Оваа Симс опен фор бизнис стварно е интерсна Си отворив продавница и имам ранк 3 А да си прашам како ја зголемувам популарноста и како муштериите добиват ѕвезда? Каде се сликите знам документ и еа гејмс ама има само симс Има само две слики од играта Заборавив да прашам како да направам да не се оклучува автоматски со компјутерот?Кога ќе го оклучамкомпјутерот веднаш се вклучува
ме удара понекогаш да си пуштам симс и да си играм за темање досада, барем така времето бргу минува , вчера си ја инсталирав петс додатокот и она сизонс, ама сезониве и не ми се пуштаат баш, на интеренет видов дека треба да врне дожд, снег и сл а кај мене нема ништо , а и она фешн нов додаток ми е, барем нови фустани имам. Ставрно ја сакам играва !
Па можеби моментално ти е лето, затоа И ако сакаш повеќе фустани не ја симнувај фешн-от, симни си фустанчиња има еден куп по страни за симнување и тоа убавки
А во соседството кога ќе влезеш таму горе кај икончињата на сизонс да не ти седи плус??? Значи треба да го додадеш. Не ми текнува за сизонс дали има, ама мислам дека да. Ако си ја инсталирала зошто да не ти функционира ... ај провери.
Па одат по ред, прво е пролет па лето, може затоа толку долго ти се чинело. Имаш ли такво кај опциите за зумирање и за вртење над нив како една искривена лента? Едното правоаголниче има сонценце, другото цветче, лист и снегулка. Ако ги немаш, тогаш веројатно не си ги ни инсталирала сезоните
Баш сега проверував и изгледа не се инсталирала , малце фалично беше ЦД - то што го инсталирав, знам како треба да изгледа сизонс бидејќи ја играв на стариот ком... ама нема врска сега ќе пробам да ја симнам и ќе си ја инсталирам. Друго чаре немам
јас немам на братучет ми има, сега одма ќе му пишам од замунда да ми ја симни и ќе ми ја прати, фала мн на советите
Леле па јас баш повеќе сакам женски деца да ми се раѓаат! Има секогаш поубава облека за нив, поубави фризури и.т.н. Мене ми се роди со фамилијава што ја играм Ginger Kid, морковче е Многу смешна фаца смачкана има и мешано во ликот на мајката и на таткото И машко е
Има шифра за близнаци Така од ништо мене многу ретко ми дава близнаци, ама и не сакам многу се тешки за чување и никогаш не можам на двете супер аспирација да им постигнам.
Епа прво во соседството ја пишуваш таа долгата шифра .. (boolProp testingCheatsEnabled true code) што јас искрено не ја преферирам многу ама ако сакаш терај, и после одиш на трудната симска, држиш shift, кликаш на стомакот нејзин па на more и селектираш debug:force twins, и толку е. Имаше и друг начин ама пробај го овој ако не по нет ќе ти барам друго.
Ако ви е за тројката за близнаци треба да им ги зголемите шансите за да имаат, во rewards ќе појдете на fertility treatment и на мајката и на таткото и сигурно ќе ви се родат, дури и тројки мене ми се имаат раѓано, ама што се тешки за одржување се.
Инаку да ви кажам ако не сте ја знаеле странава http://www.lianasims2.net/ има доста убави облеки за женски И плус да ви откријам една финтаа Сигурно се нервирате коа сакате нешто од нет да си симнете а тоа мора да се плати, најчесто се наречени Donation packs.. Епа има една страна, а тоа е: http://paysites.mustbedestroyed.org/booty/ и кога ќе влезете во неа, си бирате дали за ts2(The Sims 2) или ts3(The Sims 3). Таму има листа на веб страни со работи за симнување за било што за симс, мислам дека ги има сите можни страни за кои треба да платите а од овде ги симнувате без никаков проблем. Е сега, бидејќи не се покажани работите со слики на странава, односно покажани се ама со линкови и треба линк по линк да се клика за едно сликиче, за да си олесните работата, си бирате некоја страна од наведените и ја пишувате на гугл (има и некои страни со грдички работи, ама затоа ако ги погодите има и страни со многу јаки работи). На страната кај што ќе одите кога ќе видите некој објект кој неможе да се симне бидејќи треба да се плати, го запомнувате името негово и го пронаоѓате на горенаведената страна каде најчесто во форма на zip или rar го симнувате Се надевам дека ќе ви биде многу од корист, поздрав
А за да симнеш од пирате бај за симс некој дел мора ли да симнеш ова: Спојлер http://www.getmiro.com/ http://static.thepiratebay.org/img/guid ... se-tpb.png Треба ли да се регистрираш за да симнуваш и како знаеш дека тоа што го бараш е вистинското бидејки има многу
Кај мене па само машки се раѓат . И веќе таа шифра не ја користам жими се. Вчера додека ја играв времето си тече симсовите не мрдат, децата пропуштија автобус, таткото пропушти кола за на работа и морав да не ја зачувувам а колку само изиграв. Некогаш не соже да зборуваат, некогаш не можат да седат двајца на еден тросед ... и многу други работи заради еден аспирејшн што сменив оооффф..
Ах Штрумфетке, ни јас не ја користам веќе. Кога ја користев ми се пореметија симсовите ... една демек вештерка ја праев, ми излезе на сонце пепел се стори кутрата После кој знае што стискав и некои кутии од небо само паѓаа Не не, јас и таа шифра сме скарани веќе подолго време