1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sheila Babes Pole School

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 27 септември 2013.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Sheila Babes е ново отворено студио за часови по фитнес и танцување на вертикална шипка. Часовите вклучуваат јога, стречинг (истегнување), кардио вежби, вежби за зајакнување на мускулите и егзотично танцување. Mоже да ги посетуваат девојки на различна возраст, без оглед на нивната тежина или физичка подготвеност.

    Со практикување на овој вид на фитнес губите килограми, ја зголемувате флексибилноста, истовремено го подобрувате вашето здравје и делувате на вашата самодоверба. Ги активирате сите мускули на вашето тело, а особено ги зајакнувате и тонирате стомачните мускули.

    Танцувањето на шипка никогаш нема да ви здосади бидејќи пред Вас секогаш ќе постои предизвик да научите нов трик или спин, кои можете да ги комбинирате со ваши движења или да составите своја рутина.

    Аутфитот е едноставен. Може да спортувате/танцувате боси, во патики или пак да облечете високи потпетици..како се чувствувате најудобно.


    Часовите со инструктор траат еден час и се одржуваат во Понеделник, Среда и Петок од 18h до 21h.
    Членовите на Sheila Babes ќе имаат можност да го користат студиото за индивидуални (самостојни) тренинзи во Вторник, Четврток, Сабота од 17h до 22h.
    Освен групни, Sheila Babes нуди и приватни часови за чии термини се договарате со инструкторот.



    Фб страна

    http://www.facebook.com/pages/Sheila-Babes-Pole-School/597647446952657

    Што мислите за ваквото танцување на шипка? Би се запишале ли?
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    На дечко ми другарка држи вакво школо,сакав да се запишам сеа од септември али ради обврски го одложив. Иначе радо би се занимавала со ваков тип на фитнес. Ем ке слабеам ем ке поднаучам некој марифет за пред неговите очи. :D :D