Дали некоја скоро направила нарачка на синсеј? Ме интересира дали сега може нарачка над 2500-3000ден или уште не дава поголема сума? Сакам да нарачам пак ама само ако може поголема сума, се нервирам вака 4 нарачки ми стасуваа во интервал од 2 недели една по една
Нарачав на 11.11, пишува испратено на 15.11, но не можам да следам ни до каде е пратката, ни по кое карго е испратена, ништо не функционира. Не знам дали ќе нарачам пак, ептен се бавни, ама па од друга страна не ми се иде ич по продавнициве , се расфрлано, гужви
Следи во кои дати ти е предвидена доставата. Колку што можев да разберам преку мик мик карго доставуваат кај нас. Има на фб број во централа што им е да се јавиш да прашаш дали е стигната кај нив. Јас така проверив.
Воа ке испадне еднаш и више никад Ама ај секогаш е бум на почеток После од 10 души еден ако нарача Ја шо ги порачав пижамите ок на изглед а матерјалот жалосен
Дали некој знае преку кое карго ги праќаат нарачките ? Тоа што стои на страна Милшпед курир го барав на интернет излегува дека е во Србија ... На статус на нарачката која требаше да биде веќе испорачана, стои пропуштена нарачка, а да сега ни курир, ни никој не ме контактирал за прием на пратката.Ги проверив податоците за испорака нема грешка точни се.
кои ги зема Алиске, да не се црвените со елката? во принцип жалосни се мареријалите ама се наоѓа по нешто
Милшпед е преку Србија и во мк имаат шпедиција колку што можев да најдам информации на интернет. Но каргото што доставува е од мик мик. Можеш да најдеш број на фб ги има и да провериш дали е кај нив пратката и кога ќе ти ја достават.
Ти благодарам, во меѓу време дознав дека мик мик пошта ги носат нарачките пробав да ги контактирам, но никој не се јавува, мејлот не им е функционален и многу лоши рецензии имаат на гугл... Некако по се што читам многу неорганизирана е целава работа, не се ни надевам дека ќе пристигне нарачката...
Со чекањево и враќањево да му се одмили на човек. Хаос Броевите со димензиите појма немаат едни со други. Материјалите мизерни. Се залетавме за џабе. Ај молим те пиши кога ќе ги вратат парите. Денес враќав и еве кога ќе се најавам исто како кај тебе не ми дава да внесам сметка. Утре ќе ги барам на телефон...