Модови има симнато. Вакви шминки, фризури и облеки нема во base game ниту пак во expansion packs нажалост.
Модови (скратено од модификејшнс) ти се додатоци во играта кои ги имаат направено фанови или луѓе кои се занимаваат со тоа. На некој начин ја променуваат/подобруваат играта. Имаш доста страни од кои можеш да ги симнеш (баш една членка погоре има постирано линкови од такви страни) а прашај го јутјуб како да ги вметнеш во играта, лесно е многу. Можеш да симнуваш шминки, алишта, перики, куќи, средени соби. Буквално се што има веќе во играта па и повеќе, апгрејдед. Порано кога играв симс не можев без модови никако.
Фала ти многу на одговорот! Баш ќе разгледам сега. Но ако се пиратски не смеам да ги симнувам, затоа и сега си играм без expansion packs. Не бива да плаќам по 15-20 евра за секој, ако не и повеќе..
Не се пиратски. Ти се симнуваат или како потребниот фајл или како .zip кој со два клика можеш да го extract-неш. Буквално се што не ти е јасно прогуглај и изгледај туторијали. Ќе навикнеш после. И јас појма немав. Исто така, некои модови бараат да имаш expansion packs така да кога ќе се впуштиш во барање, барај само за base game. Инаку јас кога ја играв, најдов еден магичен линк со сите expansion packs и со два клика се инсталираше играта. Негде на јутјуб го најдов, човекот што ја постираше му посакувам вечно да живее. Се мислам да си ја симнам пак наскоро па ако го најдам линкот ќе ви го постирам тука.
Лелеле извини многу касно гледам. Фала ти . Инаце ова се се ЦЦ од thesimsresource чепкај таму свашта може да најдеш
Колку гб зафаќа сега Симс? Да си ја инсталирам на стариот лаптоп, па ако се расипува, бар од Симс нека биде.
Ја играв на времето јас,али не многу.Сега Веренцијата моја ја игра,буквално кисне по 2-3 саата на новиве Симс Ако сака некој,имам акаонт на Замунда,можам да му дадам,и така 20 луѓе го користат,па да си симнува што сака
На кои графички опции ви е играта поставена, а да не ви кочи/сецка? Како шо инсталирам expansion packs, stuff packs.... многу се натрупува играта со content и знае да лагира од време на време, како е кај вас?
Зависи што хардвер има компјутерот,на ултра е све кај мене на компјутерот,со 24 инчен монитор фул хд,нема лагирање,кочење,све е супер.
Дечки имаме ли линк со последниот абдејт? Јас од замунда имам симнато некој стар и сега ќе треба од почеток се па да знам ако има нов барем да вреди
Гледам јас последна сум си пишала изгледа сама си играм хахах. Еве нова СИМСИЦА од мене, Ве чекам и другите
Провери перформанси на 2ката ако ти одговараат симни си ја, јас 3ката воопшто не ја играв ја инсталирав и некако не ми се допадна и се вратив на 2ката па сега последниве години ја играм 4ка. Имаш многу модови и за 2ката, ако се одлучиш и ја симнеш, пиши ми слободно ќе ти пратам линкови за алишта, коси, шминки и за 2ка.