Сметам дека темава ќе биде интересна, затоа и ја отворив. Мислам дека ќе биде извор за црпење инспирација за уредување на нашите соби. Одвоете неколку минути и погледнете. Секој нека поставува по едно видео. ПРАВИЛО:Секој пост нека содржи по едно видео за поголема прегледност. Еве ја го одбрав ова. Спојлер Ако е некој спремен да направи тура низ собата и си ја сними на македонски подготвена сум истото да го направам. http://www.youtube.com/watch?v=W37WuF7h ... re=related
Јас еве ќе ја постирам старата соба на juicystar07, која повеќе ми се допаѓа од новата http://www.youtube.com/watch?v=OWXh21WJ0ko Многу идеи сум преземала од нејзините видеа, особено затоа што е премногу организирана како мене Разгледајте ги и другите видеа на овој нејзин профил, има едно каде што ја прикажува нејзината make up колекција. Интересни се, малку се долги и Блер има пискав глас, ама можете многу совети да примените.
^видеото и е од новата соба. И мене повеќе ми се допадна новата а еве и од старата видео http://www.youtube.com/watch?v=hS79zNAbBRM
Видеото што го постирав јас, и ова кое си го постирала ти е од старата соба на Блер додека живееше во Тенеси. Веќе одамна е преселена во Лос Анџелес, еве и ја собата во апартманот каде живее моментално http://www.youtube.com/watch?v=5z5mYH5qsNM Ама оваа не ми се допаѓа толку...
Јас можам да направам ако сакате ама со слики Снимање неможам. Па ако може слики кажете и јас ќе поставам.
Се согласувам со изборот на Цаци, дефинитивно ја ОБОЖАВАМ собава на Бетани! Некако е детска, но во исто време и прифатлива за +18. Прилично е големка, си има дел за уживање, посебно работно собиче, огромен кревет...едноставно се. Го чекам денот кога ќе прави преглед на гардероберот.
Оваа соба дефинитивно не е за +18.Повеќе ми личи на некоја детска соба. Јас на пример би сакала само некои детали од нејзината соба,ама не се Некако пре детски е,а тие сите на јутуб им плаќат па што им е проблем?Мислам јас да сакам да ја преуредам мојата соба ќе немам толку пари...А на нив се им е платено. http://www.youtube.com/watch?v=2l5h7PI1FR8 Оваа соба многу ми се допаѓа.Повеќето работи се винтејџ и се и е убаво организирано и средено. Не е многу girly но сепак е убаво средено
^Добро, секој со свое мислење. Јас стојам зад реченото, а и самата пишав дека Е детска, но во исто време и прифатлива за полнолетни. Дефинитивно мислев на тинејџерки, девојки до максимум неколку години по 20тата. А детска во буквална смисла на зборот не е во никој случај, па сепак нема играчки и чуда, а што би и фалело на некоја девојка да има некоја боја плус и безброј детали. Само да има кој да брише прашина.
дефинитивно фаворит ми е собата на Блеир се е убаво организирано и ми се допаѓаат плакарите а особено тој со штиклите ама ние Македонци скромни сме у едно плакарче нареди се и ти врши работа. (ај да не забегувам ) имам искористе некои совети за искористување и пополнување на просторот и уредување на собата и искрено добро ми доаѓаат ми ја освежуваат собата и даваат спешл тач се шалам како и да е нормално дека нашите соби нема да биднат како овие а и да бидат треба многу средства како и да е они во Америка се богати и ја реновираат собата секое лето ама ние скромни задоволни не си се жалиме едно плакарче за сите алишта едно собиче и доста ни е нели?? или не? има во предходната страна ставено линк ама еве и јас ќе ставам http://www.youtube.com/watch?v=OWXh21WJ0ko