Штрумфетке, ќе му зготвиш мисирка на професорот. Кога ќе дојде, направи му тура низ домот. Детето нека му покаже низ куќата, најдобро е. Потоа ќе му зборуваш додека стигне вечерата, детето нека си се покаже. Нешто покултурен муабет, не знам дали имаше разни теми во двојката. Мене секогаш ми влегуваше детето во прајват скул, ама додека го управив... Си отиде неколку пати разочаран. А да, мислам дека кога ќе дојде мораш да го поканиш внатре, инаку не влегува. Има поени во горниот десен агол, како што се сеќавам. Ако имаш над 90, примена си. Не ме држи за збор со поениве, тука некаде беа.
леле зошто неможам да ја пуштам симс 3? Се направив , ја инсталирав, кракирав ...играта се пушта , ама кога ке дојде до делот каде што си бираш во која населба да живееш, таму ми бара диск ....
Конечно го оправив, не знаев што требаше да му правам, место вечера јас пред да дојде ќе направев ручек, па се чудам зошто не дава поени за јадењето цц.. послемто го шетав низ куќи ама требало show room да му кликам јас безвеза сум го водела по мене. Толку се поените ама јас добив 100 и кусур, сега и двете деца ми се на прајват скул.
На мојава куќа женското што го посвоив ми порасна и е тинејџер сега , и дека во особини има евил на компјутер освен плеј гејмс, барање работа, играње шах, пребарување веб може да прави трол он форум. И и кликнав еднаш да трола малку на форум и после следно седнување и пишување демек да провери за одговори и имаше повратна порака во смисла дека ќе биде делетирана и на крај име и презиме од некојси, тоа ми се појави во горниот десен агол, кај што излегуваат потсетувања за автобусине за нашколо и колине за на работа ко ќе ги земаат Инаку ова прв пат го видов на тројкава кај мене, имаше протест пред тоа што е собрание, за политичка кариера, мојта старка бабата (мајка на таа евил што тролаше ) случајно се најде тука барајќи една пријателка, еве слики:
А мене ми е многу јако кога ликот ти е селебрити, ќе стаса до врвот на музичката кариера и после може да дели автограми. Си застанува пред театарот и си дели бе, најкултурно. Уф ама ми се игра симс, мислам дека ќе прегори лаптопов ако ја инсталирам.
Лукс ја среди а? браво кул многу ова со протестов, не сум налетала Инаку кога е селебрити најинтересни ми се кога позираат на фановите
Ехеее Алиса ја од кога ја средииив, цедето тука ми е во секое време, тогаш го зафркнав за еден крак беше работата, а ја пуста не знајв да го напра Сеа уште додатоците, од кога ги барам, најдов еден линк се спушта кај братучед ми, па ќе видиме што ќе направиме со амбишнс, битно мене ми е интересна. Е оваа Елинор што тролаше животна желба и е да достигне 10-то ниво во музичка кариера и таман ќе дели потписи и ќе се слика .
Феминки имам еден проблемм ..ја спуштив late night и нема кафичи во градот не можи да излегват навечер..не знам во шо е проблемот..
Може не си го одбрала правиот град, еден е само на late night....а кафичите отвараат после 2, дискотеките после 4, може затоа...Инаку градот на late night се вика Bridgeport, таму се кафичите, баровите и дискотеките....
ве молам погмогнете ми не знам како да се снајдам со симс 3, како да ја вселам фамилијата во куќата која што сакам?
Мене Симс 3 ми е многу глупо нешто,вчера ја инсталирав - вчера ја избиршав.Симс 2 ми е многу подобра.Планирам да си ја инсталирам Симс 2 деновиве.Најомилени ми се Seasons (има 4 годишни времиња па со дожд,ветер,град,снег,сонце и сл,облека за секое годишно време) и Bon Voyage (има 3 острови и преубави се,можеш во море да пливаш,да правиш куќи од песок,пак нормално имаш пица и суши достава,полиција,прва помош и др.) Јас и читовите ги користам.. хуху
Нешто да ве прашам (дека е први и имам гига) планирав да ја симнам симс. Т.е дали треба одкога ќе се инсталира да се стави на це-де? Дека моето такво за це-ди-ња не ми работи, цел компјутер ми се кочи, а имам дома празно це-де.
Леле вчера се згазив, ја играм играта и дедото ми беше прилично стар па викам ај ќе ја доиграм да умре па ќе се исклучам. И нели смртта доаѓа како ѓавол и го зема човекот. Е кај овој дедото беше посебно, ѓаволот носеше ланче од розеви цвеќиња и со него водеше девојка и таа носеше па шарено ланче и играше . Му се случило на некој вака? Инаку си направив гробница, сега имам 5 гроба хохо, рекорд постигнав со оваа фамилија, веќе не ги множам, нека умрат и тие и ќе имам гробница од цело семејство . Елена нема потреба да ја ставаш на цеде .
Moже оти од природна смрт умрел... Јас немам така доиграно до крај, ме фаќа мрза и ми се досадува, па правам ново семејство.
Мене ми се исклучува играта. Кога подолго играм и после некое време, самата игра наеднаш, додека играм ќе ми се укочи и после тоа ми се исклучува, ми иде на десктоп и ми го дава некако изобличен, зголемен. И се нервирам ако сум играла подолго, и ако ми се случиле некои важни работи а не сум зачувала, се ми е изгубено. Инаку зборам за симс 3. Знаете зошто би можела да се исклучува? Можеби е до ЦД-то, зашто на други другарки не им прави така. Можно е во ЦД-то да има вирус?
Не не, супер е компјутерот, нов хардиск, нова матична плоча ли како се вика, се е ново, знам брат ми купуваше за една негова игра што е уште појака од симс и пак вака. И сега морав да ја избришам и пак треба да ја инсталирам.