еј фала што ме просветливте :geek: Пред 2 месеци ми зборуваше колешката дека внука и (која патем има 6 години) била пресреќна што си купила шашави ластичиња, а јас се чудев што е тоа сега гледам некои гумички во разни бои, па добро и ние на времето имавме некоја глупост што ни беше хит (касандра стегачи пример )
Шашави ластичиња- прв пат слушнав за нив од мојот брат( 8 год.) Јас не би ги носела некако ми се како за помали. Еве мојот брат ги обожава.
Ја иам накај 15 али не ги носам многу се детски за деца од 5 до 13 години само коа треба да врзам коса ми се наоѓаат
Богами, баш се шашави во боите...и не, не би ги носела - too childish ми се некако, па ако сакаат сите старлети по ред нека ги носат, мене едноставно не ми се допаѓаат.
Баш вчера ги видов на една другарка-шарени се и слатки се...Можеби би ги носела на некое искачање, весели ми се
Хм, добри стари времиња... Носев како помала нешто слично на шашави ластичиња. Баш денеска видов едно девојче од комшиите си носеше. Ми се свиѓаат, различни бои, баш во склоп на летово. А инаку не би носела сега баш, на овие годинки , сметам дека повеќе им личат на девојчиња до кај 13- тина години, а ако некој си има изградено таков сладок стил, зошто да не, може и за поголеми
Мене ми изгледаат премногу детски и не сум нешто посебно одушевена од нив.Па и на рака не ми делуваат симпатично,имам впечаток како некој да намотал волница од стара расплетена блуза.
Ластичиња како ластичиња не им обрнувам нешто многу внимание..Вака на рака не би ги носела премногу детски ми е,на коса па што да не ако ми се уклопува со моменталниот аутфит!Вообичаено носам потемна боја ластици,црни или кафени!
Носев еднаш (ми се паднаа во ОК) и многу ми се засвиѓаа. Ептен се интересни и даваат поинаква смисла на целокупниот изглед. Само нормално е дека не треба да се носат кога се оди на свечена вечера или нешто такво ! Па и познатите ги носат само како што кажав не кога идат на доделување Оскари Мене ми се допаѓаат и можеби некогаш пак ќе си ги носам
Според мене.....жива глупост. Гума со никаква боја која ти зафаќа место на рака и те грепка. Да бев дете мозе и би ми биле интересни ама сега ми се без врска. Ниту имаат поента, ни ништо. И многу ми е глупаво кога ќе видат повозрасни девојки со вакви на раце. Мислам, на дваесет години ти носиш дреч жолта гумичка????
Изгледаат интересно и разиграно, ама сепак повеќе сакам нормални алки. Не носам,ми изгледаат некако многу детски
Толку се слатки и интересни, но за мали дечиња. Повеќе сум за нормални алки во боја. Спојлер Мојата комшика има 7 години. Има шашави ластичиња околу 50. Други 10 за на врат. Други 10 за на нога. Други 10 за на прст. Околу 90 има.