http://fitgirl-repacks.site/sims-4-deluxe-edition/ Сите dlc's ги има оваа верзија. На англиски е, нема потреба за промена на јазикот. Само што кај мене не ја фаќа играта, оти пц-то ми е 10+ години старо, па заглавуваше на 61.51% или нешто така.
@theowndemon, алал да ти е за куќиве. Мене ме мрзи да градам, па во готови ги сместувам. Иначе јас играм со типката од поназад. Прво беше прва дама на симс светот, ама се разведоа со претседателот и сега е мажена за тинејџерската љубов. Имаат многу деца, не знам точно колку се. Некои се преселени, некои живеат кај бившите партнери на двајцата... Ги собрав сите на одмор, некои не се ни познаваат меѓу себе. Мажот е бодибилдер, женава не работи ништо, ама ептен е фејмс, има неколку милиони следбeници на социјални мрежи.
На компјутерот, Social Networking. Има да ставиш слика, статус, слика од миленичето... Највеќе се собираат следбеници од Viral Video.
Мене ми здосади и другата куќа ... За да не ставам многу слики во 100 мислења, на прв спрат има огромен и релативно празен ходник, со пиано, цветичи, мало место за седење и мал рафт со книги и две столчиња. Има две работни соби, две дневни соби, две кујни и две трпезарии. И тоа се на спротивни страни зошто куќата ја правев симетрична со ист редослед ама различни бои и форми. Трпезарии: Дневни: И на горниот спрат има 6 спални соби ако не се лажам, две соби со каминче и за седење и уште два тоалети, на долниот спрат има исто така два тоалети ама премали се не можев да ги сликам, а и сакам да ставам поубајте само. Е сега и горниот спрат е симетричен и двете страни се како огледало, само пак мали промени во боја и декорација ама се исто наместено, сепак неќам да е исто инаку шо фајде. Сега ќе ставам слики само од најубавите кревети. Спални: Останато: И нормално од страните на куќата има еднакво големи базени. И плочки и дрва кои ги кријат. Патот од вратата до главниот пат го поплочив со треви од страна и така. Ќеф си напрајв сега со ќеф ќе играм ептен по мерка ми дојде.
Си напрајв нова фамилија за куќата горе. Она кога со душа чекаш да бидиш криминалец: Она кога една кујна ти е премала и одиш во другата just for the lulz: Се знајме еден ден, шојма врска: Свадбата: Прва брачна ноќ: И не секој ден гледаш невеста шо игра кошарка: И толку се лоши и во овај ден оваа успеа да се истепа со еден чоек, да налути уште двајца до безкрај, а овој другиот штом ова ги налути - тој ги брка. И сега да видиме шо ќе биди дете дали ќе се фати, ќеф ми е за едно да си го разгалат, да не ми се погоди триплет како претходните. Неочекувано.
Јас малку по малку последните две- три недели си изградив мал дел од градот. Сега да ги ставам. Куќа 1. Во првата куќа направив огромна фамилија, и покасно децата ги одделив во свои куќи. Допрва ќе му направам пријатели за да има со кој да почнуваат врски, ова- она. Па сега се останати само родителите и двете најмали деца. Куќа 2. Втората куќа е на ќерката, тинејџерка. Не знаев дека до сега тин можеле зами да живеат! Куќа 3. Третата куќа има и базен на покривот. Куќа 4. Куќа 5. Оваа ми е лично омилена зошто единствени две врати се надворешната и таа од тоалетот. Има внатрешна тераса која не сум сигурна дека ќе можам да ја доловам со слика и конечно можев да употребам од оние апстрактни, троделни, огормни уметнички дела. Повеќе ќеф за тоа ме фаќа. Сега ќе градам деновиве и за други фамилии, не само оваа огромната што ја рашетав низ целиот свет.
Леле, играм SimCity BuldIt на таблет... Многу, ама многу се заразив, деновиве дури и се прашувам шо ми се случува и зошто дозволив толку мн да трошам време на една таква игричка...
Дали некој ја игра Симсот на мобилен конкретно за андроид телефон прашувам? Од кога направив апдејт не ми ја вклучува.
Чекајте, чекајте, полекааа... Мене изгледа долго време ме нема . Како тоа мажена за претседателот?! Тоа доаѓа со некој абдејт? Се десава нешо има стварно улога или ти си направи сторија?? Ајде симсери просветлете мее што се има ново, јас во меѓувреме ке направам еден преинстал за да го симнам последниот абдејт