Не верувам дека има таков, првиот ден коа ја пуштија онлајн продажбата нарачав и датум за испорака ми даде после 13ти ноември најрано, така да може од следната недела ќе имаме веќе искуства
Дали некој има нарачано постелнина од Sinsay и ги има ли по продавниците? Ми се допадна една па сакав да нарачам.
Јас имам чаршав и навлаки за перници. Не се лоши, ме нервира само што навлаките се со копчиња, поарно ништо да нема, само преклопени е доволно. Инаку може да се најдат во продавница, само во Ист Гејт на пример потешко, таму изгледа најбрзо се продава. Мислам дека најмногу може да се начека во Џевахир или Годи.
Jas ic ne sum zadovolna od jaknite od Sinsey. Posle perenje toa pamukot vnatre se sobira vo topki. Na racno perenje na 30 so najmalku vrtezi centrifuga dzabe. I detskite i vozrasnite.
Имаме две за син ми, перев на 30 степени, 400 вртежи, исти останаа среќа. Детска постелнина имам купено, ја начекав во см и ок е памукот.
Од ќерка ми е во ред. Неколку пати перена, минатата година ја носеше, ќе ја носи и оваа. Порачав сега и елек, па ќе видиме како ќе се покаже. Да стаса прво.
Ajde pa pisi. Vaka koga ja gleas ok, ama koga ja pruzev nadvor da se susi na svetlina jasno se gledaa topkite pamuk nasobrani
Дали може да се додаде некој производ во нарачка? Се изнервирав искрено. Дур ја спремат нарачката во меѓувреме 2 производи од нарачката се распродале и нема на залиха и сега ќе треба карго да плаќам. Па повеќе ми одговара друг производ да си одберам а не карго 350ден да плаќам. Треба да си воведат ваква опција со оглед на тоа што производите им се распродаваат со брзина на светлината.
Кога ја направив нарачката производите беа достапни, во меѓувреме додека ја спремаат мојата нарачка производите се распродале и немаат на залиха од нив, нема да ми ги испорачаат. Без тие два производа износот е помал од 900, сигурно ќе треба да платам достава. Повеќе ми одговара да изберам производ плус него достава да платам.
Лошо и несериозно. Ако имаат наведено некој контакт, јави се или пиши да видиш што ќе ти кажат. Не би требало да ти наплатат достава, во спротивно јас не би ја примила нарачката.
Лее баш една убава блуза, со убави бои имав купено. Пред недела дена првпат ја ставам да се пере. Се суши и-што да видам-ЦЕЛА упки. Ама це-ла! Никад више нема да ја облечам. Добро, по дома само. Катастрофа.
И со првата нарачка ми се деси истото само што тогаш не ми смени ништо што го немаше фустанот повеќе. Баш пишав мејл ќе видам што ќе ми кажат.
Убаво што пиша дека и ова се случува, да бидеме спремни Ако можеш кажи ни ако ти одговорат и дали ќе ти наплатат достава. Едит: сега ми текна дека ми се има случено нешто слично, ама не ми текнува која од спортскиве продавници беше, дали Спорт Вижн или Д Спорт, отпосле ми јавија дека немаат број од едни детски тренерки. Ме прашаа дали сакам нешто друго наместо тренерките или да пратат без нив. Не сакав друго, износот без тренерките беше помал од прагот за бесплатна достава, ама не ми наплатија за доставата секако.
Сега ми стигна email за 11% попуст на се а имам еден куп работи на вишлист ама кога ќе ми текне дека 20ина дена се чека за испорака башка другите проблеми од странава не ми се нарачува