Како се викаат вашите лепотици? Што работат? Која им е животна цел? Кои се нивните особини? Сликнете и нешто од ентериерот на вашата куќа во играва, пофалете се за вашиот труд околу уредувањето на куќата фамилијата и сл. па да избереме и најубаво ако може
Јас како олдтајмер во темава, со тројката уште сум, и чисто не се одделвам од неа зошто имам многу труд внесено во смисла на додатоци како облека, коса и слично. Толку долгогодишен труд шо ми се чини ако слезам 4ка не само шо ќе треба наново да слегвам туку и другово џабе ќе ми е. Како и да е денес некако се намамив и денојве планирам да слегвам по линкот погоре шо е за 4ката, а за то време од огромната папка named Drama да споделам по нешто: Ова ми е една од поомилените куќи шо сум ги напрајла, горе покрај езерцето на основната мапа. Спојлер: Куќата во детали
Следна куќа која ми е во омилените е онаа која никна на истото место откако старите луѓе се отселија. Спојлер: Куќата во детали И мојот омилен дел: Сепак оваа куќа со 10 дозволени слики по мислење неможам да ја опишам, огромна е.
И неќам кога пишувам толку мислења под мислења ама ме ограничува на 10 слики по мислење ... Ова е уште последна работа која сакам да ја споделам, свадба која со саати играта на пауза ми беше за да средам по вкус, и после морав да ги преселвам луѓето зошто не се дочистваше .... #guiltynotguilty Спојлер: Детали од свадбата
Се гледа дека си вложувала премногу труд, оваа куќа ти е совршена, со мераци си живее фамилијава внатре. Јас сум премногу мрзелива да поработам на екстериерот и да ја направам со повеќе спрата.
Оф па мене градењето најинтересно ми е, дај јас ќе ти градам ти играј едит: зошто полека се збогувам со играта да споделам една од најинтересните случки. Си беа маж и жена В иТ. Т беше кретен и откако имаше дете со В ја остај за А. И сега место В да е лута на Т, она си најде друг - Џ. На забавата Т е мн љубоморен и се случва ова: И овие два се разведуваат, она се венчава со Џ, Т со А и двата имаат бебе (не ми е јасно како два мажи можи да имаат дете во играва а две жени не) ама Т го остава А ради И, а ја остава И ради Т, а во меѓувреме постојано оди на посети кај В зошто се комшии. The end. Најслатки ми се овие слики: И во еден период пред околу месец дена имав изградено цел град со мои луѓе ама после ми се багна играта па сега немам толку многу мои луѓе поќе се од играта и со мои куќи, ништо нивно.
ми фалат овие делови кога си го растеш и воспитуваш детето... Иначее Крејзи реши да направи нормална девојка ии тоа завршии вака... Ќе морам два поста бидејќи нема да собере во еден а сакам целосно да ви ја покажам Спојлер: мај дива
@CrAzZyYy нема растење деца во 4ката? Иначе јас пред да легнам ја пуштив да се слегва и не се слезе, до пола се слезе и после вика дека неможела да се дослези, имам меморија се, ќе пробам уште еднаш, ако неќи фак ит.
немаа, не ги учиш да одат , не ги учиш да зборат, нема дадилка можат сами да седат дома уште од бебиња...
Играта ти е инсталирана автоматски само што кога ке ја уклучиш ке ти биде на кинески јазик. Еве за сите оние што го симнале торентот инструкции, бидејќи единствен проблем е јазикот. Ќе одиш во Downloads или во било кој фолдер каде што си одлучила да се симне играта, потоа ќе наидеш на RldOrigin исто овака е пишан десен клик и Properties и ке здогледаш едно подоле Read Only ако е штиклирано ќе го одштиклираш. Потоа ќе го уклучиш RldOrigin ќе ти се појави како текст во Notepad и на првото тебе Language ти е ставен zu_TW , ти ќе го ставиш на en_US ( мора овака напишеш како мене инаку нема да делува) Потоа Save и уживај во играта. Ако најдам patch за најновата верзија 1.22 ќе ве известам или пак ако пронајдете вие известете ме
Сега колку што разбрав има нов апдејт. Август верзија 1.22 можно е да се усовршени и тие работи. Типкава ти е бомба посебно овде
Сабајле ова ми се напрај на полојна негде дур спиев, сега дур бев на пракса арно беше, ко си дојдов слегваше и пишеше уште 30 минути, и јадов се преслеков и ова ми излегва пак. Не знам дали ПАК по трет пат наново да ја слегвам не знам дали вреди веќе.
Јас уште ја немам dine out бидејќи ја нема на замунда а страв ми е дека ако ја симнам од др место ќе ми се зезнат другите бидејќи од замунда ми се. Иначе се надевам дека ќе ги усовршат затоа што веќе ми се здосади играва, само фамилии и куќи правам не ја играм воопшто. И многу ти благодарам, јас искрено си се заљубувам во секоја нова направена девојка хахах
Во мојот торент што го објавив тука има се во едно и Dine out. Донекаде ја усовршија сега можам да си заклучувам врати, па непоканетите гости да си чекаат надвор.
Оди во Downloads и види дали ти е симнат фајлот од играта. Ова можно е да зависи од местото каде што ја симнуваш играта јас еднаш ја симнував во Downloads и бидејќи фајлот ми беше преполн ми се правеше исто овака црвено па преместив да се симнува се на десктоп. Имаш ли доволно меморија во драјверите?
аа јас и вака можам да си заклучувам врата без dine out, иначе ја имам веќе инсталирано, градено симнувано не ми се остава за се од почеток, а ако ја симнам од твојот линк ќе треба се од почеток зошто тоа е ко пакет некако, а само dine out да ја симнам од др место не ми е сигурно дали ќе работи до овие од замунда
На RldOrigin или на RldOrigin.dll Жими се на она мачно слегвање има многу внимателна да сум во инсталацијата.