Shto koga ne vi vredi zivotot?

Дискусија во 'Канта' започната од newgirl1, 6 октомври 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. newgirl1

    newgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Prvo se izvinuvam za latinicata. Imav dechko so koj shto bevme nekoe vreme, ubavo mi beshe se, arno ama zabremeniv na 22..Se omazhiv iako vikav deka mi e rano za dete i deka nemam ni rabota ni nishto, no nashite pritiskaa i celo vreme bea tie odgovori-koj zhivot doprva na 22, site ragaat, shto si ti da chekash na 30..i koga se porodiv letovo mi beshe mnogu odvratno..za zhal nemam majchinstvo, celo vreme mi se derea, bev psihichki i fizichki maltretirana i od moite i od nego, mi go davaat deteto a ja mislam na izlaganje, na zabava i zhivot..ednostavno od nekogashen ubav zhivot sega mi e pekol..Ne mi vredi nishto povekje i sakam da mi pomognete shto e najdobro..nemam ni pari ni rabota ni uslovi..ne mi e voopshto ubavo vaka, i samo tie muabeti se-zashto ne doish? Dosadno ti e? Odi chisti, ruchek..Jas im zboram za shoping i kafe, oni vikaat koj e toj shto iskacha..im zboram za patuvanja tie vikaat ne odi nikoj nikade..ednostavno nemam za kogo da zhiveam, nemozhe da se smeni ova, deteto e rodeni i toa e..shto e najdobro po vashe? Nemam ni prijateli, ednostavno sedam celo vreme i placham, pod stres sum..shto da napravam? Ve molam za sovet!
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Прво и основно ќе си лупнеш 2 шамари и ќе се освестиш дека имаш дете. Детето не е кукла па кога сакаш ќе си поиграш и ќе ја оставиш. Кога веќе си останала бремена (убаво било кога незаштитено си се ебавала) детето ти смета.
    Немаш живот, нема забава, нема кафиња, ништо нема од тоа што си имала преходно.
    Полека ќе го има и тоа. Биди мајка, сопруга, домаќинка, не може никој да не чини, а само ти да чиниш.
    Назад нема да си знаеш. Одсега ќе бидеш прво родител па се останато. Сакаш излегувања шетања, а не работиш!
    Ако парите паѓаат од небо или некаде се оди без пари, бујрум оди.
    Посвети се малку на семејството и ќе биде подобро. Со сопругот ќе разговараш за сето ова ќе се најде заедничко решение.
    Со твојов пост гледам дека се ставаш на прво место и тоа толку многу, што се згрозив кога го читав.
     
    На ANGIE1, cresa-jagoda, WORRIED.BT и 41 други им се допаѓа ова.
  3. DVAANGELA

    DVAANGELA Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    28.745
    Пол:
    Женски
    морад да се надоврзам,читам читам и не можам да си поверувам на очите што прочитав срамота и жалосно господ на секого му дава дете. Абре жено земи го детето и отвори ги очите, како немаш жал и чуство за тоа бебе што си го носела 9 месеци во тебе жалосно немам повеке коментар, и би те посоветувала да си посетиш стручно лице да ти ги отвори очите поубаво
     
    На WORRIED.BT, jacqueline.s, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.596
    Допаѓања:
    232.450
    Ти дете не си прочитало ниедна лектира во периодот одкако отвори тема за бременоста, па до денес.
     
    На cresa-jagoda, WORRIED.BT, jacqueline.s и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.575
    Пол:
    Машки
    Вистинта е ова се повеќе млади мајки наликуваат една на друга и во комшии имам ист случај, цурава мува не ја лази си искача кафиња мафиња свекрваи и мајкаи трчаат околу детето таа си се враќа со такси во ниедно време мажи камион сиромашкиот низ европа вози она со извињење на израз пи*ка тегне. Млада била требело да прошета
     
    На WORRIED.BT, jacqueline.s, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Пред да разговараме за совети, запрашај се следново :
    1. да не беше детето и маж ми ааааааааа ќебев ли до сега на некоја журка ? без работа и без пари
    - јас мислам не би била по журки и кафиња па, ќе си беше дома, ќе готвеше и ќе излезеше кога ќе имаш пари
    2. да не го родеше сега ЌЕ ЈА ИМАШЕ ЛИ ТАА МОЖНОСТ ДА ИМАШ ДЕТЕ ПОНАТАМУ ВО ЖИВОТОТ?
    - ЈАСМИСЛАМ ТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ, познавам жени кои првата бременост ја испуштиле и ашшш нема свое дете веќе иако нема разлика посвоено или родено, тие жени свесни дека еднаш го имале тој благослов и го отфрлиле дупло се јадосуваат
    Не можеш да се помириш и да прифатиш дека ТИ веќе не си детето туку жена која има дете и сопруг ... тоа не ти е баш паметно, еден куп девојки се обидуваат да оформат врски и семејство,а ти го имаш и си под стрес. Мораш да сфатиш, МОМЕНТИТЕ ГО ПРАВАТ ЖИВОТОТ е, душо еден таков момент те направил мајка за секогаш. Детето ќе си порасне, со маж ти ќе си излезете да го прошетате, ќе одиш на шопинг ама кога нешто ти треба ќе купуваш онака како што ти налага финансиската ситуација. Зборуваш за патувања, како ќе патуваше без пари и детенцето да не е родено? немаше да патуваш душо. Освести се девојче и види колку благослови имаш,а ги отфрлаш за некои илузии кои и вака и така сега не би ги имала. Гледај си го семејството и ќе дојде ден ќе патуваш и ќе работиш и уште едно детенце ќе си родиш најмалку. А ако имаш постпородилна деперсија ПОД ИТНО ДА ОДИШ НА ЛЕКАР, НА ПСИХИЈАТАР, ова за мајка не е баш разумен пост, извини.
     
    На WORRIED.BT, jacqueline.s, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DVAANGELA

    DVAANGELA Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    28.745
    Пол:
    Женски
    какво дете ова кој знаешто изрот ке да е?Верувајте кога ке прочитам и слушнам вакво нешто мисе:puke::puke::puke:па јас на 22 години родив па што ми фали море за такви само еде стап што би рекле старите 100 стапа по свој грп
     
    На jacqueline.s, Umbrella22, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    Не можела да оди на кафе и шопинг а нема скршен денар во[​IMG] џеб.
    Не сакала да дои, мислела на забава и искачање.
    На иста ли планета живееме?

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sparklie, Victorian, kjukli и 16 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    24.172
    Тешко на детето. А за тебе мајче ич не ми е жал, извини вака.
     
    На cresa-jagoda, WORRIED.BT, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.596
    Допаѓања:
    232.450
    Се сречава од доење во јавност де :rofl:.
    Замисли да држикш кредитни картици, шопинг кеси и плус бебе да мкнеш со тебе.
     
    На kjukli, tessie, Eli23 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Па таа самата е дете, значи млада е и многу нормално да сака и мисли на излегување, шопинг и кафе.
    Но, како што кажа погоре Алис, си го препуштила животот на другите да одлучуваат за тебе. Значи, ако отпочеток не си го сакала детето, постоело решение и за тоа. Но, кога веќе овде во приказната постои детето, за оваа одлука нема назад. Но, не мора да го размислуваш така црно, за секој проблем постои решение. Ако си на факултет, можеш да го завршиш и истовремено да се грижиш за детето. Или пак, најди си работа. Можеш да излегуваш на кафе, никаде не е забрането. Исто и со шопингот. Но, тие излегувања треба да бидат во нормала.
    А ако воопшто не си го сакаш детето, крај краева остави го. На ниедно дете не му треба родител што се чувствува како под казна, принуден да биде со него. Замисли како тоа би се чувствувало? Дека тоа нешто погрешило, а не неговите млади родители што не слушнале за заштита на 21-от век.
     
    На Sky-butterfly, WORRIED.BT, sparklie и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Оставете ја, јас вакаво нешто ни сум слушнала ни сум видела до сега и ако е тазе породена детево има проблем, овие работи не се за занемарување, познавам една жена близнаците саакше да си ги фрли низ прозор, ама сега тие се момци големи и сите се заедно, се среди жената.
     
    На Nausicaa, Eli23, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Дај не зафркавај, како може мајка да не си го сака детето бре ????????? бебе, мозоче ... па, не е ни прва ни еднинствена што се омажила поради бременост, па голема работа. Е, нема си го створил ли има да си ја превземеш одговорноста, тоа дете само на свет не сакало да дојде. Ова од маж па, некако ама од жена за мене не е нормално.
     
    На Umbrella22, Eli23, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.248
    Пол:
    Машки
    И јaс истo се згрoзив дoдекa гo читaв твoјoв пoст. Кaкo штo рече Дaлерoн убaвo ти беше дoдекa си имaлa незaштитен oднoс, a сегa не сaкaш дa бидеш мaјкa, плус сoпственoтo дете ти сметa, штo ми е незaмисливo. Тoa е прoблемoт сo млaдиве девoјки. Дoдекa дететo е вo стoмaкoт сè е слaткo и рoмaнтичнo, a кoгa бебетo ќе дoјде нa свет и кoгa стaнувaaт вo 2 сaaт зa дa гo нaрaнaт, дa му сменaт пелени и пaк дa гo зaспијaт плус ненaспaнoст нa мaјкaтa, сè изчезнувa.
    Твoјoв пoст ме пoтсети нa еден случaј штo гo гледaв нa телевизијa истo зa еднa млaдa мaјкa, имaше 21 гoдинa и дете oд гoдинa денa. Oд Австрaлијa е. Истo кaкo тебе сaкaше дa шетa, дa иде пo клубoви, дa биде слoбoднa, a дететo гo зaпoстaвувaше. Нa крaј сoпственoтo дете и стaнa терет и знaеш ли штo му нaпрaви? Гo oднесе нa плaжa и вoдaтa гo пoвлече и се удaви. Гo уби зa дa шетa.
    Ќе бидaм искрен ме преплaши сo пoстoв, знaчи истa е кaкo тебе.
    Нaјчoвечки те мoлaм oпрaј се дoдекa имaш време, пoсвети се мaлку нa дететo и мaјчинствoтo. Акo не мoжеш, пoбaрaј стручнa пoмoш. Пoсвети му се нa дететo oвие месеци дoдекa не пoтпoрaсне, пa пoсле врaбoти се.
    Уште еднaш ќе пoвтoрaм, OПРАЈ СЕ.
    Немaм збoрoви веќе.
     
    На WORRIED.BT, kjukli, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    15.761
    Пол:
    Женски
    Е добро де, и постот ѝ е глуп, ама па и многу од вашиве совети се глупи, површни и пристрасни.
    Семе Синапово и Мајка Богородица, свашта...

    Очигледно е дека се работи за разгалено девојче во чиј живот родителите се толку инфилтрирани, што го контролираат секој аспект од истиот...што е случај со огромен број Македонштина, и тоа не на 22, туку и на 42 го имаат муабетон: Седи си сине, чекај добра прилика, ние ќе ти даваме пари.
    И си седи на готово...така е научена од мала де, што? Не е единствена, ни прва, ни последна.
    Е, куку леле е кога они ќе ти одлучуваат и дали/кога да се мажиш и имаш деца, да ја бркаш кариерата што тие не ја фатиле ко млади, итн.

    Неа можам да ја укривам што лета со паметот и што не користела заштита. Толку.
    Ама нели, кому колку му сече...
    Останатово се родителски хирови и исконската потреба да се продолжи лозата или да не пукне срамот...примитивизам до коска. И тоа треба да е срамното - што не седнале да размислат за детето за кое треба и самите да се свесни дека, по однесувањето, очигледно не е доволно зрело да биде родител и дека можеби утре тоа внуче ќе биде никакво благодарение на родителското невнимание.
    Ама не, битно да се роди.

    р.ѕ. Пост-породилна депресија, ениуан?
    Фалат многу други делови. Колкав е таткото, која е неговата улога во сето ова, како тој се справува со родителската улога... Не рипајте бре, аман! Бар мајкиве ве читам по темине некогаш како сте исцрпени и ви фали живот и тоа со испланирано бебе/семејство, а не па девојче кое го присилиле цел живот да си плаќа за грешката (фатално, ама пак не е прва, ни последна). Не ме јеби...

    Милион пати сме го правеле муабетот со другарки: Не секоја вагина е створена за да е оплодена.
    Во некое идеално општество, одлуката дали некој/а да се плоди/размножува, би ја носел тест на интелигенција кој не смее да е помал од 105.

    Не знам, сложено е. Кога веќе бебето е тука, греота и себично е да го баталуваш за да се наживееш.
    Можеби кога нема да е толку зависно од тебе, да направиш некаков компромис - некогаш ќе излезеш ти со другарки, некогаш сопругот со другари, па некогаш заедно, а вашите ќе го почуваат.
    Не знам па што толку шопингот и одењето по кафиња го сметате ко „имање живот“, али секому своето. Може те заебал, ама животот не престанува кога ќе станеш мајка. :^)
     
    На Gosh, Edie.S, Valerin и 13 други им се допаѓа ова.
  16. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    96
    Очигледно станува збор за постпородилна депресија и ти е потребна стручна помош, многу подршка од твојот сопруг и твоите родители.
    Велиш немаш пријатели, но земи го детето и излези со него, прошетај по паркови и игротеки каде има мали деца и ке запознаеш други мајки, кои можат со разговор за децата многу добри совети да ти дадат.
    Можеш да шеташ со детето не мора само дома да седиш. Разведри се и сфати дека си благословена со дете , не секој ја има таа прилика .
    Времето поминува и еден ден кога ке се свртиш позад себе ке сфатиш што си изгубила и што си можела да изгубиш, младоста не е вечна.
    Познавам една жена која не го сакаше своето трето дете и се обиде да го отфрли но со стручна помош доста добро го препроди лошиот период, која подоцна беше добра мајка и сопруга.
     
    На Sky-butterfly, Nausicaa, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Ајде бе да го остави, е што совет и даде :clap: за тебе.
    Тоа дете има и друг родител не е копиле па да го остави.
    Едит: Гочевска, па зарем не читаш дека во целиот пост таа воопшто нема чувства за тоа дете, неа и е пречка во шетањето.
     
    На kjukli, Cka, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    100.049
    Пол:
    Женски
    Пред се да се стане родител не е мала работа. Особено кога една девојка станува мајка неа и се менува буквално цел свет и физички и психички. Ти и сама кажуваш дека не си била спремна, но ете те убедиле и си се омажила и родила. Имаше време 9 месеци да се навикнеш на идејата, да се помириш со фактот, да се приврзиш со бебето. Јасно ми е дека и кај долгоочекуваните посакувани бремености се појавува постпородилна депресија, и кај тебе гледам таков случај. Прво и основно, детето не е само твое, секако ти си му најважна во почетокот и твоето млеко, прегратка, љубов, му се најнеопходни за да живее, но каде е тука татко му, твојот сопруг, колку тој ти помага околу одгледувањето и ти се наоѓа тебе емотивно?? Разговараше со него за твоите чувства? Живеете сами или со неговите? Ти помага некој околу пеглање, готвење и сл.?? Напорно е нормално, но прво и прво мора да си ги преиспиташ приоритетите, сега за сега најважно мора да ти биде твоето чедо, да е најадено, преслечено, затоплено и најмногу од се да ја ориентираш целата твоја љибов кон него. Како може да ти биде умот на шопинг или кафе?? На иатина не те судам, ни најмалку, но не можам да сфатам некои такви нешта. Да знаеш дека бебето ти плаче по тебе а ри да се расшетаваш негде.. стварно извини но не ми е поимливо. Јас кога одам да се капам а син ми на пример не спие и е Пази СО ТАТКО МУ јас сепак умот ми е да не ме бара или да не плаче, или ако нешто е немирен да не му вика тарко му.... само тука ми е умот а има 2 години, комотно може цел месец без мене кај баби дедовци да го пратам на гости... но ете не ми доаѓа на памет нешто такво.
    Најпрво ти препорачувам да направиш муабет со сопругот, да посетиш некој психолог зошто мајчинството не е мала работа и го знам тоа, и со договор со вашите родители организирајте на пример два саати да го чуваат бебето ти и маж ти излезете на јадење пиење, другата недела нека тој го чува оди на шопинг, козметичар и сл. Дури и да ти дадат еден саат на раат да лежиш во када со маски на лице и да се релаксираш направи така. Подобро да се 'помачат' еден ссат со бебето и да се издуваш, ќе видиш друга ќе си и ќе имаш повеќе елан за да си продолжиш со детето полсе тоа. А дали имаш 22 или 32 не е ни важно, инстинкт и внатрешна побуда е тоа, во генот е и си е природно дадено, не се учи со годините... така бар мислам јас. Сума сумарум не ти е за замерување муабетов нити само да те исплукаат и осудат, не се занемарува, барај под итно помош, и секогаш повторувај си дека сега си МАЈКА!! Погледни го товето детенце во очи и само замисли што тоа гледа кога те гледа тебе - се што има и се од што зависи неговиот живот!!!
     
    На Nausicaa, Eli23, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    @Outlook @Daleron Дали некаде таа во постот спомна дека го сака детето? Дека го сака, ама сака и да изглегува? Не. Јас освен дека го смета за пречка друго не прочитав.
     
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што укажува дека нешто не е во ред, ако нешто не превземат ќе се каат еден ден.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.