Да да немора да ги имаш претходните делови за да ја скимнеш мада искрено повеке ми се допага симс2, ја извадив 3ката и ја избришав На torrentz.eu пиши симс3 и ке ти излезе, а можеш и преку замунда ако имаш јузер
Не знам кој ме натера да направам update на играта, ја имам Симс 3, и сега не ми се пушта Некој со сличен проблем да ми помогне? Постои начин тоа да се поправи некако без да морам да ја бришам и инсталирам пак?
^ Тргни го кракот од играта (ако имаш инсталирано други делови од играта, ова е многу битно бидејќи ако ја кракирате првин играта а потоа инсталирате друг дел од играта пр. петс, кракот од петс ќе ја идентификува вашата игра дека е пиратска па цело време ќе ви бара апдејт на лаунчерот.), или преинсталирај ја, а фолдерот од ЕА гејмс тргни го на десктоп, така тоа што си играла нема да ти се избрише, кога ќе ја инсталираш играта пак само врати го фолдерот на место. Се надевам ме разбра, ако не, пиши ми во лп за поубаво да ти објаснам.
Сто пати пробав да ја симнам,и цд купив ама и тоа не го биваше..А многу сакам да ја играм играва..Некој проверен линк ... ?
Најголемите проблеми со Симс 3ката се или не ви е доволно јака графичката или процесорот. Затоа и на многумина не им се инсталира, видите си ги конфигурациите, ги има и на википедија. Имаше на една страна која ти проверува дали ти одоговара играта или не ама сум ја заборавила. Мене ужасно ми сецкаше тројката и ја баталив, па ги инсталирав 2ката со сите продолженија. На Дивајнче господ здравје да и даде со таа страната за симнување на работи, по цели денови ме занимава башка и какви работи има, фантазија. Омилена ми е апартмент лајф, ептен ми е интересна си идеш кај комшиите си јадеш, пишеш, кo и твоја куќа. 2ката ја има на пиратотот со сите продолженија. Еве еден торент, со сите заедно а можете и една по една да ги симувате ги има сите посебно. http://thepiratebay.sx/torrent/7186461/ ... tuff_Packs
Лани кога го купив ко инсталирав и играв,арно ама кога ке се исклучеше лаптопот играта сама си се бришеше и мораше секој пат од поново да ја инсталираш.Прееска пробав да ја инсталирам пак и ја инсталирав арно ама кракот не сакаше да се префрли во бин ми бараше да го изрежам ,а пакна цедето немаше место и ми пукна филммот ја избришав ,џабе се изнамачив
Може ли некој да ми објасни како се игра играта што треба да правиш, бидејќи јас не сум ја играла до сега, а сега си ја симнав Симс 3 од замунда само сега треба да ја ставам на CD за да можам да ја играм
Епа одбираш семејство со кое сакаш да играш или пак си креираш по твој избор и треба да управуваш со нив тоа ти е исто како во реалниот живот имаат потреба од храна, хигиена, спиење, забавување.. Им бараш работа за да можат да си обезбедат средства за живот, па учиш вештини како пишување, сликање и др. од кои некои ке ти користат во работата. Па треба да влезиш во брак, да основаш семејство и се со ред... Не спомнав помалите одат во училиште и имаш повеќе фази во животот: новороденче, па малце поголемо бебе, па дете, па тинејџер, па возрасен човек , стар човек и на крај умира.. Интересно игриче за бркање досада
инсталирана ми е играта, но неможам да најдам во што е проблемот. не ми дозволува да ја играм , секогаш ми се појавува истото прозорче
јас ја префрлив од цд во компјутерот прочепкав нешто и мислев сум ја инсталирала ама то било подолг процес.. и му реков на брат ми да ја ми ја инсталира и ова маклу му помогна http://www.youtube.com/watch?v=qcAwL9u6-Eg сега незнам што е проблемот кај тебе.. ако не пробај одново стави ја во компјутер ако ти е на цд ..