Одиш само во Registration. Пишуваш безврска емаил, безврска јузрнејм , само запамти го пасвордот и јузрнејмот и готово. Не давај свои лични податоци.
значи сепак да пишам пропало на се и да почнам од почеток а... офф ќе ми треба време ајде се надевам ќе ја прежалам, од кој линк симна ти? има нешто ко минатиот без инсталирање без кракување само да симнеш и да е инсталирано или нема?
Здраво и јас да се приклучам на муабетот Порано ја имав 3ката обична верзија некоја, без додатоци ништо, но кога го форматирав лаптопот ја деинсталирав. Сега ја симнав оваа, но имам проблеми. Уклучувањето трае околу 30 мин., а некогаш не ни сака да се уклучи, само се полни тоа зеленото, до бескрај. Или пак ќе ја играм играта и кога ќе уклучам мапа на градот, се блокира и се укочува се, и после пишува дека stopped working. Бавно ми одеше симнувањето, и се нервирам да не треба да ја бришам, дека баш ми се допадна. Кај вас како функционира? Не сецка?
На почеток ми се пушташе околу 15мин, сега побрзо и во игра не ми кочи туку ако играм над 3 часа почнува да ми сецка, во глобала е добра
Добар е РАМ-от, ама можно е графичката да не ти ја поддржува играта. Каква графичка имаш? Исто треба да имаш и околу 10 гб слободна меморија Пробај да ја играш играта на најниски нагодувања, да видиш дали ќе помогне.
Кога ќе ја стартуваш играта и ќе дојдеш до почетното мени, оди горе во десниот ќош кај трите точки и вклучи ги game options На ова мени, горе намести на windowed fullscreen, а доле кај графика на сите селектирај medium, па доле на apply changes. Би требало да е доволно, ако пак се исклучувa тогаш намести ги на low. Ce надевам ќе помогне ова
Пробав со low, дека на medium ми беше, ама пак не сака. Ништо од бизнисот, фала многу на помошта сепак, ќе најдам некој друг торент.
Пробај, ама за жал мислам дека графичката картица на твојот компјутер е веројатно преслаба за играва. Ако пак не оди, симни си ја Sims 3.
Еве и мојте, преѓе ти вратив кога не бев дома зато малку е сиромашно мислењето, сега влегов во играта и гледав на сатот за колку ќе влези - точно една минутка. Можам да ти кажам дека прв пат ко влегваше мислев дека заспав над лаптопот, не ми се исклучваше играта зошто знаев дека после то ќе треба пак да ја пуштам. Многу сакав да ги однесам во иднината па тоа чекав ... пре-предолго првиот пат кога ги носев ама секое следно пуштање на играта ми оди побрзо и побрзо. Побрзо се пушта, побрзо можам да одам во Парис пример, додуша и првиот пат кога одев необично брзо одеше. Према делот каде ме има цитирано погоре, се работи за Симс 3 со сите експанзии. Ете да си ставам и некоја слика кога веќе пишам мислење ахаха Јас уживам да правам драми во играта ама према тоа што читав на нет, Generations ако не се лажам додатокот, ми ги квари работите дебело со тоа што ако некој е cheater абе ѕвезди да слегва неможам да го венчам, ни па сериозно да почни со некој. Мачката ми фати буби никако неќеше да ја искапам. И најубајот дел, пишеше на нет кога провервав дека прв пат magical abilities се јавуваат околу тин возраст, мене ми се роди бебе вештерче. Ајде, барем негде можам вештерка да бидам. Штета ја немам сликано најновата куќа, омилена ми е засега.
Ooo, a jac цело време мислев за Симс 4 збориме Порано многу ja играв Симс 3, и jac eднаш имав дете вештерче Ми фалат миленици во Симс 4
Лелеее како одиш во Париз и сите тие останати ствари, јас искрено никако да најдам време да поиграм малце, играв играв ама никако до зима да стигнам. @LollySky и јас мислам дека ти е графичката преслаба, и малку послаб лаптопот и затоа кочи, и кај мене исто после 3-4 саати почнува да кочи, кога ке се загрее лаптопот пошто се ми е во скут и тогаш почнува.
@Emanuela12 јас слегов од тука и сум презадоволна од играта, неколку дена со ред ја играв шо е доста чудно зошто одамна ме немаше толку задржано играта. На почеток малку поќе ми кочеше сега е во ред.
Имам пишано пред неколку постови и има линк за тотент Леле и јас и го имам меракот ептен ама никако немам време да седнам, после работа последно ми е пак на компјутер да седнам и не памтам кога го имам уклучено. Сега си ја симнувам баш на работа.
Ај да пишам може веке знаете ама мене од вчера ми е ова откритие. На сајтов www.thesimsresource.com има све и свашта од гардероби, фризури, кондури, намештај, цели куки, коли, све да симнете. Кога ке симнете од фолдерот кај што ви е зачувано го копирате во my documents/electronic arts/thesims3/downloads. Во играта кога ке влезете на тие трите точки ке кликнете open louncher, па downloads ке ги селектирате сите ствари (најдобро една по една или по две три ако се помали) и ке кликнете install, кога во редот статус ке ви се појави икона како карта со стрелка значи инсталирани ви се стварите, најдобро да ја изгасите играта па пак да ја пуштите и све што сте симнале ви е таму. Ептен ме израдува ова вчера кога го открив. Исто така треба да се логирате на играта ако немате акаунт, можете да се логирате на симс сајтот, барајте на гугл the sims 3 login, и најдобро од се не ви треба код од играта (којшто го немате ако е симната од нет). Све и свашта има буквално. Ако сакате по клучни зборови да пребарувате на сајтов мора да се логирате, може и со фб.