Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Safe City, проект за подобрување на сообраќајната безбедност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 4 декември 2025.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    183.330
    Пол:
    Женски
    И пошто се најлоши возачи во Европа, да прогледваме низ прсти и да креваме праг на кога смеј да бидат казнети?
    [​IMG]
     
    На sanja.burgundy, Knizhevnik11, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    20.211
    @Компир Манџа,

    Тролаш, така?
    Зошто од тоа што го имаш напишано, единствено логичко објаснување е дека намерно тролаш.

    Не е поентата ти што побрзо од работа да си дојдеш дома на топла манџа, туку и сите останати учесници во сообраќајот да си стигнат дома живи и здрави -и возачи, и пешаци, и велосипедисти, и моторџии.

    Дали ова ќе ги спречи лудаците што надрогирани и летва пијани летаат по булевари па газат луѓе и прават сообраќајќи? Не. Ама ќе спречи еден куп други несреќи до кои не би дошло кога возачите би се придржувале до пропишаната брзина и би возеле одговорно.
     
    На Knizhevnik11, fana, Waverly Raven и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    5.101
    Не трола, него збори како поголемата маса од државава што не размислува, односно „колку да кажат нешто“. Ќе имало гужви пошто возеле 50! Стигал за 20 минути, сега стига за 1 саат. Како? Не знам по која математика ако си возел 60, а сега возиш 50 стигнуваш за 1 саат.
     
    На Трагедијаупмм и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Машки
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Не знам како функционираат поголемите градови од Скопје, затоа што не сум бил во поголем град од Скопје. ;(
    Ама претпоставувам дека и таму е хаос.

    Кај нас во Скопје не функционираат автобусите. Не се точни и чести како кај вас во Германија. ;(

    Не тролам (а и не знам што ви значи тој збор). Што ме вреѓаш вака? :|

    Јас само кажувам дека вака поспоро се вози, а не да шибаме со 200 и да се прават сообраќајќи. ;(

    Кога ќе те казнат за 51км./ч. е тек тогаш дојди да пишуваш на темава. :D

    Не си ме разбрала што сакам да кажам. :^):emo:

    Не треба да прогледваме низ прсти. Ама нека има луфта до плус 10км/ч. А повеќе од 10 од пропишаното ако вози, нека биде казна 100€. ]:)

    А уствари заборавив да ве прашам @Nausicaa @theowndemon @Biljarkata , возите кола вие? :?:

    Да не испадне се натегаме, а вие со точак се возите. :^)
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2025
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    3.669
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што му е на народов неписмен, значи ако знакот е ограничување до 50 значи треба до 50 да е! До 50 значи секој еден број до 50 може да си вози 45 да не му ја мисли дали возел 51.
     
    На sanja.burgundy, Burevesnik, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Машки
    Грешка си. 46/47 треба да возиме, затоа што колите на шал таблата не ги покажуваат точно километрите што возиш. На пример ако возиш 50, фактички возиш 53.

    Иначе во Дебар Маало по уличките колку беше ограничувањето да не знае некој?
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    5.101
    Тоа твојата кола изгледа. Оди провери ја на механичар или смени гуми, нешто не ти чини.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    183.330
    Пол:
    Женски
    Да. И да не вози некој има право да се осеќа загрозен од несовесни возачи и да бара да не го крени некој на хауба само зошто тој некој смета дека мора да му се прогледва низ прсти со поголем праг на толерација. Толку деца ни убија, толку деца ни останаја по улиците и пак памет не ви иди. И да не знаев кола да запалам, ќе имав право да се движам безбедно, чак и со точак и да осудам сите кои сакаат да ја загрозат та безбедност.

    TLDR не сум саможивник ако нешто не ми одговара да се жалам и да креирам ситуација кај шо ќе можам да избегнам казна, ако е на штета на сите други. За разлика од жалопојкиве на потпросечните возачи.
     
    На sanja.burgundy, Munchmallow20, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Машки
    Ама треба и кај вас да стават, а вака изгледа само во Скопје се лошите возачи, а во другите градови возат како швеѓани. ;(

    Сите коли се така. И камерите не мерат точно. Кажаа некни.
     
  10. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум со проектов. Ооо како се можело да се вози со пропишана брзина, да се пропуштаат пешаци на пешачки и да не се свири манично на оние што си возат прописно… милина. Само удирање по џеб му е мајката и непостоење исклучоци за сообраќајни прекршоци. Аирлија да е.
     
    На sanja.burgundy, Annath, Rozevata и 5 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    183.330
    Пол:
    Женски
    Така де.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.658
    Допаѓања:
    200.181
    120.:D
    Колку можеш да возиш таму и колку мислиш дека треба да е дозволено? Мислам јбт, за сокачиња збориме, 2 магариња не може да се разминат, тој прашува колку било ограничување(facepalm)
     
    На sanja.burgundy, Amellie13, Burevesnik и 5 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Ептен сум за проектов и конечно да проработи (ако не го одложуваат до бескрај)
    Имам две замерки:
    - Едната е немање толеранција од 5/10% во однос на брзината. Ова го кажувам затоа што не верувам камерите да се 100% точни, па така ќе има неосновани казнувања. Не е решение да се вози 45. Или нека се баждарат камерите или мерачите да бидат точни или нека има толеранција од 5/10% за да биде фер.
    - Второ... нели се збореше дека автоматски ќе се праќаат казните кај сторителите и нема да има интервенција? Зошто сега читам дека ќе можело да се интервенира? Која е поентата на системов тогаш? Тие што имаат врски пак да дивеат и да се спасуваат, а обичните смртници да го кркаат и за нив?!
     
    На Anaroz1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    5.301
    Пол:
    Женски
    Јас сум искрено ептен за системов, верувам дека со вакви промени можеме бар колку толку да отидеме на подобро и да нема ниту една следна Фросина, или други луѓе што ни криви ни должни ги испогазија. Е сега, дали законот ќе важи за сите ќе видиме, затоа што пред некој ден само што се воведе одев накај Карпош, и додека за мене важеше законот, и си ставив ограничување на колата да возам 48, за некој под Мавровка мостот не важеше и ме прелета, па сигурно да не излажам со преку 90.

    Ме интересира како ќе се одвива проектот и дали ќе важи за сите возачи и дали сите ќе се казнуваат подеднакво и секако дали тоа ќе не научи на нешто еднаш и засекогаш.
     
    На theowndemon, senjorita-v и Annath им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.135
    Допаѓања:
    38.771
    Пол:
    Женски
    Вчера и денес скапав возејќи по Ск и да кажам Браво. Фино се возело по правила. Сеа, има некоја будала тук таму. Ама повеќето си возат по правила, гужва или не начекав или беше пристојно нормално за чекање :nod:
    Може тоа е само мој впечаток :D
     
    На sanja.burgundy, SV1911, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    135.116
    Пол:
    Женски
    Сепак има будали што летаат. И поради нив не смее да се толерира ни мало пречекорување на брзината.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.658
    Допаѓања:
    200.181
    Сигурна сум дека за будали што летаат, има и поинаква скала на казни.
    Појма немам како е законот , ама ако е ко во сите нормални земји , треба да е скалесто-пречекорени до 10км, до 20км и тн. Репни го 1000 евра и појма немам колку казнени поени и така, ќе се научи. На кој му се вози брзо, може да вози брза помош или пожарна. А има и автопат.
    Не ми се верува за што праиме муабет (facepalm)
     
    На fana, Panda00 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    18.610
    Пол:
    Машки
    Абе и тема сте отвориле за ова :rofl:

    Ајде сега има да се полни буџетот, таман како шо е празен добро ќе им дојде на овие од власта за во џебовите нивни.
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    135.116
    Пол:
    Женски
    Ако се стави праг на толеранција, џабе ќе биде проектот. Ќе пропадне.
    Море за ова нека им се полнат џебовите слободно. Само и они да се придржуваат до правилата.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.658
    Допаѓања:
    200.181
    Како скалесто казнување е еднакво на праг на толеранција?:^)
     
    На Panda00 и LiquidLuna им се допаѓа ова.