Run.mk - Macedonian drum & bass festival

Дискусија во 'Канта' започната од Abby, 14 октомври 2012.

  1. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    76
    RUN MK претставува фестивал којшто е инспириран од една од најдобрите днб вечери „RUN“, којашто се случува во Бристол, Англија. Фестивалот досега го имаат посетено повеќе од 2000 посетители од цела Македонија. Една од целите на RUN MK е развивање на урбаната култура и промовирање на урбаниот звук, но и промовирање на македонски артисти коишто досега немале можност, шанса или соодветен простор да се изразат. Затоа во 2010 година во Штип е формирано Здружението „Капсула Култура“. Ова здружение има за цел пред македонската публика да ги претстави како македонските, така и светските артисти кои се активни на драм енд бејс сцената. Првото издание на RUN MK беше одржано на 10.04.2010 на коешто настапуваа само артисти од македонската сцена. Доказ за неговиот успех е што веќе на следното издание за овој фестивал имаше интерес и кај светски артисти. Фестивалот веднаш наиде на голем одзив кај младите, благодарение на одличната организација, исполнетата програма и загарантираната забава. Токму овие квалитети се главните „виновници“ за големата посетеност секоја година.

    Овогодинешното издание на фестивалот беше оддржан денес (14-10-2012).
    Сте биле ли на фествалов? Што мислите за него? :)

    Претходните години јас не сум била,но оваа година отидов. :$ Искрено забавно е и интересно.Одат многу млади и мислам дека сите си поминуваат супер.Браво за идејата и за организаторите :clap: