Jа симнав оваа пиратска верзија на "Get Famous'' и по инсталацијата го добив ова. Логично пошто е пиратска, немам origin. Па, прашањето ми е дали може да се направи нешто за да профункционира или да ја бришам? Се обидов да ја cut-нам и пренесам во друг фолдер како што бараше, но и понатаму не функционира. https://zamunda.net/download_go.php?id=552905
Проба некој неприатска основа со пиратски експанзии? Вечер планирав да ја остам да се симни играта за утре да роварам малку ама шубе ми е да не пиратувам. Еј до кај стигнавме.
Ќе пробам денес јас, зошто 2 дена ја утепав од играње оригиналната и ми здосади, нема многу за играње. Ќе ве известам што биднало.
Океј, пробав. Го имав симнато ова и кога пробав да го инсталирам ми се појави ова: Може да приметите како иконата на "The Sims 4" се промени и дополнително нешто се додаде на местото од "My PC". После кликање на "OK", се исклучи и ништо не се појави дополнително. Кога кликнав на "The Sims 4" ми се појави ова: Ја browse-нав, но не ја најдов. Пуштив "Origin" и ми дава опција да ја инсталирам оригиналната, што значи дека веројатно некако се избриша.
Мене уште не ми здосадила без експанзии Таман пред испити сега наместо да учам дремам на симс по 3 саати
Не знам, не ме бидува многу за инсталирање игри. Порано кога ја имав 3ката, ги симнував сите експанзии посебно и посебно секоја ја инсталирав. Веројатно така ќе треба и за 4ката. Зошто она 20 гб-тното од таа "FitGirl" беше со 1 setup и на него ваљда беше обичната 4ка заедно со се екпанзиите, па затоа не можеше. Ќе пробам деновиве да ги најдам посебно и да видам дали ќе функционираат така. Патем, се изнасимнав разни модови и пак ми е досадна само оригиналната 4ка, нема многу активности за праење.
А јас можеби пак ќе си ја вратам тројката. Некако поинтересна ми беше, многу ги играв вештерките и духовите, па кола си возев, точак, и многу додатни содржини и модови имав. На четворкава, само рестораните и милениците ми се подобри, друго не знам што.
Сакав да си ја играм пиратската верзија со сите packs што си ја имав пред да ја симнам бесплатнава base game, ама кога пробав ме поврза со origin и ми ја отвори таа оригиналната само со base game што е. Прашањето ми е дали ако го деинсталирам origin, ќе ми стои таа оригиналната на акаунтот или ќе ја изгубам и дали тогаш ќе можам да си ја играм пиратскава со сите packs или морам да ја реинсталирам. Побитно ми е ова да не ми се избрише оригиналнава, пиратска секогаш можам да симнам од ново.
Оригиналната ти е симната на Origin и таму си стои. Во секој момент можеш повторно да ја инсталираш. Ист принцип како со Steam. Ваљда...
Доколку ја симнувате бесплатната верзија и потоа пиратските експанзии тие никако нема да се појават во играта. Ви препорачувам да симнувате пиратска верзија која има доста добри reviews со оглед на тоа што со пиратирање доаѓаат и низа на проблеми. Секако мора да обрнете внимание да е тоа последната верзија ако планирате да користите Custom Content во играта. За сега, јас мислам дека најдобри се торентите на замунда и skidrow.
Друштво, зошто не ми функционира WickedWhims, не се ни појавува менито за избор? Само на оваа симс верзија која ја инсталирав не сака да работи и ги покажува само двете опции прикажани на вториот screenshot. Се обидов со 'ww.fix' командата но, залудно. Некаков совет? @ToksycznaReakcja
Пред да инсталираш види од која до која верзија можеш да го користиш модот во игра. Зошто и самите они прават апдејт.
Крејзи кој симс е ова? Многу јако го направиле. Последно играв двојка пред многу години, ми дојде желба пак да ја инсталирам кога ги видов сликите .
Купив цд симс 2 кога одам да ја инсталирам ми бара крак го пишува и ми вика не е точен мислев е до цд. Тој каде што го земав мие познат ми даде уште 4 други да пробам и на нив истото( ни еден код и крак) не е валиден. Како можам да ја инсталирам?
Друштво, знаете ли пиратски квалитетни линкови за оваа верзија, а да не е замунда? https://zamunda.net/banan?id=512490&hit=1&t=game