Шашави ластичиња? Ноу, тенќу. Нема да негирам дека се детски ама па во некоја летна комбинација би иделе. На пример кратка фармерка, маичка на прерамчиња(шарена или црна) и десетина вакви шарени шашави ластичиња на рака би изгледало слатко, за некоја прошетка, низ маало или во двор, може и дома. Станува збор за вкус, но како и да е јас не би ги носела. А ако веќе ми падне некое вакво во рака добро би ми послужило како ластиче, често си ги губам стегачите
Немам и не би купила... премногу ми се детски. Плус не ми одговараат на стилот. Сега плус е зима, мразам да ми се тутка нешто под ракави.
Мене лично не ми се допаѓаат ми изгледаат премногу детски и глупаво Но, секој со својот вкус, на кого му се убави нека ги носи
Најслатки се ги обожавам имам околу 40 дома но мачето кое го чувам дома само ми ги кине ги кријам но секогаш ги наога
Се чудам колкава реклама и фама кренаа овие ластичиња. Се интересни, ама не се ништо посебни. Имаше на Опра шоу за изумителот, како од ништо створил милиони долари од овие ластичиња. Просто неверојатно....
Чекај бе, ова како алчиња се носи? ОЗбилно, јас мислев дека се стегачиња, ластичиња за коса, ама така со форми за поинтересни Ај мајката, тогаш не сум по последна мода Ќе морам да си купам, ќе ми одговараат со шаренилата во умов
Би ги носела на лето. Супер би одговарало со некоја летна комбинација, што има повеќе црно или бело и да се освежи комбинацијата со 3-4 ластичиња во разни бои. Или пак, со комбинација во 3 бои да си ставиш ластичиња од тие три бои. И да, можеби се детски ама мене ми се многу весели и интересни
Имав само 5-6 ама не ги носев, ги дадов на другарка. Може би ги носела ако имам, ама во лето, не ми се за сега, за овој период. Тоа што се детски, детски се, ама можат и интересно да изгледаат понекогаш, а и да се најдат како ластиче за коса .
Незнам зошто сте се запнале детски та детски Има некој возрасни ги носат, и познатите личности во некои комбинации, на пример, Шакира. И баш видов одма кога се отвори темава почнаа да се пишуваат коментари од типот: „зошто е отворена темава?“ или „незнаев дека постоеле овие како алки“ или „братучетка ми од 4 год. ги носи“. Забавете малку, во прашање е стил! И да, тоа не значи дека ги носам и дека неможам без нив!
Како за врзување пиперки за во замрзнувач ми се. Никогаш не би носела, не сум ни носела, впрочем сега дознавам дека вакво нешто постоело.
Врзување пиперки Инаку јас си имам дваесетина вакви дома, си ги купив уште пред некое лето и бев како дете пред сладолед. Ми се допаднаа баш поради тоа што се детски и шашави. Сега не ги носам, но преку лето кога сум надвор од инспирација на некоја кежуал комбинација гарант ќе ги лупнам.
Имам вакви дома еден куп, јас не ги носам сестра ми ги носи. Ги купував летото додека бевме по одмори ваму-таму, а сега не
На почетокот ми беа интересни... Ама сега не можам да ги замислам. Не знам што се толку штосни???, им направија голема реклама и одма америчкото лудило не зафати и нас. Не се ни познаваат облиците кога се на рака, обична гума се башка. Абе не, не ги сакам. Овие само за дечињата в градинка личат.
Абе кај можам да најдам ? м ? Детски се стварно ама па интересни ми се мене Ако сум толкаво магаре, не мора по 20 на рака да се редат...3-4 во една боја и ке потполниш детаљ. Стварно кај ги има ?