Колку сте задоволни од брендов и дали купувате често од тука? Гледам нема тема, а имаат попусти и може да си споделуваме искуства за некои работи како ни се погодиле или за попуст да се известуваме тука. За евтини и пристапни цени, да, тоа имаат. Квалитетот ми е онака. Едни пижами ми се погодија и си ги утепав од носење, а на попуст ги купив за максимум 400 денари да беа. И чорапи земам од тука, тоа им е океј. Вака долна облека што сум земала слаб квалитет ми се погоди, гаќи за две носења тие што се во потемна боја излитени стануваат после перење, се скинале негде, 0 квалитет. Од градниците исто не сум задоволна, упки фаќаат, корпите ми се прецвикаа при перење, црн градник боја изгуби, а сив и бел што имам тие се океј со бојата ама исто корпата губи облик по некое време и не се за носење. Можеби тие што им се поскапи се подобри, но некако не ми се ризикува да давам пари за поскапо кога вака послаб квалитет ми покажале. Хулахопките од Пенти што им се поскапите имаат подобар квалитет, тие што се поевтини едно носење и во канта. Само Пенти земам, добри се. Не знам, вака на попуст може и вреди да се земе нешто, за иста/слична цена од продавнициве во молови што сум земала долна облека поквалитетни ми се покажале некако, но зависи од среќата што ќе ти се погоди, ете од нивни пижами за тие пари стварно сум изненадена, толку носење и ништо не им е.
Порано купував повеќе од кај нив, сега од Синсеј и Ваикики земам долна облека, за исти пари поквалитетни се. Имаат поголеми броеви, затоа хулахопки редовно земам од кај нив. Чорапи исто купувам, купачи имам. Некако качија цени последните години, па за тие пари не ми се исплатат со тој квалитет, само на попуст купувам по нешто.
Да, се согласувам со тебе. Во моментов имаат инаку доста попуст ама не ми се трошат пари, далеку ми е платата дур ми стигне.
Od kaj niv samo gradnici na nbb kupuvam i sum prezadobolna, gradnici i bebi dol so oznaka sf se katastrofa bar za mene edno dve nosenja i tolku e...
Imam 3 gradnika od tamu ,na sf i mene mi se iskina, na penti ic ne se udobni dzabe tolku pari i uste eden na popust bese okej e ama pocnuva vekje da se vadat zicite..
+1. За бебидоли сум купувала од Сара Фешн,но не ми биле квалитетни и сега купувам од Синсеј и Ваикики. Сега,за градници мене рано ми е,и не сум купувала. Исто и за чорапите.Веднаш после едно-две носења ми се кинат.
Од Сара Фешн само долни маички. Неклку пара имам и фини се ако боди не ти се носи. Си купувам нови на 2-3 години. Спојлер: Линк до маички https://sarafashion.club/index.php?route=product/product&product_id=732546
Чорапите нивни одма се кинат, тоа приметив и ја. Земав од друг бренд скоро неколку пара, тие ги носам цела есен, уште се како нови. Од Сара фешн да беа до сега ќе беа цели искинати и за во канта. Многу слаб квалитет имаат, а цените им се покачени доста.
Во последно време ужас се, не знам зошто е тоа така. Порано многу повеќе купував сега скоро ич. Квалитетот со цените (кои ги поскапеа) воопшто не се совпаѓа. Гаќите одма се кинат, почнуваат да се отпаруваат, конци висат, ластиците по прво перење излегуваат. ужас. Чорапите исто така, значи имам чорапи од пазарче купени пред 10 години ништо не им фали, ама овие од сара фешн одма се излитуваат и кинат при носење или во перењето. Единствено како што членката погоре кажа, маичките долни се уште се убави. Градници од кај нив од пенти или од тоа турското што го држат сум купувала и се далеку поквалитетни, иако само на попуст зошто се прескапи. Исто сум купила две три бодиња, од оние со чипка (малку по секси) меѓутоа и од таа чипка при првото перење се пара, висат ластиците од ликрата, ужас... Порано беше многу по добро не знам што стана
Прво си помислив дека немам многу купено ама кога почнав да ве читам сфатив дека доста работи имам. Градници имам земено неколку, поевтините не ми се погодиле многу ама поскапите ми беа добри (што не мора да значи ништо, онака само забележав). Пижами имам едни исто од кај нив, убави ми се и си ги носам. Маичките им се добри, а од гаќите имам земено од најевтините и за таа цена не очекувам премногу, а ги има истите и во други продавници и биле поскапи од кај нив. Не очекувам премногу зошто не се скапи. Сепак цените им се пристапни, а со попустите пак и секој може да си најде по нешто. Дополнително што ги има во речиси сите градови, а не само во Скопје како што прават многу други и ова ми е голем плус.
Не купувам од тука, многу ретко. Многу се неквалитетни. Само костими за капење имам од тука што ги износив квалитетно.
Од Сара не сум задоволна од ништо. Хулахопките на Пенти микро 40 одма се скинаа, а порано ми траеја и по една година. Последниот пат само пари на нив фрлав, мислев дека чизмите ми ги кинат ама гледам и други се жалат. За ѓаките да не зборувам, веднаш се кинат по прво перење. Бикините им се солидни, две сезони ќе издржат преку сила да речеме оти после им избледнува бојата. Градниците не ми се допаѓаат, ни тие од NBB. Кратките чорапи им се океј.
Не сум задоволна од брендов. Не се ни сеќавам последен пат кога имам туку купувано. Последно некој костим за капење пред многу години, пред цените да ги покачат до плафон, а квалитетот да го намалат.
Цените некако им се повисоки во однос на квалитетот за некои работи. Хулахопки најчесто од овде земам. Долен веш им е некако поскап во однос на други продавници во кои ги има. Ама се начекува често попусти. Тоа е добро што имаат често попусти.
Да особено кога ќе дојде новата колекција, цените им се небаре бонати. Чекам со инфлацијата да ги качат на ниво на лиска. А квалитетот е ист како кога долниот веш беше три за 100