Ми стигна нарачката, сакав едни фармерки да вратам, огромни се. Во East gate не ми ги вратија, не им поминувале фискалните. Ме изнервираа, звонев оо телефони, па остана да пробам во друга продавница. Сте вратиле досега онлајн купено?
Враќање на производот и сторно на сметката во овие продавници. а повратот на пари на трансакциска сметка. Успеа некој? да не одам за џабе.
Мене кодов не ми го прифаќа. Ми вика не е валиден, а пишува до 22.11 дека е активен.. Имате некоја искуство?
кога ќе влезеш на профилот има таб за постави прашање. Таму пишуваш па ти враќаат на мајл. Одам по трет пат во синсеј....ми вика ок ќе направиме сторно, од понеделник ќе имаш пари на сметка. Ама му викам на профилот не ми дава опција да вметнам сметка. Епа тогаш вика ај уште еднаш контактирај со контакт центарот да не иЗлезе дека си вратила производ а немаш сметка? Абе катастрофа.
Вчера бев во живо да пробам сако, планирав да направам нарачка со некои други работи што ги нема тука, и сакото беше поевтино во продавницата Го купив за 799, а онлајн е 1199. Сако Боја шарено - SINSAY - 949AW-MLC
Ми стаса сабајле нарачка чиј краен рок беше 19.11. Задоволна сум, ствари за дома нарачав, новогодишни, се е како на сликата. Имаше кршливи лампиони добро беа спакувани. Килимчиња за бања исто нарачав и можам да кажам екстра се за тие пари. Единствено на декоративните перниците имам замерка што може да се пополни пошо 400ден за перничка не сметам дека се малце и прекривките за спална се доста тенки, повеќе се декоративни отколку функционални.
Некој што порачал 30.10 а уште да не му е стигната пратката? Порачав од Синсеј, Reserved и Мохито, ништо не ми е стигнато..
Мене, но ме исконтатираа од каргото. Ќе ја добијам следната недела тогаш ќе доаѓаат во тој дел на мк кај што живеам. Човекот од каргото баш рече дека имаат премногу пратки од синсеј. Заради тоа може и да ги каснат.
И кај мене така пишува и не се стигнати. Испратено е на 14-ти ноември. Кога беше испратено твоето? Некако неспремни испаднаа Синсеј. Страницата непара им функционира, за пратките се чека долго. Како да не очекувала толкава заинтересираност!?
Направив нарачка на 1ви ноември, испратена на 6ти и сега отварам гледам кај статус на нарачка пишува 'пропуштено'. Никој не ме контактирал, проверив во информации точен број сум оставила. Не знам што да правам. Му се случило на некој истово?