се запрепастив. Ај да врти нешто, а штета баш добри ми беа на почетокот но очигледно после првата сезона сè во серијава си замина по ѓаволите.