1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sамо во 2008 година, во македонија 30.000 абортуси,

Дискусија во 'Канта' започната од Aisha, 18 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Sамо 2008 година во македонија 30.000 абортуси, мозно ли е ?

    Јас па читам автобуси место абортуси па се ставив во прашалници.
    Видеото го имам гледано од поодамна, вознемирувачко е не мора секој да го гледа.
    И не ми е јасна темата.
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Што со темава?
    Не се сложувам со тоа дека абортусот е убиство. Тоа е право на избор.
    А нели секој човек има право на избор? Вака, со овие видеа, изгледа е спротивното.
    Се случува да се дојде до несакана бременост. И еве на пример да кажеме мене да ми се случи...
    Што понатаму? Само да го родам? А да... па јас ќе бидам мајка, РОДИВ. Самиот чин на раѓање не не прави мајки нас жените.
    Да претпоставиме дека сум го родила. И? Тоа дете, јас и маж ми од воздух ќе живееме? Или од љубов и мајчински инстикт?? Ма ајде ти се молам...
    Друга работа... Каков би била животот на тоа дете, кога и неговите родители се деца сеуште??

    И да се разбереме... Кога јајце клетката ќе се оплоди, тоа не е бебе. Тоа е зигот. 2 клетки. Подоцна 10 клетки. Тоа не е живот. Сметам дека станува живот после 7 недела. А до тогаш....
    Од Х причини секој може да донесе одлука да абортира. И да,секогаш ќе сум ЗА абортус ако има јаки причини
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    До некаде е право на избор, но пред се е убиство, затоа што на тој начин му се одзема животот на едно бебе. И неможам да сфатам како можат жените на сопственото дете да му го одземат животот, немат ли совест, нели им е жал?
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Пф,и јас сум ЗА абортус.
    Не е се како во филмовине,знаете, битна е љубовта.
    Абе прво,да најдам работа,арна,а не детено да ми пека за нешто што другите го имаат,а тоа го нема.
    Макар и да го разгалам,би му дала се што јас денес немам,или сум немала.
    Не би го задушила во снобизам,ама сакам да е задоволно.

    И,ако не абортира што?
    Пари нема,образование нема.( Зборувам за млада мајка )
    Случајно ако забремени ,ете,грешка,се случила,и ајде да го чуваме?
    Ќе се упропасти животот на родителите,ем на детето.
    Ем тоа ќе биде цел живот несреќно затоа што нешто му фали,ем родителите несреќни поради истата причина.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мхм, значи според вас кога некој маж мастурбира убива деца. :^)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Како мислиш убива деца? :?:
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    А нели е повеќе жално детето да ти побара едни смоки а ти да неможш да му купиш? Срцето ми се кине што знам такви случаи, а не па на моето дете така да му биде.
    Значи пак ќе се повторам, во првите недели тоа не е живот, ембрион е. Ниту срце чука, ништо.
    Значи збориме за абортус како право на избор за прекинување на несакана бременост.
    Дали ти би родила, кога знаеш дека немаш никакви услови да го изржуваш тоа дете, немаш работа, немаш сопствен кров над глава?
    Или пак мама и тато се тука, тие ќе помогнат, внуче ќе им биде овој EМБРИОН.
    Ама мама и тато нема да бидат вечно живи.
    Искрено, јас не би сакала да се шлепам на туѓ грб цел живот и кога ќе решам да имам семејство, тоа ќе биде со претходно размислување и со обезбедени средства
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како мислиш убива деца? :?:[/quote]

    Мисли со тоа што не си ја чува спремата во каналите туку ја исфрла надвор! МАСТУРБИРА! И они искачаат и се сушат! Валаа!
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Исфрла сперматозоиди.Сфаќаш сега? :D
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Добро,да за ова се согласувам со тебе, ама сепак подобро е да го дадеш на посвојување,има луѓе кои неможат да имаат деца, а некои можат да имаат,ама ги убиваат.
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Како бе да го дадеш на посвојување?
    За тоа имате душа?Да го дадете детето на друг,за кого појма немате каков е,дали и тој има средства доволно?

    После многу години,сигурно ќе се сетите на детето,ќе сакате да го видите,да ги видите своите гени.
    А тоа ќе ве мрази зошто сте го напуштиле!
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не се одзема ничив живот,за да се одземе нечив живот треба да е живо човечко суштество,што тука не станува збор.
    Бебе е кога ќе може надвор од матката самостојно или со помош на модерната медицина да опстанува,а тоа се случува тек во 26-28 недела од бременоста,дотогаш е фетус,а на почетокот е ембрион.

    А за совеста и жалот,па нема ли повеќе да има грижа на совест и жал кога ќе нема апсолутно ништо да му понуди на своето дете,кога ќе плаче гладно и ќе шета голо?

    Веќе стварно ја тупите со овие теми,абортусот е легален и секоја жена има право на избор.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш, меѓутоа се уште не си се соочила со реалноста и онаа лошата страна на светот. Јас кога бев на пракса беа премногу деца оставени после пораѓање. Ги носеа во домовите. Таму пак се случуваа многу грди нешта, не сите успеаа да бидат посвоени и многумина од нив имаат тешка судбина зошто нашата земја не е доволна организирана да се справи со многу ситуации.
    Јас сум била во зезната ситуација, меѓутоа си го задржав бебето и си ја имам Мила и ми е цело мое постоење, ама барем има грижа, услови и се.
    Туку првенствено треба да се внимава да не се дојде до несакана бременост, мислам дека уште многу рано треба да се воведе предмет сексуално воспитување ама... Меѓутоа кога доаѓа мораат да се согледаат многу околности едно од изборот е и абортусот.

    А ти Аиша мислам дека треба да бидеш свесна дека има деца на форумот, во ред ја пропагираш религијата и библијата меѓутоа прави го во граница на нормала, мислам дека со видеово е премногу. Ако знаеш да научиш, поучиш издејствувај на друг начин.
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Не ми беше тоа прашањето. :^)
    Мажот може да ејакулира и надвор од матката.

    Си го кажав своето мислење,немора сите да се согласуваат со тоа.А ако се најдам во таква ситуација,можеби и друго ќе мислам.
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Темава ја поминавме еднаш, ајде уште еднаш.

    Секој си има право на избор. Секој си го живее животот онака како што сака, прилагодувајќи се условите кои ги има и околностите со кои е опкружен.

    Доколку жената затрудни неочекувано си има три избори:

    1) Да го роди.
    2) Да абортира.
    3) Да го даде на посвојување.

    Што и да одлучи жената, нејзино право, нејзин избор, нејзин живот. И никој, апсолутно никој не смее да фрли камен по таа жена, никој не смее да и преповеда, да и продава етика и морал затоа што гледа одстрана и не и е во кожата.

    Првиот избор си носи потешкотии. Неспремност, непроработен мајчински инстинкт, незрелост, сето тоа влијае и врз мајката и врз детето. Детето секако дека ќе биде сакано, но не мора да значи дека животот ќе му биде ист доколку било донесено во друг период од животот на мајката. Не мора да значи ни дека ќе живее лошо.

    Вториот избор си носи исто потешкотии. Поинакви од првиот, но сепак потешкотии. Тие кај секоја жена се манифестираат различно, не мора да значи дека по некое пишано правило ќе се одрази кај сите жени.

    Третиот избор е многу осетлив, затоа што кај сите жени проработува мајчинскиот инстинкт, и во еден период од животот, жената ќе сака да го побара своето дете и да види што станало со него. А животот не е шпанска серија, детето да се лути сите епизоди, и во последната да се смират. Можеби одма ќе и прости. Можеби никогаш, тоа не се знае.

    Затоа доколку жената остане трудна, убаво седнува и размислува што и како понатаму, како сака понатаму да и се одвива животот, по кој пат. Не дека може да го предпостави целосно, но една груба проценка на она што сака понатаму секако може да направи.

    Што и да одлучи - нејзино право. Кој пат да одбере, нејзино си е. Одстрана гледачите не сме никој и ништо да и судиме на таа жена. Ако сака да абортира нека абортира. Ако сака да го роди нека го роди, па ако сака да го даде на посвојување нека го стори тоа.

    Како што бластулата од неколку клетки некој ја гледа како бебе, а друг само како еден куп клетки, така и детето некој го гледа како благослов во тој момент, а некој сака едноставно тој благослов да го доживее подоцна кога ќе биде спремен уште поубаво да го пречека. Така да за ова никој нема право да носи суд што и како, освен мајките кои се нашле во ситуација предвреме да останат бремени. Тие нека си одлучат.
     
    На Strumfeta93 и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не сфаќаш.
    Значи Офи мислеше,дека ако мастурбира, ги уништува сперматозоидите,кои ја оплодуваат жената.Метафора беше тоа за убивањето ;)
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мажите смеат да мастурбираат и да исфрлаат сперма (потенцијални бебиња) а ние не смееме да абортираме. Каде е една жена виновна зашто останала бремена? Зошто таа треба да го носи товарот? Само ли се забременила? -Не, туку некој ја забременил. Ние не сме виновни и ако не ни е по воља си го имаме правото да одлучиме дали ќе го родиме или не. Мое тело - мој избор.
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Off topic-поправете го насловот Македонија е со мала буква напишано ;)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    А нели веќе имаме теми за абортусот? Пак истото ќе се расправа?
     
    На MacaLove и Offspring им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.