Мене за нарачка од 30.10 ми стигна порака во 02:49 минути порака дека денес во мојот град ке се врши достава од 12 до 14 часот. Мислам не било итно да пракаат порака во 3 по полнок, но како и да е денес никој не ме контактира
Дали имате искуства со палтиња и зимски јакни од Синсеј? Ми се допадна една кожна јакна со крзно па ме интересира каков квалитет да очекувам и дали да ја заобиколам затоа што цената е нешто повеќе од 2000 а сепак Синсеј не е позната по нивниот квалитет на артиклите????
И мене ми стигна денес преку мик мик пошта. Некој ако враќа во Струга нека сподели дали вработените се запознаени или не со рекламации.
Преку кое карго? И мене вчера ми се јавија ама им откажав денес да ми ја донесат. Денес ги нема да се јават. Стварно ми е преку глава да се јавуваат со муабетот - на адреса сме, излези! Ко ја да шетам со кеш у мене па имам у секое време. Не се научија унапред да се јавуваат да ги планираш.
Незнам кое карго. На апликација пишуба милшпед. И јас им откажав за денес и денес не ми се јавика . Баш така безобразно мислиш ние статични сме и ме мрдаме. Тој од екологистил што ми доставува реон центар на рабта топ. Ми се јавува прво сабајле дали сум таму за да имам времеда се организирам. Овие сега крајно безобразни.
Сите се исти, не само тие. Одма, ајде доаѓај, на адреса сум. За ЕДНА минута. И јас додека да се симнам, он уште три пати ќе ѕвони. Оти ние на улица спиеме, со купот пари во џеб и ги чекаме пратките.
Лани зедов крем палто, супер се покажа. А за годинава не ми оставија нешто впечаток во живо..некако како развлечени ми се видоа. Или дека не избрав асален Синсеј, па може така си затекнав.
Фирмиве дефинитивно треба да се позанимаваат со тоа кој им врши достава и каков впечаток остава. Јас разбирам дека имаат цел хаос за разнесување. Јас затоа обично и кај фирмите се жалам. И овој пат ако не ја донесе ќе срочам убаво писмо да си размислат со кого соработуваат. Не за друго и они се зијан од ова. Последно летото кога ми каснеа со пратка од фешнгруп од принцип не ја подигнав, не дека ми беше итно. Ама 3 недели каснење не е нормално.
Кај мене од 6. ноември стои дека чека да биде подигнато од курир. Пишува да ја очекувам од 13. до 20. ноември ама не верувам толку брзо да стигне. А дури не порачаш никаде не пишува дека ќе се чека подолго за испорака.
29 денари маица??? Памук органски вајда Сериозно за 29 денари маица имало? Иам мрчено на темава, никад око не ми фаќаат работиве. Продавниците крш им се, растурени, 5 минути не можам да издржам, одма излегувам. Као евтина кинеска продавници ми мириса. Можеби вака онлајн ќе се излажам некад да порачам. На слика ко боље да изгледат. А баш ок работи постираат у темана што купиле членкиве, интересни, се наоѓа по нешо. Ја коа и да идам, ништо не ми се свиѓа. Не знам што е проблемот.
Сериозно. Ја купив од Штип. Не ми се веруваше. Добро за син ми беше 29. За мене најефтино имам купено кошула темно сина 79ден
Мене у синсеј работите ми се секад 50/50. Има и добри ствари да се најдат, али има и ептен неквалитетни. Купив едни црни фармерки ги изнаносев. Не се сеќавам, но мислам не беа ни 500, смешна сум, али тип топ се. Една лила капа за сонце. Со некој и попуст на каса 79 денари беше. Маици две кроп, едната на прерамки беше другата не, ми беа 50/50. На почеток добри, после цело време ми се засукуваа, јас буквално се борев со маициви да не ми отидат до гради секој пат ко ќе ги облечев. Но не се љутам, и двете беа 100 и нешто. За чевли би напраила исклучок да не зиам, или па да зеам нешо ако стварно удобно. Јас се залетав по едни штиклички летоска, на изглед преубави а и на почеток ми се чинеа удобни со дебела штикла, али 10 минути одење... почнаа да жуљаат, среќа носев рамно тогаш и преслеков. Али кога дојов дома што да видам, на цели стапала плускавци. Реков ќе ги вратам следен ден, али не можев ни да се довлечкам до таму Ама нема везе, ги вратив по една недела и ме изненадија позитивно вработените на финоќа. Одма ми вратија пари. Е сеа минус им е тоа што е малку расфрлано. И не ми се свиѓа тоа што соблекувалниве се и за мужи и за жени заедно, барем у овој кај што заоѓам. Би ишла па у синсеј, за тие цени и поише е од добро. Бар моја перспектива. Ама се распишав јас вака вечерно
Дали има некој направено нарачка на 01.11 или после тоа а да му стигнала нарачката? Oд 6ти ноември ми стои дека е испратено ама ништо
Првите две нарачки стигнаа во ист ден, од различен доставувач Мораше, ама мораше да има разочарување. Нарачав комплет со Снупи, добив само блуза Спојлер Нарачав полица, од едната страна штрафчињата се ок, од другата страна дупката поширока од штрафчето, не држи од таа страна, расштрафена е Спојлер И така.
Јас нарачав на 2, ништо нема, се' уште стои дека е спремно за испорака. @Anika55 жал ми е. Што може да направиш во таков случај? Јас не ни имам Синсеј во мојот град, нема ни каде да одам ако не стигне се'
Не мора да значи дека вакво нешто ќе се повтори. Друго се што нарачав си беше ок, а чекам и уште една нарачка. За комплетот стварно не знам како можам да докажам дека не ми стигнал еден дел. А и не ми се исплати специјално за тоа да одам. Го тргнав на страна, ако одам во скоро време, ќе видиме што ќе кажат. А полицата веројатно можам да ја вратам, ама решив да ја задржам. Ќе ја прицврстам некако со лепак. Во Синсеј може да се најдат супер работи по добри цени, ама на лице место. Вака онлајн е лотарија