Јас сум позитивно изненадена од нивниот вебсајт и од количината на работи што ги нудат. Пишете импресии вие што порачавте кога ќе ви стигнат. Јас омилени фолдерот го наполнив до 40 срценца.
Истово сакав да го кажам Многу сум изненадена како тоа се фино му е скоцкано по категории и навистина нудат премногу работи и сѐ е преслатко
Одлично им е изработена веб страната. Многу интуитивна и кориснички настроена. Е сега, истата им беше во Србија, па не дека за нас само ја правеле. А, има и неколку печатни грешки и нелогичности, и по некој баг. Како на пример, Долен веш кај мажи го пишува ГАЌИЧКИ. Инаку со зачленување во newsletter имате код со 10% попуст.
Дааа, work in progress e, сигурно ќе ја средат убаво. А инаку не знаев за Србија - али како и да е замислата е топ. Ептен fancy. Среќно шопингање!
Да, да, не може одма да биде се. А, и овака може да се насмееме на лош превод и граматички грешки. Јас како што сум мрза да одам во продавници, да се туркам во гужва и да пробувам, ова е одлично решение, посебно што може после да се врати нештото доколку бројчето не е добро директно во продавница. Пример Фешн Груп не може. П.с 20 дена за достава? Ако е ова вистина ќе цркнеме додека ја испорачаат.
Леле да доста назад сме со e-комерцот. Сеуште немаме некој соодветен систем да функционира ама гледам дека одиме натаму. 20 дена за да се прилагодат на промената, не знаат колку ќе им порачуваме.
Неможам да нарачаааам. Whyyyy? Ми прави проблем кога ќе се регистрирам со фејсбук и со гугл акаунтот. На некој друг му прави проблем? Лелееее, а баш се спремив да трошам пари. Функционира кај некој?
Како го промени делот начин на плаќање. Ми дава само плаќање по испорака и со тоа неможе да се направи нарачката
За 20 дена, 3 пати ќе отидам до продавница и ќе купам. Малку претерале со доставава. За други градови кај што нема продавница, и така и така, ефтини се, ќе ги чекаш. Ама за Скопје, смисла нема повеќе од 3-5 дена да се чека достава.
Баш. Нарачав и тука, ке видиме баш кога ке ја достават. Инаку има доста интересни работи кои се само онлине, така да вреди за тие да се чека 20 дена