Ова не треба да им биде правило според нивниот систем. Си има закони за тоа и рокови што како може да вратиш. Ако не, со пазарна инспекција нека си кажуваат за системот. Еве ги нивните правила за поврат, никаде нема услови напишано како треба да биде платаено за да може да направиш поврат (не ни смее според закон да има, ама ете и според нив нема) https://www.sinsay.com/mk/mk/how-to-return-products Инаку зара, онлајн нарачано, во дуќан од каса вадат пари и враќаат.
Секоја фирма има свои правила. Вработените работат како им е кажано. Ако си работела во продавници ќе знаеш дека секоја има различен систем и правила. Законите и роковите се припазуваат а интерните правила се во склад со законите. Зара односно ИТХР е една фирма, еден систем, едни правила. Синсеј односно ЛПП е друга фирма, друг систем, други правила и нема поента од нивно споредување.
Немам работено во продавници, ама законот за заштита на потрошувачи во мк вели дека можеш да вратиш производ во рок од 15 дена, така да не ме занимаат кои правила си ги има фирмата. А во овој случај и на фирмата правилата се дека можеш производ купен онлајн да го вратиш во физичка продавница Копирано од нивната страна: Како да направите враќање на производи? Нудиме 30-дневен период за поврат на online купувања (од датумот на прием). Повратот е бесплатен и се спроведува во нашите продавници. Вратените производи мора да бидат во нивната оригинална состојба, со сите оригинални етикети и без траги на користење. Ве молиме прикачете ја и фискалната сметка со вашиот поврат. Фискалната сметка ќе ја добиете заедно со пакетот. Вашите артикли можете да ги вратите следејќи ги инструкциите подолу: Поврат во локална продавница Земете ги производите со себе во локалната продавница, како и вашата фискалната сметка (можете да ја покажете на мобилен уред). Ако ја изберете оваа опција за поврат нема потреба од креирање на формулар за поврат.
Нека не те интересира, а ако пријавиш ништо нема да добиеш затоа што се е во склад со закон. Убаво е пишано на странава не знам што се буниш. Сама кажа не си работела, па незнаеш, можеш само вака да реагираш.
Како е во склад со закон ако имам 15 дена по закон за да вратам производ а не сакаат да ми го вратат туку само да го заменат?
Не сум во таа фирма за да ја знам и да можам да ти ја објаснам процедурата. Ама знам дека е по закон затоа што повеќе време сум во продажба, неколку фирми. И не се објаснува на потрошувачот ЗОШТО и КАКО. Процедурата е таа и таа. Кој сака да сфати ќе сфати.
Уживај дека нема да ми објасни зошто и како. Не може закон да вика едно, нивната страна за политика на враќање друго, а они трето да прават без притоа да ми објаснат зошто и како
Ти можеш да реагираш како сакаш ама реално ако збориме не треба да се објаснува интерни работи. Се објаснува процедурата. Толку.
Ми стигнаа денес две пратки. Супер запакувано, едната пратка беше поголема, работите беа во голема кутија, имав и свеќи нарачано, беа внатре во кутијата секоја во посебна мала кутија, кутијата ставена во хартиена ќеса. Задоволна
Ама мене интерни работи не ме интересираат, ме интересира процедурата да вратам производ кој што сум го порачала онлајн. Ако им пишува на страната како да постапам во таков случај и постапам така, а ми викаат во продавница еее не може не ви враќаме пари, значи има проблем. Кој треба да се реши по соодветен пат. Не ме интересира мене ништо друго освен ова, што како купувач се и должни да ми го објаснат и да го усогласат со правилата што им се на веб страната. Толку.
Ама како да ти вратат пари ако не може? Сигурно не мислиш дека тебе намерно не сакаат да ти ги вратат парите. Ете ти објасниле дека е можна замена и тоа е тоа.
Ги добив на телефон од центар за корисници.не биле уште спремни и информирани во продавниците, вработените и компјутерскиот систем. вака од денес: одиш во продавница, ти прават сторно на сметка и го враќаш производот. после тоа на својот профил влегуваш и вметнуваш сметка и во рок од 14 дена добиваш поврат на средства.
А со робата што ја враќаш? Во продавница ја оставаш или по карго па назад на таа адреса од каде што е испратено?
Ете можело Во ред е да не може ама нека напишат така, а не на страната пишува може а во продавница викаат не. @brm_brm Фала што сподели
Да, можело веројатно на сметка или кеш кога ќе се исполнат услови не знам како е, кажав не работам таму за да знам. И тоа го објаснувам цело време да не се рипа одма мои права како потрошувач туку директно да се праша каква е процедура.
Не се разбираме јас и ти, нема врска Па општо малку хаотично им е целово онлајн нарачување. Очекувано, ама мора да си ги решат овие недоразбирања. Во секој случај супер што имаат опција за враќање пари.