1ден-1кг.јогурт со најмала млечна маст 2ден-1кг.млеко со најмала млечна маст 3ден-урда(несолена) 4ден-варен компир(300-400гр) 5ден-зеленчук еднолично варен или свеж(ако почниш морков и цела ден морков) 6ден-риба или пилешко варено или на скара(400гр) 7ден-овошје исто така пак еднолично(ако почниш праски и цела ден праски дозволено 1кг) 8 ден-рибаили телешко или пилешко печено или варено(400гр) не смее да се јаде зејтин,сол,а чај или кафето да бидат без шеќер. 3л вода на ден
вакви теми треба ВЕДНАШ да бидат избришани,многу тинејџерки ги читаат темиве и сигурно почнуваат со нездравиве диети,ќе си го уништат здравјето
Овие диети ги препорачуваат во Силуете кога ги правиш нивните третмани антицелулитни или било што друго за слабеење. Кога ќе се изгладнеш на ваков начин и плус масажери,многу нормално дека ќе има резултати. Но ова не е здраво. Јо-Јо ефект има веднаш. И да го нема јо-јо ефектот,замилете се денес со еден литар млеко само. Многу е строга диетава и немојте да се залажувате со тоа дека за 8 дена ќе се симнат 8 кг. Пред се тоа мора да е некој нездрав начин (а зошто ви е таков воопшто),ама и некако ни природава не дава да се симнат толку многу кг за толку кратко време
јас имам пробано само првиот и вториот ден ги издржав и ослабев 2 кила ама е многу тешко ми се вртеше
И јас и сестра ми ја имаме држено диетава. Меѓутоа малку модифицирана: Прв ден - млеко (по можност што помалце масленост) и не се ограничувавме на едно литро Втор ден - јогурт (во принцип баланс) Трет ден - сирење (јас преферирав да јадам кравјо за диетава) Четврт ден - варен компир 1кг Петти ден - риба Шести ден - Зеленчук (златна мешавина или било што од зеленчук) Седми - Овојше Сестра ми за 2 недели изгуби 8 килограми, а јас 4ти. Нема да кажам дека е многу ефективна со оглед на тоа колку е строга, меѓутоа сестра ми е упорна и за 4 недели изгуби 12-13 килограми... Нормално, сестра ми во вторите две недели не се придржуваше строго кон диетава... мислам кој би можел ахах
a mlekoto,dali moze da se zameni so nesto dr. zosto jas ne pijam mleko.mislam ne mozam da go podnesam...pozzz