Е го читам ова и ко јас да сум го напишала. Играв 1 уште на времето се сеќавам од комшика на цд ја земав да ја инсталирам хахахах, после пораснав и сфатив дека постои замунда па си ја симнав двојката хаахахха, таман ја испосимнав ја средив со сите експанзии и модови излезе 3ка, ја симнав и неа и сфатив дека сепак не сум пораснала зошто не ми се се свиѓаше 3ката и плачев за сите додатоци на двојката што ги имав и ги избришав. Си ја вратив 2ката и ја играв додека не излезе 4ка. И еве веќе со години играм 4ка, ми остана уште последниот абдејт другите сите ги имам, и не и се радувам баш на 5ката искрено.
Не знам каква ќе биде 5ката и дали ќе успее мојот PC да ја поддржи. Ама идеално би било да ги спојат предностите на 2 и 4 во една игра. Ужасно ме нервира што има милион експанзии и треба да чекаш да излезат, па да чекаш да ги хакнат, па да инсталираш....ќе ми се сос*ре од играта додека ја наместам се комплет.
Јас си ја симнав пак пред некој ден, до сега напрајв неколку куќи. Ок, да бидам попрецизна, три. Првата ми одзема најмногу време шо оти одамна немав градено, шо оти реално е најголема од трите. Другите се малечки и некако ептен уживав да ги прам. 1) Ова беше голема куќа, онака уште се враќав во форма кузнај од кога немам градено. Спојлер: Слики 2) И после си реков уф преголема е куќата и ја ... избришав. И му реков на брат ми да напрај чоек и го напрај Robin A'Bank и сега решив дека само Робин ќе го премествам од земјиште на земјиште и ќе прам куќи. Ова е првата куќа на Робин и решив да ја напрам помала: Спојлер: Слики 3) Тука веќе сфатив дека и втората куќа е .. голема иако е далеку помала од првата. И решив да одам на уште помало. Па го преселив Робин на земјиштето в комшии. Спојлер: Слики И то е то, ова само шо ја завршив па си реков ајде и другите да ги ставам. Следно пак сакам нешто поголемо да прам, нешто со многу треви по ѕидојте, со лазачи. Нешто како шо се претставени Италијански градови по сериите/ филмовите.
Боо, браво! Што ти е занимање ако не е тајна? Ептен те бива. Јас одамна ја немам играно Симс, ќе морам да ја спуштам, ептен добив инспирација сега.
Јас сум психолог, а мојот лик, Robin A'Bank е крадец. Али има желба да е ветеринар исто така, поделен е. Штета планирам само да го преселвам и ми е ликот шо ко ќе начичкам се да помини да види дали се врви.
Се слегвам од тука: https://fitgirl-repacks.site/ Луѓе имам проблеми со CC. Во играта имам чекирано да прима CC. Отпаковам и ставам се во Mods и играта едноставно не ги селектира додатоците. Имал некој ваков проблем?
Мене прв пат на симс 4 вака ми правеше ама ми беше симната од некоја страна не знам точно, мм ми ја инсталираше. Многу ме нервираше што не сака и на крај ја купив и тогаш си функционираше како што треба.
Провери во Game Options, дали ти се селектирани и Скрипт Модс. Но ако не ти ги покажува ни тогаш до верзијата е или многу стари модови или имаш постара верзија.
Да, во опции е селектирано да треба да прифаќа. Тоа шо слегвав беше баш "трендинг" пошто не чувам ништо од претходните. Друга верзија да слезам? Од друго место?
Лелеле моѓентално имам оѓгромна желба да играм симс, ми цркна лап топот и сега ми е на сервис. Полудувам кога ми текнува дека ќе треба се од почеток
Какo да ја симнам симс? Некој детално да ми објасни? Кога бев мала ја играв многу симс1 мислам беше ,и сеа ептен сакам да ја симнам.Пробав ама не биваше. Хелп.
Ја видов тука темава Симс и се потсетив на врмето, како деца кога уште немавме дома сите интернет јас и брат ми ги купивме сите делови што беа излезени за да ја играме и да бидеме во тек со новитетите. И јас ја инсталирав Симс 4 од кога видов дека има ваква тема, си најдов занимација, како да немам други обврски .