http://search.monova.org/search.php?ter ... ms+3+crack Повели Оффи,мислам дека го симнав од овде Си го решив јас проблемот со снимањето Ама сега имам друго прашање,може некој детално да ми каже како се инсталираат додатоците за симс 3? (секој чекор)
Хм.. не знам, јас сменив аспирејшн и умрев едно непотребно посвоено дете и така почна да ми се случува. Инаку една моја другарка ја игра играта и и` се родиле близначиња. После некое време и ги одземале, ваљда не биле добри родителите и сега децата кога попораснале и шетале низ куќата а не можела ништо да им прави. Па сега може ли да си ги врати назад?
Штрумфетке ова мене досега ми се нема случено ни на 2 ни на 3. Знам на 2 децата ми заминуваа во некое школо и не се враќаа повеќе толку памтам. Од чудни работи еднаш на двојката машкото ми заспа и не сакаше да стане повеќе од кревет, не се поместуваше, а на тројкава исчезна од под зеленоно стрелче, беше в када се капеше ама невидлив и после тоа не сакаше од таму да излезе нити па се гледаше, среќа не го снимив и после се си беше во ред.
Женски абе ми правеа формат на компјутерот и сега ја немам симс 3 ама заборавив и од каде ја симнав зошто пробував од повеќе страни и не сакаше, ај некоја нека ми пушти линк во лп и ако не и е тешко нека ми каже како да ја инсталирам.Фала
Ми се роди бебенце. Пошто не сум стигнала до тој левел да имам дете, е сега незнам како да го оставам некаде на кревет или било што само да не е на подот. Се таму го оставаат. Сега кога сакам да кликнам на него да го земат или да го хранат, пишува дека неможе. Стрелката кога ја ставам на него е сива ништо не се појавува за да направам со него. Помош.
Купи му детско креветче, само таму може да го стават, на друго место не. Кликни на креветчето и оди после ,,Пут ин криб,,. Кога е мало не може многу да му се прави, чекај нека стане ,,тодлер,, па ќе го учиш да оди и да зборува.
Денеска ја инсталирав Симс 3 и никако да се навикнам. Ми се чини дека Симс 2 беше некако подобра. Е сега сакам да ве прашам дали може да се зумира на скролот и зошто со глувчето не можам да ја вртам куќата(малку глупо звучи прашањево) ама се изнамачив бре со тие стрелки лево - десно, горе доле . И да, симсовите не сакаат да се качат на вториот спрат во куќата никако. Што ли им е проблемот незнам
Колку сум изгорена за да ја играм тројката немате поим Го скапав од молење дечко ми да ја инсталирам кај него (оти кај мене не бива) и не ми дава за инает Си ја инсталирав вчера и апартмент лајф, онака да не ми стои цедето
Јас го инсталирав симс 3 , во грешна папка сум го ставала кракот Боа и мене ми беше тешко на почеток, десен клик за да ја вртиш куќата и на скролот ти е зум
И се заблагодарувам јавно на Штрумфетка за изградената куќа Туку да ви кажам што им направив . Си вселив само една типка во куќата, си ја запознав со еден маж и така си ги омажив и тој се всели кај мене. Е сега одат во различни смени на работа и додека жената навечер е на работа тој сам дома, се јавив на една друга да дојде и им ја оправив работата и ја испратив пред да си дојде оваа другата . Е сега им одам трај фор а бејби ама некако слабо ми оди работата нешто неќе да ми остане трудничка оваа . Инаку и ставив аспирејшн да сака мани