Цените се повеќе од пристапни, ама реално за таа цена се доста океј. Посебно детските работи за по дома да ги носат само, па пак се исплатува. На пазар робата што сонце ја пече, им стои со месеци па пак е поскапа. Инаку да ви кажам пред некој ден сосема случајно на поминување влегов во Синсеј во Штип, многу покултурно место, поубаво снабдено отколку во Скопје. Јас во Скопје се откажав од влегување затоа што пола од работите им се измешани и расфрлани, буквално копано по алиштата, по земјата фрлани и газени, веќе не влегувам. И тоа во делот за жени и деца. За никаде сме! Некни сосем случајно влегов во Штип и позитивно се изненадив, кога ќе видиш се така средено, некако многу поголем избор, пак би навратила. И многу повеќе ствари накупив, онака кога видам од врата хаос ми се темни и одма се враќам. Ајде облеката да речеме не е толку квалитетна, ама и украсите не им се скапи, керамички украси за дома и слични ствари многу поскапо плакам во продавници за вакви работи отколку тука. Штета што не ми е близу, почесто ќе поминувам. Летните плетени ташни се по 600 ден, за разлика од другите продавници каде се по 1300-1400ден, за ова искрено нема изговор дека се поквалитетни кога ваков тип на ташни сите се исти. Се наогаат доста работи, плус и често попусти имаат.
Здраво дали бебешката облека одговара на напишаните броеви или од око земате? Гледав 74ка (6 до 9 месеци) многу мал ми изгледаше моделот.
Детската облека, не само бебешката мислам дека секогаш треба 2 бројчиња да се зема поголемо. Барем јас така земам затоа што така му одговара на син ми. Плус и на перење ако се собере малку. Не ги земам за да ги износи него според величините за 2 год поголемо му одговара барем кај нас е така. А за бебешките јас би земала поголеми затоа што баш тие мислам дека се собираат, така се пожалија блиски мои. Ама сепак за цената супер задоволна. Од овде обично земам за по дома да ги носи ама кај нас ниту се стеснија ниту избледија. Исто и маж си зема за по дома, купачите ептен му се погодија, за тие пари супер. Последно кога бев пред 2,3 недели беше скоро празно, дали толку од летната гардероба? Сега есенско ќе донесуваат? Во мај баш убаво си напазарив кога само што беше летната изложена. Сега најверојатно се чека есенската или грешка сум
од вчера за минимум 2 парчиња - 20 % на веќе намалени цени , во Рамстор мол ова, претпоставувам во сите Синсеј продавници е.
Несмеат да соблечат од кукла оти може да се затрујат од сета прашина која е наталожена на облеката. Зимото изложен маслинест капут ,а врз него ти се чини три прсти прашина имаше
Kako ste zadovolni od bebeskite alista? Mi izgledat dosta evtini, no nemam citano sostav. Dali nekoj moze da spodeli iskustvo
Лош материјал, во составот има полиестер што е најлош на сечија кожа, посебно за бебиња. На твое место би избрала Силви стајл, тритекс, стружанка, па и Ваикики се наоѓа облека со добар состав.