Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sims (Симс)

Дискусија во 'Слободно време' започната од inn, 5 мај 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Толкууу се напнав сега и ќе го рогнам симсов глупачки.
    Уште тоа ми требаше како капак.

    Значи сакав да играм ферски без шифра за пари, и направив совршен симс, го сместив во сирота баракичка со мачето, го вработив мачето, го вработив симсот, се изнамачив да му наполнам поени а воедно да го учам мачето команди за да биде ѕвезда, и овој таман достигна таму некој си заменик директор кој го знае што беше, нема врска, 1400 земаше плата ееееј, и ми се појави едно од оние задачине, и несакајќи ми се стисна без да прочитам, и гледам тој доаѓа дома црвен цел, отпуштееееен!!!!! :@ Тотално ми идеше да земам и под нозе да го згазам. Глуп глуп. Зошто не е паметен како мачкана, бонус од 20 000 и дадоа. Ехе, а сакав да ги селам. Нема. Од сега се жени ќе правам. Мажите не ги бидуваааааааааааааааааа. :swear: Докажано и на Симс. :!:

    И тој со тоа што ми зема предмети од дома за неплатени сметки уште еднаш ако ми се појави ќе уклучам да играм со некој вештер и во жаба ќе го претворам. Прост, тој знае или не дека е рецесија??? Глуп. Само ми крева притисок.

    А оној батлерон кога ќе го вработиш, 3 пати по твојата возраст има, ама за ич ништо не го бива. Глуп и тој. Мерачки си го отпуштив, сељак, он на мене ќе ми дремуцка низ дома за безвезе.

    И не играм веќе вечерва, ќе го треснам комјутеров уште малце. Многу сум како потресена. :lol:
     
    На Cacy и Smilly им се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    ^Теди во Милитари и во Медицин најголема плата земаат.
    И јас така играв едно време без шифра, колку е само убаво од сиромашна куќарка да си ја уредиш од се најскапо, се постепено, мх.
    Инаку и јас ги играм со по 8 членови ги бафтам угоре удоле, откако ја инсталирав се со едно семејство играм :D .
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.023
    Девојки, јас лани ја играв симс 3 ама ја избришав и сега пак ја снимам. но ве читам дека имало додатоци, па да ве прашам колку се вкупно сите за да си ги симнам?
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Пет би требало да се, ај најубаво види си пак овде.
    http://www.thesims3.com/
    Не ми е тешко да ги играм со по 8 мене во една куќа, ама глупаво ми е сестрава и братов во една куќа, сакам да можеше некако да се направи после преселување 2те куќи активни да бидат, освен ако не се прави во едит таун, па тие што ќе ги одселиш пак одново да ги вселиш во некоја друга куќа.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.023
    Да, пет се.
    Фала :*
     
  6. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Овие додатоците по колку гига ви зафаќаат? Јас сега симнувам world adventures ми се гледа интересно. Вие кои ги имате?
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Знаеш што ми текна :?:
    Па купи поголема земја и во неа направи две куќи и посебно ќе живеат а ќе можеш да командаш со сите :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Хаа добра идеја ;)
    И мене ми има текнато на ова, ама немам пробано, ај ко ќе пуштам да ја играм, па ќе ставам слики што сум направила .
    Фала што ме потсети, за ова имаш што сакаш :*
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Си симнувала делови од пирате бај?
    Бидејки симнав симс 2 апартмент лајф ама незнам како да ја отпакувам мислам инсталирам :?: :$
    Ако можеш да ми ја кажеш процедурата :?:
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Немам симнувано, за инсталирање па исто како и другите додатоци ако е тоа додаток за 2ката, одамна ја нема играно не се сеќава. :^)
    Ги следиш чекорите само, штиклираш тоа што треба, а претходно не знам да не треба на цела основа да се инсталира, па после сетап, па на крајот да се кракува, ама не ме држи за збор, не знам точно ни ја, нека каже некоја феминка што ја игра двојката Офи знам беше експерт за ова со симнување :)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547

    Не се снајде ни таа ;(
    И кажав ама не бивало нешто :!:
     
  12. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Ај хелп :?:
    Ги однесов мажот и жената на одмор во шатор и заглавија во него |( проблемот е тоа што одам да ја деактивирам опцијата слееп ама ништо не се случува ...тие си седат во шаторот. :devil:
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Единствено на што ми текнува е да ја исклучиш играта без да ја зачуваш и пак да ја пуштиш за пак да продолжиш да играш, инаку и мене такви чудни работи ми се случувале, ми заглави еднаш во када и не излезе од тогаш и амин играње со него во таа куќа ако не направев како што ти кажувам, и повеќе пати на кревет така ми имаат заспано, на поинаков начин не знам како да се реши тоа , во секој случај е интересно.
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мене ми се има случено, ги однесов на одмор мажот и жената на островот, и кога дојде времето да си идат дома во градот, само мажот се врати, жената ми остана. Незнаев што да правам, не ми ја даваше куќата во градот да ја вклучам затоа што семејството било на одмор, неможев ни да ја вратам и жената отпосле... На крај пишав на гугл како да ги вратам двајцата и ми излезе одговор дека треба да го избришеш островот и автоматски ти ги враќа во куќата кај што живеат во градот. После тоа можеш пак да стиснеш да се создаде местото каде што сакаш да ги носиш :)
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    шифрата за пари ја знае некој ? =/
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Motherlode.
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    motherlode или clapauicus ctrl+shift+c одеднаш и пишуваш една од овие, првата е за 2ката и 3ката.
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    сигурно е вака clapauicus ?
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    На clapaucius сум мислела, печатна грешка се извињавам . ;)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Абеее, clapaucius е за симс 1, за Симс 2 си е motherlode.