Овие ми даваат код со попуст од 10% а нигде не гледам опција да се искористи кодот кога правам нарачка. Знае некој како?
За продавницава имам поделено мислење. Нешто ми се погодило, друго па воопшто не вреди за парите. Зимските пижами, тие дебелите како крзнени, им се стварно квалитетни и убави, пријатни и топли. Имам два пара, веќе неколку години немаат мрднато. Исти се како првиот ден, после толку години носење и перење. Добив на подарок и летна ноќница со наметка од таму, премногу ми се допадна. Убав, пријатен материјал и удобен за спиење, многу убаво стои и не ме поти. Од долниот веш воопшто не сум задоволна. Сѐ што сум земала било со ужасен квалитет, многу неквалитетни материјали и одма се кинат. Градниците така - така, ништо посебно. Купаќи не се сеќавам дали сум купила од кај нив, можно е да имам некој пар. Мидерите им се прескапи и дефинитивно не вредат за парите, убаво стегаат и ја истакнуваат фигурата ама не се квалитетни воопшто. Зимските дебели хулахопки им се далеку поквалитетни од потенките. Неколку пати сум фатила акција за чорапи, имаат интересни дизајни и сум купила неколку пара за ниска цена ама ни тие не им се некој квалитет. Генерално, преценети се. Подобро од Бонати ќе си купам отколку кај нив.