Ова е фирмата што ја има во ДМ само. Фини производи по многу пристапни цени, цените се нешто како Флормар, Класик, Голден Росе, Есенс, ама засега само коректор и лак имам земено и прилично сум задоволна. Да речеме дека коректорот ужасно ме потсетува на пан стикот од Макс Фактор кој е 450 денари, а овој коректор на She е само 130. Може да си кажеме впечатоци зашто видов ја кажуваат во неколку теми фирмава. Навидум имаат ок маскарите, карминчињата, сенки во убави бои. А имаат голем и широк спектар на бои. И нешто што ме привлекува мене лично е многу интересно изгледа шминката, убави опаковки. Сте користеле нешто?
Од S-he имам купено два кармина и се разочарав,зошто бојата кога ќе ја нанесеш е скроз различна Сестра ми го има тушот за очи ,го купи евтин,некои 140-150ден,ама вели дека кога ќе го нанесе и се разлева.
Имам купено два лака од фирмава, не се толку лоши, брзо се сушат (многуу брзооо, што е супер, зошто сум многу нетрпелива), боите многу ми се допаѓаат, ама повеќе од ден-ден и пол не ми издржале.
Девојки имам едно прашање Во странство имам видено ЛЕД ламба од фирмава, за сушење гел лак, дали ја има и кај нас и дали знаете отприлика цена?
Кај нас дефинитивно ја нема лед-лампата. Пред неколку години имаше таква мала лед-лампа од Есенс, но веќе одамна ја нема, повлечена е таа колекција од продажба.
Имам земено двете моливчиња за очи, двострани и сум многу задоволна. Меки се и лесни за нанесување..за разлика од моливчињата на Авон од колекцијата на Марк на кои дрвото им е како прав молив за пишување
Ми се допаѓа фиксаторот, 50мл, 165денари. Го зедов рандом затоа што го користам на римел и многу споро се троши, ама ми требаше помалцко како за патување и задоволна сум. Тоа е прво што сум пробала, плус имам дадено на подарок од тие карминчињата 95денари што се.. и ми гледаат супер.