Runway e модата што се презентира на модните шоуа, на ревиите. Тука дизајнерите ги претставуваат своите нови колекции, некои комбинирања и не се носливи во реалноста и се цели на уникатност. Но потоа овие колекции од понискобуџетните брендови се копирани како Зара, H&M, Манго... Од друга страна тука е Street fashion модата на улиците во големите модни центри. Оваа мода се разликува од онаа на модните писти, но иако една без друга не можат. Taa ja раздвижува комплетно модната сцена. Многу модни трендови излегуваат токму од "улицата" а потоа и се копирани од дизајнерите, а од друга страна па и уличната мода не може без новите колекции од дизајнерите. Но во уличната мода може да се види одлични комбинации од нискобуџетни брендови, од винтиџ комбинации, до скапи дизајнерски комбинации. Што повеќе пратите и што повеќе ви се допаѓа? Сакате повеќе да ги гледате новите колекции на дизајнерите поточно давате глас за Runway. Или пак ја сакате улична мода, фан сте на блогерките и повеќе цените добра комбинација која може и да е ефтина, отколку едно брендирано прескапо парче кое шета на модна писта. Мојот глас оди кај Street fashion. А вашиот? VS
Street fashion. Нуди многу поприфатливи и пофлексибилни можности ,за разлика од модните писти.Варијациите секогаш се добредојдени. Не сум зависник од мода ,се држам до некој мој стил и не сметам дека исклучиво брендираната облека е вистинскиот избор за една жена да биде тренди дотерана.
Се сложувам со вас . Повеќе следам блогерки и земам идеи од нив . Не сум видела нешто на пистите што би го облекла и јас и би излегла на улица со истото .
Тоа Runway слободно им го препуштам на ѕвездите од шоу бизнисот. На сцена и на црвени теписи нека излегуваат како им душа сака. Ние смртнициве ќе продолжиме да правиме прекрасни комбинации од најновото парче што сме го купиле од „последното бе тоа бутиче спроти слаткарницата“ и некое од времето на нашите мајки што стварно ни се допаднало. Street fashion definately!
Последниве години следам неколку блогерки кои негуваат сличен стил на мојот, и тие ми се главна инспирација за комбинирање. Значи street fashion дефинитивно бидејќи нуди нешто што ни е достапно, практично, а искрено и многу покреативно од она што го гледаме на пистите. Високата мода ја доживувам како еден вид на уметност и ништо повеќе. Мислам дека уличната мода го превзема приматот во диктирање на модните трендови.
Street fashion! Баш ми се интересни комбинациите и стилот, сосема прифатливи и можеш барем да реализираш нешто, додека пак се она што се прикажува на runaway пистата ми е далеку и неприфатливо. e сега има и од street fashion тотални утки и безосетно облекување, а на fashion пистата прекрасна облека.
Добро сега и мојот глас оди на уличната мода, ама не е и се така за фрлање од модните писти. Па и всушност дел од она што го гледаме на улиците е купено од познати дизајнери. Или да речеме јас со срце ја чекам модната ревија на Елие Сааб. Тоа е совршенство за женски очи. Во тој момент заборавам на улици, на Њујорк, на Зара, на Х&М, ма само тие совршени фустани чекам да ги видам Или Шанел со нивните уникатни сцени, па мерак да ти е да чекаш таква ревија. Бурбери има супер шоуа, секогаш модерни а ностливи работи презентираат А да не ги спомнувам ревиите на Викторија Сикрет E а ревиите на Галиано се приказна за себе, некои ги обожаваат, некои се чудат што е тоа
Има разлика во моделите од Модните писти. Има модели кои навистина не би можел обичниот народ да ги носи затоа што немаме како да бидеме така екстравагантни, но од друга страна има многу колекции кои што се прекрасни и носливи и за нас. Јас сум за уличната мода затоа што навистина може да се најде се. Мислам дека во оваа мода не се следи слепо модата, не се носат сите исто и навистина можат да се видат инспиративни комбинации. Иако јас си црпам испирација и од едните и од другите. Кога сакам фустан бирам модел од Модна писта( да се разбереме не се чувствувам како манекенка ) кога сакам да експериментирам тогаш отворам блогови.
Јас сум сепак за runway fashion иако 80% од комбинациите не би ги носела, ама сепак ми се толку симпатични и убави кога ги гледам, тоа е цела уметност.И голем дел што таму ќе го видиш, не можеш да го видиш кај уличната мода.На пример Тоа само Кери Бредшо може Она што го гледаме како улична мода, може да се сретне и на писта.Значи, бирам ревија зашто е уникатно и не можеш да го сретнеш било каде.
Искрено RUNW. никогаш и не ми се допаѓал многу многу,го рамнам со FASHION TV, а на ф.тв нема ништо особено да не речам живи глупости даваат ми ја направија со оние забавите по бродовите и со тој MICHEAL како јавна куќа. А друга тв за мода не ни постои на мојава кабелска А навистина не можат една без друга поврзани се како што вели Роси. Многу повеќе идеи се црпат од уличната и многу поблиска ни е нас таа мода на младите ,онаа на ранвејот е повеќе за кремот,џет сетот итн . значи дефинитивно за STREET F сум повеќе.
И мојот глас оди за Street fashion има доста убави комбинации и многу идеи како да искомбинираш,иако и на модните писти и на црвените килими има прекрасни модели.
Според мене на модните ревии само се диктираат сите наредни трендови во сезоната а во уличната мода тие се вклопуваат и применуваат во дневни комбинации кои би ги носел секој . Следам блогери од странство и стварно ми е жал што блогирањето за модата и не е толку застапено , ако соберам храброст некогаш би почнала со тоа и ако си купам некој добар фотоапарат
Обожавам Runway, но само 5% и помалку од креациите се носливи. Значи, Street Fashion со по некое парче висока мода.
Зависин runway многу мал дел се носливи а street бидејќи не се следи слепо модата, туку сите се посебни на свој начин.