1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Scorpion (2014)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Marossa, 13 септември 2015.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ја открив серијава летово и мислам дека си заслужува тема.

    Започната е од лани,веќе има испаднато 1 сезона,а на 21 Септември ќе излезе првата епизода од 2ра сезона.
    Накратко,се работи за тим од генијалци,наречен Скорпион,кој соработуваат со Одделот за национална безбедност на САД (Homeland Security).Водач на тимот е Волтер,кој има IQ 197 и е ненормално талентиран од хакирање до едноставни математички пресметки.Останатиот дел од екипата го сочинуваат Силвестер,наречен човечки калкулатор;потоа Тоби,психијатар дипломиран на Харвард;Хепи,исклучиво вешта во механика;Кејб,агентот кој работи за Homeland и Пејџ,келнерка која има надарено дете и се обидува да го разбере,а воедно служи да им го преведува надворешниот свет на генијалците.

    Актерите се прилично нови,барем јас ги немам сретнато некаде и глумата им е баш солидна.

    Приказната е базирана на ирскиот претприемач Волтер О'Брајан,кој има основано фирма за компјутерска техника,наречена Скорпион и самиот изјавува дека има IQ 197,иако не е докажано бидејќи одбил да се тестира во Менса.

    Првата сезона се состои од 22 епизоди,по просечно времетрање од 42 минути,епизодите не се премногу поврзани една со друга,секоја си има различен случај.
    Ситуациите во кои се наоѓаат се прилично невозможни и ако се гледа од научен аспект,содржината има голем број на нелогичности и дупки во развивањето,поради тоа има 7.2 на ИМДБ и доста негативни рецензии.

    За мене,просечно интелигентно човече, мислам дека е одлична за тепање време,ликовите се допадливи,а без разлика на нелогичностите,епизодите држат во неизвесност и се доста интересни.Мислам дека 2 сезона треба да се концентрираат на некој главен настан кој ќе се одвива низ епизодите,ама без разлика,темпото со кое тераше првата сезона е солидно.

    И,има некој што ја гледа? :D
     
    На Valerin и d.Darla им се допаѓа ова.
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Има, јас :) Ја изгледав прва , чекам нова сезона, и според мене супер е. Многу акција и истовреме опушта, не напнува. Јес да има нелогичности, ама па ретко во која нема :)Сепак ми е забавнамене , се мисламдали кога ќе излезе втора да чекам целада заврши па да ја гледам ли како што излегуваат епизодите. Обично сите серии се интересни ако гледац цела сезона наеднаш :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Мар ме "купи" твојов опис, и со мисла сум да ја почнам деновиве па ќе ви пишам впечатоци. (fingers)

    Само дајте предлози за страници каде може да се гледа online.
     
  4. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Почни ја и таман додека ја изгледаш првата сезона, ќепочни втората и ќе си продолжиш :)
     
    На Marossa и Valerin им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Valerin Баш ми е мило што те привлекла,очекувам да ја ѕирнеш :D
    Јас на филмовизија ја изгледав,има убави снимки и плус превод(можеш на кој јазик сакаш да прикачиш,се разбира ако е направен).Е сега филмовизија,па и повеќето такви страни не ги отвара Google Chrome ,бидејќи нели тој не поддржува Јава, па мора да гледаш или на Mozilla или на Internet Explorer.
    Еве ти и линкче :*
    http://www.filmovizija.me/watch-scorpion-tvshow.html
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Веќе ја почнав, до втора епизода сум и можам да кажам дека саглам ми го привлече вниманието.
    Мошне е интересна и едукативна. Одличен избор! (y)
    Eдинствена замерка имам до актерите. Сметам дека можеле повеќе да се потрудат околу глумата, но и без тоа серијата е супер.

    За оние како мене кои имаат лош слух, еве ви линк каде можете да ја гледате онлајн со превод на српски јазик - http://www.gledajsaprevodom.com/serija/scorpion
     
    На d.Darla и Marossa им се допаѓа ова.
  7. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мене ок ми се актерите, можеби ти се чудни на почеток, ама ќе се навикниш, сепак такви треба да бидат прикажани, со натпросечна интелигенција, не се секојдневни...супер е серијата, возбудлива
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Толку години и толку многу серии имам изгледано,дефинитивно бакнежот помеѓу Пејџ и Волтер е најлошиот во историјата :D
    Од друга страна,Хепи и Тоби се срцки и се надевам нивното ќе тргне на добар пат.
    И новата шефица ми се допаѓа,жал ми е што не успеа серијата Forever,можеби ќе имаше добра втора сезона.
    Ама сцената во вселената беше благо ужасна,дефинитивно треба да се поработи на специјалните ефекти :D