1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Scouted

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од kitty.lover, 30 септември 2012.

  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Scouted е ТВ-емисија на програмта Е!, која што е од сферата на модата и модната индустрија.
    Имено, се работи за неколку модни експерти, кои имаат за цел да препознаат потенцијал кај некоја девојка, и да ја однесат во Њујорк каде што преку трансформација и вежби еден ден ќе постигне светска слава по модните писти ширум светот.
    Секоја епизода се натпреваруваат по две девојки од две различни земји и најчесто тотално различни општества, кои што сонувале да станат манекенки или некој друг им ја дава оваа можност. Постојат неколку жени кои се менаџерки (таканаречени скаути) , кои по пронаоѓањето на девојките и со согласност од нивните родители (поради тоа што најчесто се по 16-17 год.) се упатуваат во големиот град. Таму ги чека тим составен од директорот, стилист, модел-ментор и уште многу други, во една по попознатите модни агенции, кои бираат една од тие две девојки, преку интервју, однесувањето, како и материјалот што го добиваат од една од фотосесиите што им ги прават. Онаа која ќе победи, потпишува договор со агенцијата, и тие се осврнуваат на неа и нејзината кариера и транформација со цел кон успех.
    Интересна емисија за девојки, каде се открива дел од модната индрустија и целиот нејзин процес, како и големите чекори кои секоја од девојките треба да биде подготвена да ги направи доколку сака да ја исполни својата желба. Претставување на начинот како се создаваат модели и манекенки, независно од некои недостатоци, и како тие се претвораат во позитивна страна.
    Сте ја гледале некогаш? Епизодите траат по еден час, и се гледаат во еден здив, поради тоа што се интересни за секоја жена и девојка која се интересира за убава облека, козметика, фризури...
     

    Прикачени фајлови:

    • timot.jpg
      timot.jpg
      Големина на фајлот:
      43,8 KB
      Прегледи:
      96
    • picture-1.jpg
      picture-1.jpg
      Големина на фајлот:
      41 KB
      Прегледи:
      96
    • Scouted.jpg
      Scouted.jpg
      Големина на фајлот:
      12 KB
      Прегледи:
      96
    • scouted-1.jpg
      scouted-1.jpg
      Големина на фајлот:
      192,9 KB
      Прегледи:
      96
    • scouted (1).jpg
      scouted (1).jpg
      Големина на фајлот:
      25,4 KB
      Прегледи:
      96
  2. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    да ја гледам на Е ама таму ако не повторат едни епизоди по сто пати не можат,ја барав да ја гледам на нет ама изгледа само една сезона е,,многу интересна серија,штета што не снимат и втора сезона ама изгледа рејтингот не бил висок, баш ми е мило кога ке потпишат со некои кои заслужуват особено девојката која била зависник од дрога,кога потпишаа со нејзе,но има некои на нерви одат особено линдзи мислам дека се викаше 16 годишна забегала во некој филм,не носам прозирно,деколтирано,не велам да се облака недолично ама пак за 16 годишна толку да се облака како стара баба не доликува,ама пак секој живее според според свои стандарди,од екипа сите ми се интересни,дени е закон,јулија со нејзиниот поглед малку е страшна но интересна.. :)