1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

SCNET Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од okcenzi, 9 август 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.552
    Пред неколку дена ми помудија работа, односно соработништво со СЦНЕТ. На прв поглед ми делува работата ок, но сакам да знам дали некоја феминка е запознаена со оваа работа и дали навистина има добра заработка.

    https://www.scnetworld.com/mk/ofirmi.php?page=11


    Здружување на потрошувачите

    По прашање на целта на здружувањето на потрошувачите, прво треба да се сложиме околу некои основни претпоставки:

    • Сите ние секојдневно купуваме – купуваме намерници, облека, обувки, гориво, автомобили, намештај, бела техника, куќи итн. И сите ние сакаме што повеќе за помалку пари.

    • Сето тоа го купуваме од трговци, кои имаат своја мака: да купат што поевтино, да продадат што поскапо, и да се изборат со конкуренцијата. Приходите треба да им бидат поголеми од расходот за да преживеат. Што поголем промет, толку пониски цени можат да добијат од нивните снабдувачи – што нас не доведува до првите економски законитости битни за нашата работа: колку си поголем купувач, толку повеќе попуст можеш да добиеш!

    • Кога ние би биле како купувачите би купиле од некој трговец, тој треба да ни биде “По пат” или некако да слушнеме за него. Реклама преку весник, радио, телевизија, лична препорака, саеми, рекламни паноа и слични и сл. Што може нас да не поврзи. Но тоа чини.


    И сега доаѓаме до генијалната идеја за здружување на потрошувачите. Кога ќе се здружиме одприлика илјада, правиме список со имиња и јас одам до една продавница и му предложувам на сопственикот да и даде на нашата група 5% попуст, ако доаѓаме да купуваме кај него, и ако не ни е баш блиску. Што ќе каже сопственикот, каде е неговиот интерес? Неговиот интерес е да дојдеме до него, затоа што во малопродажбата е голема шансата да одприлика 20-30% од цената всушност трговската разлика помеѓу набавните и продажните цени, одприлика 15% му е чиста добивка, ако се одбијат трошоците. Од тие 15% чисти а половина му одат на реклама, за трговецот да опстане.

    Споменавме дека постои економска законитост која кажува што поголеми купавачи сме, толку е поголем попустот. Што би било кога кај тој сопственик дојдеме со список од 10.000 потенцијални купувачи? Или со 100.000? Веројатно би ни дал и 10% попуст а можеби и повеќе! Нормално, немаат сите области во трговијата подеднакви попусти, трошкови, промет итн. Да кажеме, не е можно да добиеш повеќе попуст кога купуваш автомобил или стан, затоа што тука се маржите многу помали одколку 20-30%.

    Вакви здруженија на потрошувачи има многу. Постојат локални здруженија кој ги организираат одредени трговски куќи. Постои и здруженија кои организираат неколку трговски куќи, ланци на продавници итн. А што велите за генијална идеја на квадрат, ние да организираме и трговци и тоа 1.000 трговци па дури 10.000? Тогаш можат да се покријат сите области во кои ние нешто секојдневно купуваме!


    Мрежен Маркетинг

    Е сега, кога претходно проучивме и поставивме, треба да преидеме на дефинирање на мрежниот маркетинг. Ќе тргнеме повторно од потребата.

    Од една страна постои одреден број на луѓе, кој имаат потреба за додатни приходи. Некој и за основни приходи. И сите имаат сличен проблем: Како и каде да заработи. Ако започнат приватен бизнис, имаат ризик, прашање е дали умеат да работат нешто што може така да се работи, и прашање е дали имаат капитал за тоа. Постојат многу луѓе кои со задоволство би имале повеќе слободно време за себе или за своето семејство или спорт, уметност, хоби, црква.

    • Од друга страна, добро знаеме да економијата не е повеќе толку голема мудрост за нешто да произлезе, тоа мора и да се продаде. Огромен број фирми имаат потреба да најдат начин да ги пласира своите производи. Тоа го прават на многу начини. Да кажеме, класична трговија – фабрика продава во големопродажба а големопродажбата во малопроджба. Некогаш и преку телешоп, каталошка продажба, лична продажба итн. Еден од начините за дистрибуција роба, при што многу напредна и специфична е продажбата преку мрежниот маркетинг.

    Ајде да објасниме како мрежниот маркетинг функционира, споредуваки го движењето на приватните продавници кои секако од нас имаат соседи – сега ги нарекуваме мини маркети а некогаш “дуќанчиња”.

    На пр. Да купи леб за 25 денари, а го продадеме за 35 денари. Тоа е наша мрежа. Тоа не значи дека сме заработиле 10 денари. Од тоа треба да се одбијат нашите трошоци, за да добиеме наша заработка. Затоа што ние како продавница добиваме од пекари за 25 денари, а лично како граѓани неможеме? Затоа што продавницата купува повеќе вреќи леб и продавницата може да дојде до леб од пекарот до потрошувачите. Така и во мрежниот маркетинг, кога ќе станете дистрибутер, тогаш купувате од фирми за 100 денари, а продавате на пр. за 140 денари. Понекогаш ќе однесете роба кога одите кај пријателот во посета, понекогаш колеги од работа кога одите на работа, понекогаш ќе пратите преку пошта и наплатите по испораката. И ќе видите дека трошковите нема да бидат поголеми од приходот.

    Како сопственик на продавницата, вие можете да одлучите да отворите неколку продавници и да вработите луѓе и да ги обучите како да работат. Тогаш би купувале повеќе леб од пекара, и тогаш пекарата би можела да ви ја спушти цената на 23 денари по векна. А вие на продавниците би и ја наплатиле по 25 денари од векна и тие би биле задоволни, затоа што ни од пекарата не би добиле повеќе попуст. Вам ви остануваат 2 денари заработка и продацниците во кој сте ги обучавале луѓето. Логично, зар не?

    Понатаму и тие од вашата продавница би можеле да организираат свои подпродавници и да ги обучуваат, за тоа и тие да добијат 2 денари големопродажна разлика, а вие на пр. со поголем промет од пекарот би добиле уште еден денар попуст по векна леб. Тогаш би заработувале и од “други” длабочини во вашите мрежни продавници.

    Е така функционира и мрежниот маркетинг, само што во класичната трговија ретко среќаваме повеќе од две или три длабочини во мрежа, а во мрежниот маркетинг имаме често повеќе од десттина, стотина па дури и илјада длабочини!


    ... еднакво е на 4!


    Сега ни преостанува да собереме два и два. Затоа што SCNet здружува потрошувачи и трговци, постојат одредени попусти на кои имаме право. Просечно четворочено семејство во Македонија заработува 500 евра месечно. И обично тоа и го троши и за жал едвај преживуваат. Но пола милион фамилии во Македонија трошат прилично голема сума на пари. Просечен попуст од на пр. 5% од таа потрошувачка се големи пари. Тој попуст во оваа генијална идеа се расподелува на најпреведен постоечки систем распределба: мрежниот маркетинг.

    Во SCNet бизнисот вие прво заработувате купувајќи. Вие заработувате од вашите трошоци кои посекако ги правите. Со тоа што заработувате повеќе, вие тоа и ќе го трошите повеќе, а затоа што заработувате трошејки заработувата уште повеќе. Нормално, тоа не иде до бесконечност, поради Зеноновиот Парадокс, но за вас е позитивно во секој поглед.

    За да го покренете мрежниот маркетинг, вашиот приватен бизнис, не ви треба почетен капитал. Не ви треба одредено образовании ниту пак струка. Не е битен вашиот пол, националност, вероисповест, материјалната состојба, ниту староста.

    Важно е да имате потреба за додатни приходи или повеќе слободно време или поголемо достигнување во животот. Важно е да имате воља и желба да се научите да бидете подобра и ефикасна личност и со тоа ги учите другите.

    Важно е да бидете победник, а вечен скептик и губитник.
     
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    13.810
    Пол:
    Женски
    И мене ми го понудија истото. Цела страна им ја исчитав и вака и мене интересно ми изгледа. Сакав да појдам на презентациите што ги прават секоја среда, но не појдов. :( па и јас ќе прашам, дали некој има искуство со ова, како оди заработката, и најважно, далисе прават пари навистина, зашто по се напишано изгледа ок, но како е во пракса?