Лани купив фармерки црни за 120ден што реално е смешна цена, се убив носејќи ги и после толку перење ниту се избелија ниту се раширија, имам земено и дуксери и маици, океј ми се погодија, исто така и за деца некои стварчиња земав и топ се, сега за сега задоволна сум
Од новиве продавници ми е омилена и за облека и за цени, ама имаат многу мали големини. Ако во други продавници носам 36/38, во Синсеј ми се има случено и најголемиот број 44ка да не ми е точен
Јас имам јакна и џемпер од пред неколку години и уште си ги носам. Според мене лично, за парите се супер алиштата.
за разлика од Ваикики на пример каде квалитетот е низок а цените каде каде повисоки, во Сиснеј е премија . Имам купено фармерки и ранче и ептен сум задоволна за тие пари. Сешто можеш да си најдеш посебно и ако има попуст.
Добив ташничка мала на подарок, многу изгледа убаво. Си ја носев неколку пати месецов, делува квалитетно
Па не се многу како во Ваикики и Зара. На пр.,можеш да најдеш тренерки за 250-300 ден.,маици за 100-200.,патики има до 1000. Јас за се што сум купила од тука ми е квалитетно.
Почнав за бебе да купувам од таму и алиштата се собираат, помали се од реалната бројка, апликации на две дуксерчиња ми се уништија на прво перење. После тоа сум скептик и не земам алишта од таму. Додека пак од делот за дома, имаат интересни работи, земав декоративни перничиња за детска соба и се премеки. Кутии за играчки и валкана облека, декорации за детски соби ок се.. ништо многу квалитетно, поминува за цената. Е чашите за кафе што ги земав се супер.
Јас сум задоволна. Син ми има блузи купени пред 3 години од Србија за некои 120 денари уште се супер. Исто и од кај нас му изназимав блузи, маици ниту една не ми избледе, ниту истегна, една дури на вриење по грешка ја имав ставено, за чудо не се собра, а бојата минимално избледе, неприметливо скоро, а цените џабе, по 60,70 ден беа летово маичките.
Јас летоска начекав фармерки за 400 и нешто денари Широки, со висок стук. Пери, носи, супер се Имам купено и дуксер на маж ми, некои парчиња облека за децава, за цената си се супер
Добив на подарок за бебе некое парче облека. Ги надрасна, а не се уништи материјалот. Добар квалитет за евтина цена.
Се' имам купено освен обувки и ташни. И од детскиот дел имам купено за себе. Задоволна сум најмногу од спортските работи и фармерките. Посебно за цената. Најгорда сум шо ископав тексас јакна за 300 денари. Единствено од долната облека не сум задоволна, а баш таа не беше многу евтина. За мажи се наоѓа многу, за татко ми и дм имам купено палта дебели по 700 денари, а не се воопшто лоши на изглед и квалитет. Од петторката мислам дека другите четири продавници ми се поубави, но и поскапи.
Јас пак баш сум задоволна од долната облека. Евтино начекав летото на попуст и баш ми се погодија. Тексас шорцеви летото земав на 300 денари, маици по 120, за бебе купувам често од таму. Бројчињата бебешки се за едно помало, па поголеми купувам. Јас сум генерално задоволна