Имаат преубава цезар салата, а и пикантното пилешко често го јадам. Мене ми се убави, моменатлно не би ги менувала за друга брза храна.
Да стварно е вкусна, јас прв пат кога јадев нарачав и исто ми ја донесоа ладна, но тоа е поради тоа што нели ќе се подготви и додека да се изпорача до дома храната се лади. Најдобро е да отидеш таму да јадеш. (ако не сакаш ладен бургер).
Стандард јадам криспи чикен, а плус сега ако сакаш достава треба нарачката да биде над 500 денари и пак ќе добиеш ладна нарачка.
Lele be lugje pratete eden lut krispi vo kocani,me ispostrvivte kasno vo nokta,dobro e sto ne sum bremena
Епа да се пофалам решив да се одделам од crispy chicken и земав cheese chicken. Овие два бургера имаат тотално ист вкус само што чис чикен има + едно тенко парче кашкавал што воопшто не се ни осеќа.
Одлична храна, им нема рамни, ама доставата... Полжави да вработеа, побрзи ќе беа. Имаат по двајца доставувачи во смена (ако има некоја измена, поправете ме), а многу работа. Плус, пред неколку дена, доставувачот си дојде со девојка му во кола, саат ипол чекавме достава. Којзнае колку (и како) бил зафатен... Инаку, настрана од моите "жалби и поплаки", Чизито ми е ВРВ!
Гледам сите се за криспи чикен, а и мене по некоја случајност тој ми е најубав. Ме интересира ако споредиме со седмица, што ке кажете, ројал или седмица?
Од ројал немам јадено година дена, особено откако искочија неколку видеа и слики со инсекти и црви во храната. А spicy chicken не би го менувала за ништо и многу ми фали..штета што хигиената им е 0.