1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Roaccutane капсули - искуства

Дискусија во 'Лице' започната од Devica88, 30 ноември 2011.

  1. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Здраво феминки
    Ме интересира дали има некој тука кој ги пиел ови апчиња и какво искуство имал,нус појави,резултати итн.. :)
    Тој што имал проблем со бубулиците-досадници знае за што станува збор,или ако некој се интересира можам да му кажам..
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.498
  3. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Roaccutane-капсули,дали некој пиел и искуства

    Па да, нормално, јас ги анализирав 3 години пред да почнам да ги пијам, ама сега веке морав за да го решам трајно проблемот со акните.Ги пијам веке 3 месеци и има одлични резултати, се надевам ке има уште повеќе до крајот на терапијата, минимум се пијат 4 месеци, ама јас најверојатно ке ги пијам 6.
     
  4. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Roaccutane-капсули,дали некој пиел и искуства

    Прв пат и јас слушам за нив. Но ако се корисни а ако помагат зошто да не.
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.498
    Roaccutane-капсули,дали некој пиел и искуства

    Не се доискажав, мислата ми беше дека не треба млади деца туку така да ги пијат апчињата на своја рака. Ако некој има проблем со акни, може има проблем со хормоните кој се решава на друг начин или може користи несоодветни креми и сл. Станува збор за дериват на витаминот А, кој од една страна помага ама од друга страна може да предизвика сериозни проблеми. Затоа сметам дека таблетите треба да се земаат под лекарски надзор.

    Accutane must not be used by female patients who are or may become pregnant. There is an extremely high risk that severe birth defects will result if pregnancy occurs while taking Accutane in any amount, even for short periods of time. Potentially any fetus exposed during pregnancy can be affected.
     
  6. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Roaccutane-капсули,дали некој пиел и искуства




    Да да, токму така, јас ги пијам со препорака од дерматолог и како што кажав, пред тоа многу истражував во врска со нив и така..Темата ја ставив да видам дали некој друг ги пие тука во МК, бидејки сеуште кај нас ретко кој ги знае и препишува тие апчиња..
     
  7. MeniPedi

    MeniPedi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    Roaccutane-капсули,дали некој пиел и искуства

    Знаци искрено ако сте направиле убаво истражување на интернет за Роакутанот сигурно сте прочитале кои се несаканите ефекти . Јас лично познавам многу примери кои после 5 и повеќе години од употребата на овој препарат имаат проблеми од типот на варење на храната, нарушување на хормонален статус, неможност за раѓање и сл. И дерматолозите кај нас не се тоа што треба.
     
  8. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Ако се пијат правилно,после терапијата, сите side efects исчезнуваат.Тие се лек како и секој друг.Тоа е единствениот лек за акни од тежок облик.И што е најважно, потребно е редовни контроли за крв, дроп, холестерол итн.А тоа за раѓањето нема врска.Додека се пијат, не смееш да забремениш и една година после тоа треба исто чување, но не предизвикуваат стерилитет.
     
  9. MeniPedi

    MeniPedi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    Се сложувам дека е потребно да се пијат под надзор на дерматолог и да се прават на 1 месец или 2 контрли на крвна слика ензими на црн дроб и слични анализи. Зборот ми е дека има поефикасен начин за справување со тешките акни... од мое лично искуство :)
     
  10. lili caci

    lili caci Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Некој да ми каже искуство со Роакутан?
     
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Машки
    Јас требаше да земам, ама решив да не земам пошто многу го гори црниот дроб и хормонално делува непожелно на плодност.

    Не сакам да си скратам некоја деценија живот и да си ја осакатам основната билошка функција само за да бидам надворешно поубав.

    Мислам... Надворешниот изглед е многу битен, луѓето тоа го бараат, за површност ќе се истепаат.
    Ама мене не ми е.
     
  12. petunija77

    petunija77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    17.886
    Брат ми ги користеше бидејќи тоа му беше последна опција за да се ослободи од митесири и акни ,многу имаше , немаше никакви нуспојави ниту некои заболувања или сл , се користат под надзор на доктор и редовни контроли
     
  13. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    4.427
    Пол:
    Женски
    Почнав да ги пијам, два пати во денот по 10мг и денес ми е 5ти ден и се наеднаш се исфрлив. Знам дека можно е ова да се случи, но не очекував дека толку брзо ќе почнат да делуваат. Користам и ниацинамид бидејќи имам и доста флеки и сега не знам од што е :( Тие што сте користеле, кога забележавте подобрување?
     
  14. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Се исфрла прво лицето, па потоа почнува да се чисти. Очекувај да ти се суши кожата и усните, така да лабело за усни (би ти го препорачала тоа на Еуцерин, го има во аптеките) во џеб и мачкај цело време. Пиј многу вода, избегнувај алкохол и секој месец испитувај црнодробни ензими (со крвна анализа). Знае да биде долг процес и има индивидуални варијации, но просечно околу година дена се пијат, под надзор на дерматолог.
    Јас би се воздржала од ниацинамидот додека си под терапија, флеките ќе ги чистиш откако ќе завршиш со апчињата. Консултирај се со дерматолог :)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    4.427
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае каде можат да се купат или нарачаат? Ми кажаа дека нема веќе да ги увезуваат и не можам да ги најдам сега, а почнав веќе да ги пијам, завршувам втор месец.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.345
    Допаѓања:
    14.477
    Пол:
    Женски
    Дермаролог мора да ги препише така?
     
  17. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    4.427
    Пол:
    Женски
    Да, но веќе не ги увезуваат кај нас.