Форумџика на годината

Safe City, проект за подобрување на сообраќајната безбедност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 4 декември 2025.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Скалесто е казнувањето.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    Уште една фалинка што никој не ја спомна е што некако луѓе што немаат ни возачка ни кола на свое име исто така добиле опомена. Или луѓе што имаат, ама во моментот на прекршокот биле дома, а колата у гаража/на паркинг. И ова оти автоматски се праќа пораката, не седи таму некој да проверува точност на таблица, број и меил
    И затоа мора добро да прочешлаат вакви податоци и плус да има фото/видео доказ за прекршокот да не го јаде некој ни крив ни дужен
     
    На MeowMeow, Cutiepie123 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Само полнат буџетот со казни, ништо суштинско.. нема економија, нема стопанство и мора со казни да се наполни буџетот нема како поинаку..
     
    На Cutiepie123 и Panda00 им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Поднеле претставка до Уставен суд. На место им се приговорите. Противуставно е да се праќаат казни на мобилен, оти имањето на мобилен не е задолжително во државава. Исто така треба да се има и интернет за да се пристапи до казната и треба да се има програм кој ќе го отвори фајлот. Така што... би требало да им падне на Уставен, барем во делот на достава на казните. Треба како во сите држави, казна на домашна адреса. Ама па... така ќе треба да ја натераат Пошта да работат нешто, вака си клатат врата, земаат плата. Шубо (y)
     
    На senjorita-v, Anaroz1, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    3.272
    Пол:
    Машки
    Ако сите го почитуваат законот нема да има прекршоци ниту казни. Се знае колку е ограничено да се вози низ град и мора да се почитува не е за џабе ставено тоа ограничување.

    Супер е системот што се воведе само многу недостатоци има, се надевам ќе ги решат што поскоро.
    Исто така сметам дека треба да бидат поставени радарите барем на 55Km/h затоа што на шалтаблта не е секогаш 100% точна таа брзина има некогаш отстапување.
     
  6. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Како што знам од патишта и железници има проектна и дозволена брзина.. проектната брзина е за 50% поголема од онаа на знак што пишува.. така да нит на патот ќе биде нешто нити на возачот.. е сега за градски сообраќајници... ако сакате дестимулација на возила тогаш треба улиците во централното градско подрачје да се потесни на периферија пошироки.
     
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    3.272
    Пол:
    Машки
    Проектната брзина е околу 30% (најчесто 20 Km/h поголема од таа на знакот) од таа на знакот и тоа е брзина со која што се проектира патот. Тие 30% се сигурносна граница од безбедносни причини. На проектантот не му е гајле дали ќе ти пишат казна или не туку да биде безбеден патот дури и да го прекршува законот. Ако е дозволена истата брзина како што е проектната, секој што ќе вози над дозволената граница би бил многу посериозен проблем за да си наштети себеси а и на другите, а вака има сигурносна граница.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Нема ништо да му се случи нити на возачот нити на патот ако возиш 20+ или 30+ од знакот.. На плетвар на знакот пишува 60 јас скоро секогаш возам 90.. ептен да ме мрзи треба нешто па да се молкнам со 60.
     
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    3.272
    Пол:
    Машки
    Нема да ти се случи затоа што баш и за тоа е така направено да биде безбедно и за тие што не го почитуваат знакот. Ама ако се стави крајната безбедносна брзина, односно проектната не се намали за 20-30 пак ќе има некој што ќе вози над таа брзина и тогаш не е безбедно...

    Има случај направен нов пат ставени ознаки со брзини има една ептен зафркнат кривина стои знака пред неа 60km/h веќе кога влегуваш стои знак 40km/h знакот е лошо поставен и секој кој вози прв пат може да не го забележи возат 20km/h повеќе од знакот и додека не се сигнализираше убаво имаше преко 10-20 сообраќајки голем дел со жртви.. Затоа е важно да брзината на знакот биде помала од проектираната за и ако некој не го почитува тоа да биде безбеден, а сигурно ќе има некој што не почитува.. Подобро казна нека му пишат што не почитува отколку да загине или тој или некој друг поради него..
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.873
    Допаѓања:
    48.272
    Ја мислам да се уведе анархија, да си ибеме мајката за неколку месеци, да не се мучиме веќе.
     
    На senjorita-v, Biljarkata, ArabellaStarfall и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Тоа е новиот пат градско дреново кој го градевме 10 години и е очајно обележан.. со столбчина на сред пат..
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    135.116
    Пол:
    Женски
    Малку е потребно за да се случи глупост. Колку е поголема брзината, толку е помала безбедноста на улиците. Проектот е Сејф Сити, не е Спид Сити.
    Ограничувањата не се измислени за да нервираат луѓе, туку за да се намали ризикот од сообраќајки. Ако сите ги почитуваат нема да има проблем.
    Ако се толерира малку, утре некој ќе побара уште поголемо толерирање. Попуштете до едно, пет, десет и бам.
    Сите пак ќе возат побрзо. И потоа опааа, нови фатални сообраќајки.
    Туку, Тошковски сам се пофали дека го фатиле камерите и демек еве нема милост кон никого. Така треба, но колку ќе биде така ќе видиме...
     
    На senjorita-v и Iva:) им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    Мене и друго ме занима.
    Пошто претпоставувам системов генерира автоматски пораки, дали може да се користи и при потрага по исчезнати лица?
    Дали на пример може во моментот да детектира одредена таблица и веднаш да испрати порака? Или само ако има прекршок?
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.802
    Допаѓања:
    122.604
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не сфатив?
    Мислиш да е внесена во систем дека се бара одредена табличка, и ако ја регистрира системот, да прати порака во некоја станица?

    Во Германија има ограничување 30, да. И се вози точно 30. Тоа е покрај секое училиште и градинка без исклучок.
    Казната да возиш поголема брзина од пропишаната на автопат, е помала отколку казната да возиш 37km/h на место каде е ограничено 30. Ќе те изгорат, а може и забрана малце да ти удрат.
     
    Последна измена од модератор: 7 декември 2025
    На senjorita-v и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    Токму тоа.
    Значи во моментот праќа порака ако воопшто ја сними таа таблица. Не отпосле да проверуваш ти снимки кој поминал, него моментално регистрира и праќа порака. Или општо да има како база кои се таблици поминале денес.
    Ако е автоматски системот, би требало да може
     
    Последна измена: 7 декември 2025
  16. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Секако дека може.

    Камерите имаат систем што е поврзан со датотека. Ако во датотеката е пријавено дека колата е украдена веднаш испраќа сигнал до диспеч службите во МВР.

    Safe City е во тест фаза за да видат како функционира и да ги испеглаат грешките. Се ќе се регулира со текот на времто. Не му ја мислете.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.212
    Допаѓања:
    44.027
    Пол:
    Женски
    Токму така, а сообраќајќи настануваат со посредство на виша сила. На некој му било досадно и седнал да стави ограничување 60 пошто на сон му дошла идејата.
     
    На senjorita-v, LiquidLuna, Mr.Limonko и 5 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.802
    Допаѓања:
    122.604
    Пол:
    Женски
    Може.
    Сите коли без исклучок се снимаат, ама се казнуваат тие што сториле прекршок. Така што ако во системот е внесена некоја таблица дека е под истрага, секако дека може да ја регистрира камерата и ќе сигнализира.

    Патем, еден апел до сите, дигресија е од постот на мачмело, ама да не пишувам пост едно по друго.
    НЕМОЈТЕ да лепите лисја од паднати дрва на табличките, со намера да ја избегнете казната затоа што ќе ве фатат. Ќе им треба малку повеќе време, ама ќе ве фатат па покрај казната за прекршокот, ќе платите казна и за "правењето паметни".
    Најдругарски е советов :)
     
    На senjorita-v, LiquidLuna и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    На Плетвар кога се качуваш нагоре, редовно начекуваш битанги да се симнуваат и претекнуваат во твоја лента. Може ништо да не му се случи на него, па ни на тебе. Ама доволно е еднаш, за да сфатиш, ако дочекаш да сфатиш дека со причина треба да си возиш во лентата која ти е определена да ја возиш. Така и за знаците. Некој што конструирал патишта, набљудувал терен, веројатно знае повеќе зошто таа брзина е соодветна за таа точка на патот. Ти ако си решен да возиш и 50 над тоа е твој проблем, ама реално ако направиш на друг проблем, веќе спаѓаш во оние што ги нарекувам испрдоци на општеството кој не заслужуваат да ми го дишат кислородот.
    А зошто да брзаш? Излези порано, стигни на време. Бидејќи тебе ти се брзало, некој друг да страда, не си нешто поразличен од потенцијален убиец. Колите се нужно средство, но легална машина за убиство. Ти бираш како ќе ги идентификуваш.
    Дојди кај мене и вози 20+ и докажувај се зошто сметаш дека си возел 20+. Не го боли што ти мислиш, тој ти кажал дека ограничувањето е толку, ќе си платиш. А казните се енормно големи.

    Ко прееска еден сељак ми свири пред кружен тек затоа што застанав да видам дали има коли. А кружниот тек кај што живеам е многу непрегледен, мене ми е битно јас и моето семејство да стигнеме безбедно и тој што ми е напред. Тој позади може и во дупе да се јебе ако му се брза. После на полна ме претрка. Се надевам се насмеал на камерата.
     
    На senjorita-v, LiquidLuna, sanja.burgundy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    70.568
    Супер е идејава, ќе се научиме да почитуваме правила, редно беше. Се надевам нема да се прават исклучоци и да има можност за фаќање на врски. Ма да вчера и денес возев околу Бит Пазар и имаше кумановски и гостиварски таблици кои возеа сигурно 20+ над дозволеното.
     
    На senjorita-v, Трагедијаупмм и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.