Semos/Brainster/Seavus Академија

Дискусија во 'Образование' започната од WhiteCat33, 14 мај 2021.

  1. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Од кога почнуваат курсевите оваа пролет? И дали за HR се одвива online повеќе или со физичко присуство некој што веќе има завршено?:)
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.322
    Допаѓања:
    21.570
    Пол:
    Машки
    Јас имам завршено на Quality Assurance академијата на Бреинстер и ќе си следиш на нивната страница кога почнува и до кога се има уписи. Нашето беше онлајн, само два пати бев во Скопје на запознавање и воведот во материјалот. Искрено ама најискрено би ти препорачал да не си фрлаш толкава сума на пари за таа академија, можеш сама да научиш од дома далеку поевтино, само доколку знаеш шо да бараш или да те насочи некој. :)


    И да hiring proces-от им е чиста 0, а на тоа се фалат.
     
    На Abel, Tam4yy и Hera L им се допаѓа ова.
  3. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Thanks:l::l:
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    248
    Здраво, дали некој има искуство со академијата за човечки ресурси на Brainster? И дали имаат некакви критериуми околу стипендијата оф 1000 евра?
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме интересира и дали е online и што е со физичко присуство многу нејасно му е пишано ова хибриден модел. Оти инаку online ми е многу:puke::envy:
     
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Дечки, најискрено ви кажувам за Брејнстер и Креатив хаб, не се трошете, 2000 и 3000 € многу пари се, а "знаењето" што се стекнува таму може да го добиете и со курсеви од 10 и 20 $ на Udemi и Coursera. Се е само добар маркетинг, ако мислите дека ќе ве вработат после се лажете иако таков нападен им е маркетингот. И ако мислите дека некој после таа акдемија ќе ве вработи исто не е така, без раб.искуство на пазарот на трудот нема вредност "сертификатот" што ќе ви го дадат. Можеби било на почетокот ама сега се презасити пазарот со вакви "студенти" кои ги има илјадници и не ги ни викаат на интервју. На една познаничка дури и се изнасмеале на интервју кога им кажала дека има завршено "академија" и и кажале дека не ги уважуваат.
     
    На Biljarkata, tina2018, A.V.S 91 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    26.291
    Пол:
    Женски
    Имаш добри поенти, особено за тоа како маркетингот на овие академии може да создаде нереални очекувања.
    Да, може да се научи многу и од евтини курсеви на Udemy, Coursera или дури и бесплатни извори како FreeCodeCamp. Но, академиите понекогаш нудат структуриран пристап и менторство што може да им помогне на оние што не се самоуки или имаат проблем со дисциплината. Притоа, не зборувам конкретно за гореспоменатите, немам лично искуство со нив.
    Сметам дека проблемот не е во академиите,туку во тоа што луѓето очекуваат премногу без дополнителен труд.
     
    На Ne znam koj, Spidy и Hera L им се допаѓа ова.
  8. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    136
    Работата е што они ги ствараат тие очекувања кај луѓето со начинот на кој се рекламираат.
     
    На MarcyNA и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  9. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    26.291
    Пол:
    Женски
    Да, има логика. Ако академиите ветуваат нешто што не можат да го исполнат – на пример, загарантирано вработување – тогаш тие придонесуваат за нереалните очекувања.
    Од друга страна, секогаш ќе има луѓе што ќе сакаат „брз пат“ до кариера и нема да истражат доволно пред да вложат пари. Тука е балансот – академиите треба да бидат транспарентни, а студентите треба да бидат свесни дека никаде нема гаранции без труд.
     
    На Ne znam koj и Tam4yy им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.322
    Допаѓања:
    21.570
    Пол:
    Машки
    Материјата ко материја ми беше интересна ја сакав учев и менторите горе долу сите беа ок.


    Нивната главна работа барем како што им е маркетингот дека Hiring proces-от им е одличен, а всушност им е чиста 0. А тоа на многу начини се уверив дека сам сум поажурен, а нив да ми простиш qr не ги боли. :)

    Затоа како најдобронамерен совет уште еднаш ќе повторам, да се заангажирате сами или некој акои мате да ви кажи што да учите и на интернет за 10 пати поевтино ќе го најдите. :)
     
    На *Ench@nted*, A.V.S 91 и Tam4yy им се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Точно и преточно. Затоа и беше мојот коментар. Нивното постоење и опстојување на пазарот е само врз основа на создавање на сон (вработување, кариера) и продавање на истиот. Целата реклама ја сведуваат на тоа како се менуваат кариери и животи и како тие придонесуваат за тоа, а чим заврши таа група почнува нова они си се сконцентрируваат на новите и препуштен си на сам себе. Да беше само едукативен центар кој се рекламира дека можеш таму да ги прошириш своите знаења во одредена област нема да има и очекувања од страна на луѓето. И најлесно е на крај откако ќе им земеш неколку илјади евра уште да ја префрлиш кривицата кај нив и да кажеш вие не сте се потрудиле и се сакате без труд. А всушност најголем дел од материјата се учи теоретски, а тоа менторство што е назначено е преценето. Менторите/предавачите доаѓаат си предаваат, ако не си навлезен претходно во областа и не ги потпрашуваш нема да дознаеш многу битни работи.
    Всушност само сакав да кажам од свое искуство дека Брејнстер и Креатив хаб се продавачи на магла. За Семос/Сивус немам такво мислење затоа што имам во Сивус поминато обука која беше преквалитетна во споредба со посочениве погоре и плус не се рекламираат на истиот начин дека вработуваат.
     
    На Ne znam koj, Tam4yy, A.V.S 91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Со Axapta некој дали има искуство? За курсот за бизнис аналитичар поконкретно
     
  13. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Дали можам да му се јавам и да ги одбијам на Brainster? Договорот ми го пратија веќе на емаил но не е потпишан од моја страна?
     
  14. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Да, ако не си му пратила потпишан договор ништо не е официјално
     
    На Hera L и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    Фала богу, некој да проговори :D Жал ми е што не се покажуваат "академиите" како што се рекламираат, ама да, заклучокот е тој. Не е сјајно воопшто во моментов во ИТ светот, тешко им оди и на оние кои имаат формално образование и искуство, а камоли на оние кои се тазе во индустријата. Совет: ако сепак сакате да смените професија, да запишете курс на било која од академиите кај нас, правете го тоа додека работите, додека трае целиот тој процес на "транзиција" бидејќи може да поминат и неколку години додека плановите се реализираат. Среќно на сите што донеле одлука да се испробаат :l:
     
    На Tam4yy и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Машки
    Некој што бил на човечски ресурси (semos, brainster)....да сподели искуство, дали вреди за таа сума...
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.322
    Допаѓања:
    21.570
    Пол:
    Машки

    Не сум бил на таа насока, друга бев, ама не вреди. :)