Од 30.10 денес ја добив, исто ми пишуваше дека ќе се одложи +2-3 дена, ама кај мене беше згрешено местото на достава во друг град ја беа пратиле. Да не ја згрешиле ќе ја добиев во деновите за достава што ги пишуваше.
Не знам, прочитај што им пишува на страната најдоле, каде што пишува за начин н достава, нарачки и Сл. ако не пишува ништо за откажување на нарачката или доколку не плаќаш ништо во случај да не ја подигнеш, немора да ја подигнеш пратката.
Треба да не ја земам од курирот. така ми е глупо. Три блузи на малата ќе треба да враќам прееска ги видов во продавница и големи ќе се Ај да ве исчитам како оди враќањето А производите преку курир се враќаат ?
За до година нема да може да ги носи? Или доколку имаш роденден кај девојче на таа возраст за подарок? Ако треба да се враќа, а како што читам има зафрканции, нервозите не се исплаќаат
Те разбирам зашто ти е глупо. Ама во случајов мислам дека е сосема ок да си кажеш дека поради доцнење не ја примаш пратката. На курирот верувај само ќе му ја олесниш работата
Многу несериозно почнаа, јас би ти препорачала да им се јавиш на customer support, баш беа фини, се надевам ќе ти го решат проблемот. Јас ги вратив во продавница, преку курир не знам како оди. Инаку и јас планирам да не ја подигнам следната нарачка, имав палто нарачано, го видов и пробав во продавница и не ми се допадна како ми стои. Не би се малтретирала да го враќам.
Во која ги врати? Мене ми направија сторно и сега на профил не ми го дава производот што го вратив, како можнст да го селектирам за поврат и автоматски немам опција да напишам трансакциска
Заборавив што имам нарачано, жими се. Па од Кина побрзо доаѓаат пратките. Не знам ни јас дали би се нафатила пак да нарачам нешто онлајн, ми се одмили.
Не верувам дека е до тоа. Зара од Полска праќаат, па пратките стигаат и пред време. Мислам дека не се спремни, избрзаа да почнат изгледа да фатат предновогодишна еуфорија. Има позитивна страна и тоа. Ќе си добиеш изненадување по пошта од самата себе
Имале проблем со трансакциските, кај нив на страна биле со помалку бројки од банка, па чекале да се среди проблемот. Ми рекоа да се јавам во петок.
Рокот на достава беше од 13 до 20 ноември т.е. до вчера. Отварам сега мејлот шо ми го пратија за потврда и следење на пратката и пишува пропуштено. Што да правам?
Исто и кај мене тој беше рокот и денес ми се јавија од каргото така да почекај до утре или најди број од каргото преку кое ќе ти стигне и јави се прашај. Мене на нарачката ми пишува од кое карго.