Shot for slim - ампули за слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од meU, 15 март 2013.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Незнам колку и дали сте запознаени со овие ампули, но последнава недела време гледам ги рекламираат на тв. Е сега наводно се многу ефикасни, нормално реклама, но дали навистина се ефикасни???
    Ги има ли некој пробано, искуства, совети за нив???
    Ај ве молам споделете информации.

    Според рекламата за 14дена, колку што има ампули се слабеат од 5-12кг. Секој ден се пие по една, а цената е 2480ден.
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Ајде навистина некој нека сподели искуство, мајак ми запнала ќе ги купува неможамда ја разубедам жената,
    како дејствуваат, дејствуваат воопшто??
     
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    И другарка ми пиеше од овие, додека ги пиеше слабееше ептен, а сега откако ги прекина двапати поголема е од предтоа.
    Па сега гледајте си :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Епа може треба и после да се држи некоја диета??? Или пак да се внимава што се јаде??
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    Она нон стоп јадеше млечни производи, овошје, зеленчук а и внимаваше на исхраната можеби 10 кг секако имаше слегнето, послем она се откажа од нив, и сега е станета дупло поголема. А сега откако ги прекина не сум правела муабет со неа на таа тема. Јас искрено не би дала 2000 денари за такви работи, подобро ке купувам нон стоп овошје и зеленчук.
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Ааа колку долго ги пиеше, само еден пакет испи??
     
  7. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    122
    Мајка ми сакаше да ги земе исто, ама личност компетента за тоа ни кажа дека препаратите за слабеење што се конзумираат (чаеви, прашаци, течности некој) во најголема мера доколку ги оставиш во чаша по извесен временски период ќе се направат црви.
    Замислите што би можеле да направи тоа на организмот..

    Е сега може Слим ампуливе не се такви, ама во најголема мера тоа било.
    Јас искрено се плашам, не би пробала :)
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Абе какви ампули, тоа се е хемија, а најверојатно и е многу штетна штом за толку малку време се ветуваат толку многу кг минус. јас толку ослабев со здрава исхрана, ама ми требаа скоро 4 месеци...истрајоност само, а не брзо привремено решение. Сигурно имаат нус ефекти многу, а и јојо ефект најверојатно :^)
     
  9. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    врска немаат,другарка ми џабе парите си ги фрли,2480ден ама ни грам не ослабе...ете едно искуство + имате сега,па вие видете :^)
     
  10. nikolina91

    nikolina91 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    денес мене ми стигнаја ги порачав па ќе го споделам ефектот со вас по 2 недели :)
     
    На zat и feminium им се допаѓа ова.
  11. glorija-sk

    glorija-sk Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    vrska nemaat, nitu topat masti, nitu ti go namaluva cuvstvoto na glad, naprotiv, jas nekako i se osekav pogladna, za negativni efekti, mislam deka ne bi trebalo da imaat barem spored sostavot, inaku vo sustina toa se dve goltki na sok od ananas, i toa e se
    imam mali iskustva so vakvi sredstva za potpomaganje na slabeenjeto, ama mislam deka ova e najgolem marketinski trik
     
  12. jovandam

    jovandam Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас си нарачав иако не верував многу, ама да ви се пофалам за 14 дена симнав 9 килограми.
    Сестра ми ослабе само 5,5 килограми.
    Изгледа реагира различно според метаболизмот
     
  13. DanielaSk

    DanielaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Прво не се ампули, туку е пијалок и да ви кажам искрено има ефект, затоа што јас лично ослабев 6 кг. и не ми се вратија килограмите, ама се придржував кон упатствата :up:
     
  14. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330

    Браво. Брат ми и мајка ми ги пијат.. скоро 5 дена.. викаат дека метаболизмот им се забрзал ненормално. А за слабеење ќе ви кажам за неколку дена.. нека поминат две недели. ;)
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nikolina91

    nikolina91 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    сакам да Ве прашам дали наместо вода може да се конзумира природна лимонада без шеќер?
     
  16. golubinka987

    golubinka987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    ова нема врска, не ослабев ниту килограм
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023

    Викаш се придржував кон упатствата, на што точно се мисли, има нешто пишано по што треба да се придржуваш??? И што е тоа?
     
  18. nikolina91

    nikolina91 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    ми останаа уште 2 за пиење шишенца и скоро ич немам ефекти...значи се ова е само маркетинг воопшто не сум задоволна...
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Каква чиста глупост, дури и на маркетингот не се труделе да направат нешто поавтентично, ако сте забележале дека кога ќе даваат слика на пред и потоа, тоа се двајца различни луѓе, дури не им ги покажуваат ни главите.

    Овие двајца погоре кои се пофалиле дека им делува регистрирани се во еден ден, и не напишале ништо друго на форумов, сигурно се дел од маркетинг тимот на овој напиток. Ослабела 9 килограми за 14 дена, тоа е медицински невозможно и чиста лага.

    Чиста топ шоп глупост.
     
  20. andersen

    andersen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Jas go koristam SHOT FOR SLIM veke edna nedela,dosega imam oslabeno samo edno kilo,ama sum zadovolna oti od ko se porodiv pred 16mes.nikako da oslabam ni gram. :*