Првата продавница Sinsay се отвори во Ист Гејт,а по некое време и во Рамстор Мол. Што мислите за овој бренд? Дали имаат квалитетна облека/накит? Какви се цените во однос на квалитетот? Ако темава е дупла или не потикнува дискусија-канта.
Јас често купувам. Кога ги немаше кај нас имав купено едни чизмички во Белград, 3 години се , прави нови се уште. Сега имам купено и за бебе, ги перев ги пеглав исти останаа.
Дали имаат некои блузи/блузони,а да не се само кроп-топови? Како стојат со сезонската облека? Јас имам купено некои маички од таму,и еве баш сега носам една,и колку што гледам по перењето и пеглањето имаат квалитет.
Како за цените што се ефтини, работите им се убави. Исто и стварчињата за по дома им се супер. Може да се каже дека располагаат повеќе со basic и секојдневни парчиња на облека и додатоци кои вредат за парите и на изглед и по квалитет.
Сум наоѓала добри бејзик парчиња и долна облека а ми се свиѓа и делот со ствари за дома, генерално со цени се многу океј и пристапни. Задоволна сум и од квалитетот до сега како ми се погодило.
Колку пари, толку музика. За децава купував некои парчиња, одма се истегнаа маиците, се искривија, исто и тренерките, ластиците скроз се извиткаа после прво перење. За мене и мм не сум купувала, ама искрено, Синсеј ми е избор кога купувам алишта што не ми е важно дали ќе траат долго, односно алишта што ми се за физички активности надвор низ двор за децава. За друго баш и не.
Имаат да , разгледај и во Ист Гејт и во Рамстор. Сеа последно гледав имаа предобри новогодишни работи за низ дома....
Мене па за децава многу ми се погодија алиштата, освен едно памучно фустанче на кое му се извиткаа рабовите, ама со од Зара детски алишта истото ми се случува, а цени тродупли така што може да кажам дека генерално сум задоволна. За мене еден џемпер само имам купено, за сега е добар, од неколку перења. За децава ќе продолжам да купувам. Колку што памтам, ме мрзи сега да проверувам, лани кога барав читнав дека е полски бренд направен со цел сите да може да си купат модерни парчиња по пристапни цени, некои им се и од рециклиран материјал. За мене искрено сум по-манџија, ама детски имаат некои ем убави, ем исплатливи.
Купив едни панталони и еве ги после 10 перења уште мирисаат на фабричка боја, по живци ми одат. Не дека не би купила пак од таму ама баш ќе внимавам што купувам.
Дуксер имам само и долна облека купено од тука. За тие пари океј се покажаа, задоволна сум. Вака секогаш кога ќе влезам тренерките највеќе ми се свиѓаат од се што имаат. Цените им се барем за сега пристапни.
Мене ми се свиѓа, не е некој огромен квалитет, ама цените, особено за попуст, се стварно океј. Ќебе плишано големо на попуст имам купено за 240 денари, патики за 200, маици по 100 денари. Па за тие пари и да не е многу квалитетно, не ми е криво.
Дуксери под 1000, маици по 200-300. Јас освен гаќи и чорапи, немам купено ништо досега од овде, не дека општо имам некое лошо мислење, туку не ми паднало нешто во очи. А за квалитет, генерално лотарија ми е со сите продавници. Во ниту една немам целосна доверба, за да правам споредба.